Отидов во саботата за Destruction највеќе, Миле Кекин беше исто и Бајага на главен стејџ, после на електро стејџ отидов малце. Недела вечер си отидовме, фативме уште неколку бенда. Destruction дробење беше. Подобро беше организиран фестов него што очекував, што поради локацијата, што поради луѓе лани што беа, мислев шит ќе биде. Добро беше, другар од Штип ми потврди дека било многу подобро од лани каде имало само главен стејџ, сега имаше неколку на добра позиција. Не може да биде добро како во Дојран секако, али охрабрувам да продолжат да го подобруваат и да не згасне скроз. Добар потег што го дадоа бесплатен влезот, веројатно и имале математика дека ќе се заебат со цените, наредна година нека стаат прво симболична цена од 500че како што беше своевремено, па ако почнат повеќе јаки имиња да викаат ќе има простор да идат нагоре, првичниве цени беа претерани и мислам спасија гз што го ставија без пари.