И јас имам и тоа можеби поизразено, не само една буква. Е сега, сум бил и кај логопед и ми рече незнам зошто така и така натаму и така наваму, па протези па незнам што уште кинеска медицина да ми препишаа. Се гадам од протези и сл. работи во уста па баталив, којзнае, можеби ќе помогнеше. Не е дека се мразам себеси поради тоа но комбинирано со фактот што сум срамежлив создаде премногу тивка и повлечена личност од мене. Мразам запознавање нови личности баш поради тоа, мразам да комуницирам и во тие моменти имам и трема. Единствено опуштен сум со оние коишто ме познаваат. Но сепак, како што реков, и срамежливоста влијае многу. Не се тешам дека е секси или слично, искрено би сакал да ја немам таа говорна маана. Иако поради неа мислам дека сум подобра личност. Никогаш не сум навредил никого во животот баш поради тоа што знам дека не сме совршени, посебно јас. Тоа би било премногу лицемерно.