Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
И после зошто државата не ни одела напред... Патриотизмот одамна умрел.Јас немам земја за која би се борел. Мојата земја е целата планета, јас сум граѓанин на светот, сите луѓе се мои браќа.
И после зошто државата не ни одела напред... Патриотизмот одамна умрел.
Државата не оди напред затоа што е до гуша во гомната на “патриотите“.
Јас немам земја за која би се борел. Мојата земја е целата планета, јас сум граѓанин на светот, сите луѓе се мои браќа.
Така е брате !Би го убил.
Тоа што ми го спасил животот е негова должност за која зема плата и ако не бил тој ќе ме оперирал друг.
Епа ако си ми брат дај 1000 денари треба да ставам кредит за мобилниот.
Болдираното ти е особено точно.Ако сакаш на братот свој да му сториш зло, позајми му пари.
Ако сакаш добрина, помогни му да си најде работа.
Убивањето човек, заради различна етничка или верска припадност, е најстрашната психичка болест од која болува повеќе од половината од светската популација. Тоа е умешна манипулација на владејачките елити, кои луѓето, нивните животи и судбини ги искористуваат како обични алатки за стекнување слава, моќ, влијание, профит.
Освестете се! Нацијата и религијата се измислица со која ве држат во ментално ропство и манипулираат со вас. Не ли гледате што се случува со патриотите кои ја бранеа државата во 2001? Да се бориш за некој да добие пензија затоа што бил терорист? За да му бидат опростени злоделата врз човештвото затоа што припаѓал на некоја си таму измислена нација?
Јас никој не мразам по дифолт. Ако за политичките елити војната е продолжување на нивните посрани политики, ама со други средства (читај “со уништување на невини човечки животи“), тогаш тие, политичарите, нека земат оружје во рака и сами меѓу себе нека се решат.
Човечкиот живот е еден и единствен, и е ептен краток. Врвно злодело врз себе си е да упропастиш и еден час од својот живот, водејќи се и слушајќи наредби од луѓе кои те третираат како стока должна да умре за нивните смрдливи идеали.