G
grande-juve
Гостин
Намали_Ги_Очекувањата, златен глобус за најдобра комедија, преку 30 еми номинации, премалку. Убедливо најсмешна серија што сум ја гледал. Знам дека секоја серија е приказна за себе, ама ни една не може да се спореди со оваа, барем според мене, затоа што покрај (нај)интелегентниот хумор, тука се наоѓа и генијалецот Лери Дејвид (креатор и сценарист на Seinfeld, заедно со Џери Сајнфелд). Серијава е смешна и затоа што актерите не одат по сценарио, за секоја епизода Лери Дејвид пишува 6-7 страни како отприлика би требало да изгледа, а се друго е импровизација. Има многу познати фаци (Бен Стилер, Мекинро, М. Скорсезе...) што се глумат себе си, има 7 сезони по 10 епизоди, за 2011 најавена е 8-та, оди на HBO, и единствен проблем зашто не е толку позната е поради тоа што не е комерцијализирана доволно, да не фатев една епизода на ХРТ2, ни јас немаше да знам за неа.
Кој го сака Вуди Ален, мислам дека ќе го сака и ова. Чиста 10-ка.
Да го раширам малку вирусот, се надевам дека ќе ве заразам
Attachments
-
90,4 KB Прегледи: 8