Да се изневери или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Да изневериш ти арно е, еднаш се живее, ама да те изневерат е тогаш боли...

Тогаш многу боли, ама нели првата благородна вистина во будизмот е СЕ Е СТРАДАЊЕ :), потоа следува втората - причина за страдањето е ЖЕЛБАТА, потоа третата - страдањето завршува кога ќе исчезне желбата...а како ќе исчезне желбата? :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Ако ме изневерат,ондак ќе се понашам ден-два ко нишо да не билоа а третиот ден ќе ме начека со некоја курветина.
 
Тогаш многу боли, ама нели првата благородна вистина во будизмот е СЕ Е СТРАДАЊЕ :), потоа следува втората - причина за страдањето е ЖЕЛБАТА, потоа третата - страдањето завршува кога ќе исчезне желбата...а како ќе исчезне желбата? :)


Имајќи предвид дека будизмот или неговите учење може само маж да се оддели од материјалното за да го дофати духовното, затоа што ние жените сме биле премногу врзани за материјалното затоа никад нема да сме го достигнеле духовното односно духот да се оддели од телото и да се соедини со целата природа, така мислам беше ако не сум заборавила, тогаш будизмот е топ за вас мажите така и со изневерувањето си наоѓате екскјуз :)
 
Тогаш многу боли, ама нели првата благородна вистина во будизмот е СЕ Е СТРАДАЊЕ :), потоа следува втората - причина за страдањето е ЖЕЛБАТА, потоа третата - страдањето завршува кога ќе исчезне желбата...а како ќе исчезне желбата? :)

Со доведување на состојба на ум каде што се гаснат сите копнежи и желби таканаречена Нирвана. Затоа посветените будисти живеат во најскромни услови и отклонувања од задоволства, со константна медитација насочена кон нирвана а не гасат желби со масовни оргии, затоа што човекот никогаш нема да ги задоволи сопствените желби и копнежи и вечно ќе страда. Сепак убав обид да се лупне глупост и Будизмот да се земе во корист на сопствен аргумент.
 
Зошто да се потисне желбата за секс за да не се изневери? Па партнерот за што служи?

И ако некој не може со еден/една, тогаш барем нека биде искрен и нека го каже тоа на другиот, а не да глуми љубов, а од др страна да изневерува.

Искреноста пред се’, првин пред себе, потоа и пред другите.
 
Со доведување на состојба на ум каде што се гаснат сите копнежи и желби таканаречена Нирвана. Затоа посветените будисти живеат во најскромни услови и отклонувања од задоволства, со константна медитација насочена кон нирвана а не гасат желби со масовни оргии, затоа што човекот никогаш нема да ги задоволи сопствените желби и копнежи и вечно ќе страда. Сепак убав обид да се лупне глупост и Будизмот да се земе во корист на сопствен аргумент.

Познат ми е и четвртата благородна состојба, не треба објаснување...не ја споменав оти не ми одеше во прилог...ми ја уништи благосостојбата која ја имав убедувајќи ја Неличка срам да ти е :)
 
Ако искушенијата се појаки од совеста, слободно предавајте се на моментални задоволства.

А ако подолго време си затрескан во друг/а, прво раскини па прај шо ќе праиш. На две столици не се седи, така јас гледам на тоа.
 
Ако сум со некој што премногу го сакам, никогаш не би го изневерила. Нема потреба за некое си краткотрајно искушение да го изгубам она што сум го стекнала и имам со таа личност. Се разбира можеш да гледаш и да си посакуваш други во својот ум (оваа реално им се случува на сите ) :D но се останува само на тоа, бидејќи љубовта и чувствата се насочени кон друг а ова остало е се пропратна работа :)
 
Има една поучна емисија се вика Прељубници се емитува на канал 5 .
Сакам да кажам едно е желбата друго е разумот ако не го контролираме ке влеземе во тунел без светол крај .
 
Има една поучна емисија се вика Прељубници се емитува на канал 5 .

Таа „поучна“ емисија е тотален фејк, одглумена и тоа лошо. Толку не приметувате дека „скриената“ камера е телевизиска камера која снима во висока резолуција? Толку не приметувате дека на фејк „инфраред“ снимките уствари има светло и сенки и зелената е додадена во постпродукција (што се приметува кога само ќе се смени во колор)? Толку не приметувате дека луѓето се смеат на крај кога глумат дека се тепаат? Толку не ги приметувате идиотските наместени ситуации? Оригиналните "Cheaters" се веќе друга приказна (иако и тие се според сценарио).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom