Да се укине додадената моќ на потрошената електрична енергија

  • Креатор на темата Креатор на темата LetMeSea
  • Време на започнување Време на започнување
Во саботите нема да се плаќа струја, бесплатна ќе е – ама во Британија

Пример како се зголемува профитот, а на потрошувачите им покажуваш колку наводно се грижиш за нив – британска компанија која дистрибуира електрична енергија ќе воведе генијална идеја како да си го распореди трошењето на струја, така да си добие повеќе пари и потрошена енергија а сепак да биде и општествено одговорна.
Имено „Бритиш гас“, од 2014 ќе понуди потполно бесплатно користење на струја за потрошувачите кои ќе го концентрираат трошењето на електрична енергија за време на викендот, односно во саботите. Според нивните досегашни анализи насекаде во светот потрошувачката е помала отколку во работните денови, и за да ја насочат потршувачката да биде поголема за време на викендите тие ќе понудат бесплатна струја во саботите.
Вакви слични акции веќе има со Америка и тоа од сестринската енергетска компанија од САД- „Директ енерџи“. Зад двете компании стои дистрибутерот „Центрица“. Во Пенсилванија потрошувачите дури можат и да избираат – дали сакаат бесплатно да користат струја во сабота или недела.
 
Да се надоврзам на темава бидејќи е на иста тематика = грабеж на народот, ме изритира една лоша вест за данок за имот кој ќе не дере годиниве кои идат. Денеска видов и се уверив дека новите даноци за имот се поскапени за 1000%, па така да ако си плаќал со години околу 300-350ден, сега по ново за 2013 ти опнуваат 3000-3500ден, тоа е она што го мереа пред некоја година, те каква куќа имаш, каков под, колку квадрати ова она. Со тоа правеле некои си проценки на неаграрно земјиште и дом во кој живееш. На чичко ми за обичен плац од 500м2 му опнале проценка вредност од 2,5милиони денари(тоа ќе му дојде 5000ден по м2:tapp: ) или како данок да плати околу 2500ден, доколку за куќа од 80м2 околу 1,4милиони денари или како данок да плати 700-тини ден се вкупно 3200ден, а плаќал порано едвај 350ден. Снемаа пари, сега и данокот го покачија, крвта ни ја испија, ем што немам, невработени 3-4 од семејство, се задолжувам секој месец за храна, сметки, па и покачување на даноци, не ми се живее веќе овде, до каде вака не знам само:place:
 
До (не)уставниот суд поднесов иницијатива да се укинат овие 33% кои ги плаќаме. Иницијативата е основана ама Судот одамна не е тоа што беше.
Еве што се вели во иницијативата:
.......
иницијативата има 8 страни и за да не ве гњавам вака почнува:
..................................
Оваа иницијатива се однесува на одредбата од член 11 став 1 алинеа 1) ( пресметковни елементи... ) активна моќност.
Со оваа одредба е предвидено да се плаќа за таканаречената „ активна моќност “. Ќе покажеме дека, како што е прикажано во овој Тарифен систем, активната моќност не може да претставува предмет на облигационен однос и дека се појавуваат различни плаќања за еднакви давања.

Затоа барам оваа одредба да се оцени во однос на одредбите на членовите член 8 став 1 и членовите 38 и 39 сите од Законот за облигациони односи ( Службен весник на Република Македонија број 18/01 )
..........
а вака завршува:
...............
На секаде во Светот врвната моќност се мери и се следи, но Поднесителот во ниедна друга земја не најде пример дека врз неа се врши наплата, бидејќи таа не е и неможе да биде предмет на облигационен однос, ниту е показател на било што битно за облигациониот однос. Единствено во Република Македонија и покрај очигледно негативните резултати, многубројните укажувања, дури и јавните протести, се уште се наплатува за врвна моќност. Никаде, во други земји, не се наплатува за „ врвна моќност “, како што со овој Тарифен систем се прави, бидејќи тоа е бесмислено – веќе покажавме дека врвната моќност не е показател кој покажува било што за взаемните давања и за облигациониот однос. Според мислењето на Подносителот, единствена причина, зошто во Република Македонија се уште предвидува да се наплатува за „ врвна моќност “ е што Регулаторната комисија за енергетика не сака или подоброно кажано „ ја мрзи “ да го модернизира тарифниот систем и да го направи таков каков што е во сите други земји.
 
Ова веќе е позната тактика на лоповите. Од јануар наваму стигаат сметки од 2500-2600ден максимум. 2 сметки што пуштија пред поефтинувањето им набиле киловати и ги опнаа по 3100 и 3400ден, за да новава сметка сега за јули биде пак 2500ден и верувам дека така и ќе продолжи. Така и беше кога од старите плави сметки прејдовме на бели сметки или кога мењаа саати, пуштаа ефтини ефтини сметки па опнаа од еднаш преку 3-4000 и ти вика тоа ти е, плати си, си потрошил. Што можат максимум да исцедат ќе исцедат:(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom