Да му помогнеме на нашиот форумџија Димитар (Хуманитарна забава, 10.06.2012, Temple caffe)

  • Креатор на темата Креатор на темата RocknRolaa
  • Време на започнување Време на започнување

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Да му помогнеме на нашиот форумџија Димитар Димоски!

Димитар Димоски има 20 години и од 2005 година боледува од Кронова болест со фистулозни форми заради што повеќе пати е хируршки третиран. Досега е лекуван со 5-ACA препарати, кортикостероиди, а од 2010 година е на континуирана имуносупресивна терапија со азатиоприн(имуран), но без соодветен одговор.
Согласно светските искуства и протоколи за третман на оваа тешка болест и нејзините компликации, неопходно е започнување со терапија со Infliximab (Remicade) која чини околу еден милион денари.

Покажете ја вашата хуманост и завртете на следните броеви:
-
070 143 115​
(За корисниците на Т Мобиле)
-
077 143 705​
(За корисниците на VIP)

Жиро сметка:
530 5000 151 92 970 - Охридска банка

Дечки јас мислам дека сите можеме да одврзиме новчаниците, кој колку може. Знам дека хуманоста не треба да познава селективност, но истовремено земете предвид дека се работи за човек кој е постојано присутен овде на форумов, а со тоа на некој начин е поврзан со сите нас. Затоа, ве замолувам уште еднаш да се обединиме како форумџии и да му помогнеме на Димитар.
 
Донирано!
Уште некако да се рашири ова, да се собере од што е можно повеќе места!
 
Малце он-топик, зошто нема број од ОНЕ?
 
Малце он-топик, зошто нема број од ОНЕ?

Сега дознав дека ОНЕ отворале броеви за донација само ако лекувањето се изведува во странство, а овој третман Димитар го прима во нашата државна болница, така да во случајов број од ОНЕ нема да има.
 
Донирано, Димитар од се срце ти посакувам да оздравееш па да се натегаме до 100 и назад на форумов!
 
иииииииииииииииииииииииииииииииииииииииии :(

мора да зеам нов број и да донирам дома сме само на One :/

Мораме да го рашириме ова, постирајте сите на ФБ
 
Незнам за кој член се работи сепак не е битно тоа, утре ќе донирам преку банка ..
ПС. Дај отворете група на фб да се рашири ова побрзо ..
 
Донирано од мене и сите виповци околу мене.
Да си жив и здрав Димитар па да се оди на Сан Сиро да навиваме на некое дерби ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom