Д`ткање, тревливење, потфаќање ( р, л, ш, ... )

Немам проблеми со д'ткање и потфаќање, ниту ми пречат луѓето кои имаат проблем со тоа, бидејќи имам другари кои имаат "француско р" и другари кои помалку запираат.
 
Малку ја потфаќам буквата л најчесто кога се наоѓа на почеток на зборот (прва буква) се слуша нешто како демек w ама скоро и да не се приметува.
 
Не е за смеење,но кога е ептен некоја напната ситуација каде не смееш ни да проговориш ни да се насмееш и мора да бидеш озбилен,ако се избаци некој со говорна маана ми доаѓа да рипнам од прозор или да пукнам во себе.Само во такви моменти ми доаѓа да прснам од смеа.
Најинтересни ми се оние што шушкаат,некоја говорна мана на ш:smir:
 
ах.. Јас и моето меко Л ( а.к.а W).. Штознам.. Ако изговарам само буква Л убаво го изговарам.. Во збор не.. Малце е зезнато кога треба да си го кажам името.. т.е Влатко.. ама ајде :)

И да.. Од секогаш сум имал другарки кои го обожавале тоа W кај мене.. Им звучело слатко :smir:
 
Немам таква мана,а и не ми ни сметаат луѓето што ја имаат.
 
Бидејќи ја дефинираат како говорна мана тогаш тие што имаат таков проблем треба да си превземат сооветни мерки (дефектолог). Мене лично ми смета кога на ТВ слушам презентери со говорна маана. Иначе во принцип не се смеам на човечки маани но признајте некогаш има стварно смешни ситуации. Обично кога некој дтка и кога ептен ке зашлајфува, секогаш останувам без воздух и му ги туркам зборовите во уста за да му помогнам. Признавам сигурно не им е лесно...
 
Не ми смета воопшто(освен ТВ презентери),многу е секси....
 
И јас имам и тоа можеби поизразено, не само една буква. Е сега, сум бил и кај логопед и ми рече незнам зошто така и така натаму и така наваму, па протези па незнам што уште кинеска медицина да ми препишаа. Се гадам од протези и сл. работи во уста па баталив, којзнае, можеби ќе помогнеше. Не е дека се мразам себеси поради тоа но комбинирано со фактот што сум срамежлив создаде премногу тивка и повлечена личност од мене. Мразам запознавање нови личности баш поради тоа, мразам да комуницирам и во тие моменти имам и трема. Единствено опуштен сум со оние коишто ме познаваат. Но сепак, како што реков, и срамежливоста влијае многу. Не се тешам дека е секси или слично, искрено би сакал да ја немам таа говорна маана. Иако поради неа мислам дека сум подобра личност. Никогаш не сум навредил никого во животот баш поради тоа што знам дека не сме совршени, посебно јас. Тоа би било премногу лицемерно.
 
Ма и р и в, ништо не смета. Смета ако не си човек, т.е. ако си гомно од човек, ако тато и мама џабе се мачеле, ако му идеш контра на Господ кој те направил човек од кал, а ти упорно се враќаш назад.
Се друго е безначајно према тоа.
 
Јас како мал неможев да кажувам Р..... и едно два три дена запнав само Р да си говорам и се научив..... Кога се сака се се може.......
 
Не е убаво кога се измејува некој кој што има говорни мани...ставете се на нивно место па запрашајте се како му е на нив... :toe:
 
немам вакви мани ниту пак ми сметаат кај други луге, а најмалку се за смеење - глупо е.
 
Не се смеам, затоа што знам како е. До пред 7-8 години неможев да кажам Р а и сега ми имаат кажано дека понекогаш и со Л имам проблеми. Сестра ми пак, како помала, неможеше да каже А.

Научив да ја кажав Р кога ме пратија на логопед. Морав да научам! Жената, имаше долги љиљаково фарбани нокти кои и смрдеа на штала и ми ги ставаше во уста, под јазикот. Откако по 3 часа со неа научив да ја кажувам убаво Р, ми рече дека сум научила во рекордно време, иако и другите не заостануваат со над 10 часа да не научат (сфаќам зошто)...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom