Д ФЕСТИВАЛ 2018

  • Креатор на темата Креатор на темата Лорд Зуко
  • Време на започнување Време на започнување
Не беше лошо лани на Д Фестивал во Штип. Ќе отидев и оваа година ама музичката програма им е прилично лоша. Добро сеа и ја сум многу пребирлив, факт. Ваљда и толку им е буџетот јбг. Ама на пример воопшто не ми е проблем да дадам 50 евра или повеќе за карта и да букирам сместување, само да ми донесат некој од омилените бендови.
 
Некој беше ли на Boris Brejcha да сподели?
 
Не им била лоша програмата на меин стејџот вчера...!
Штета касно видов (а и не ни пратев оти ги отпишав)!
Ама Миле Кекин (Хладно Пиво), па Јура Стублич (Филм), и Бајага за крај е топ за наши услови!

Дојранскиот е жива превара у споредба!
Е сега, пред 10-15год друго беше...
Прејако беше пред 10+ години ..
Џајкоски,Ману Чао,Вилкинсон и итн..
Па кампови ,шатори,чуда.. Убаво време нек си јебе мајката...
 
Јас сакав у поетокот да идам на Хајка. Некој да сподели за нив каков им беше настапот затоа што дечките апла ретко имаат свирки и концерти.
 
Отидов во саботата за Destruction највеќе, Миле Кекин беше исто и Бајага на главен стејџ, после на електро стејџ отидов малце. Недела вечер си отидовме, фативме уште неколку бенда. Destruction дробење беше. Подобро беше организиран фестов него што очекував, што поради локацијата, што поради луѓе лани што беа, мислев шит ќе биде. Добро беше, другар од Штип ми потврди дека било многу подобро од лани каде имало само главен стејџ, сега имаше неколку на добра позиција. Не може да биде добро како во Дојран секако, али охрабрувам да продолжат да го подобруваат и да не згасне скроз. Добар потег што го дадоа бесплатен влезот, веројатно и имале математика дека ќе се заебат со цените, наредна година нека стаат прво симболична цена од 500че како што беше своевремено, па ако почнат повеќе јаки имиња да викаат ќе има простор да идат нагоре, првичниве цени беа претерани и мислам спасија гз што го ставија без пари.
 
Back
На врв Bottom