Знам дека од секогаш била една од поценетите серии на форумов, ама сто и кусур епизоди ме одвраќаа. Ама годинава решив да направам еден маратон со серии и да изгледам се што беше номинирано за ЕМИ, па ми останаа Mr. And Mrs. Smith, уште 2 сезони од What We Do in The Shadows... и оваа! И реков: што ги ебам, ќе ги сечам... И и седнав. Уште е рано за оценка, само прва сезона ја изгледав, ама морав да пишам дека Лери во некои ситуации ме прави да се чувствувам сосема непријатно. Јас во такви ситуации сосема спротивно би реагирал. А на други моменти, пак, многу ме потсеќа на мене зашто избувнува за тотално небитни ствари. Ај, се читаме покасно!