Црнилата од минатото ја укинаа веронауката

  • Креатор на темата Креатор на темата pravoveren
  • Време на започнување Време на започнување
Ооооо, еве уште еден кој сеуште лее солзи по комунизмот-по тоа најбезбожно општество кое до скоро постоеше на Земјава и во чие име се убиваа свештеници и се затвораа храмови на големо и на мало...

хаха,

заслепен од сопствениот ум,демек во име на црквата и се што е свето, се немаат вршено убиства,прогони,мачења итн :toe:

сето тоа е исто срање,само доаѓа во различно пакување :smir:
 
Ооооо, еве уште еден кој сеуште лее солзи по комунизмот-по тоа најбезбожно општество кое до скоро постоеше на Земјава и во чие име се убиваа свештеници и се затвораа храмови на големо и на мало...

ПРАШАЊЕ ?

ДАЛИ НАВИСТИНА СЕ ПЛАЧЕ ЗА ВЕРОНУКА ИЛИ .......?

весник Вест година 8 бр 2491 понеделник 10/6/2008 год

Сложни попови бесни коли возат

На црковно-народниот собор на МПЦ во Калишта завчера имаше своевидно автошоу на македонските владици, кои дојдоа со скапи џипови и со бесни автомобили.
Најмодерни автомобили возат постарите архиепископи, додека само двајца од новоименуваните млади владици се возат во поскромни возила.
Сите возила на највисоките свештени лица од МПЦ се стари најмногу четири-пет години и речиси сите чинат над 22.000 евра. Некои дури чинат и над 40.000 евра. Автомобилите и џиповите во кои се возат владиците вкупно чинат над половина милион евра.
Во црковната ергела има џипови "чироки", "ленд крузер", "ленд ровер", "фолксваген туарег", како и луксузни автомобили од моделите на "ауди", "крајслер", "мерцедес", "тојота", БМВ и"фолксваген"..
.
.
.
весник Време 1 декември 2008 -------------------

ЦРКОВНИТЕ ЕПАРХИИ ЌЕ СТАНАТ НАЈГОЛЕМИ ФЕУДАЛЦИ
МПЦ тежи од недвижнини

Наталија Томовска

Македонската православна црква до следната година ќе стане сопственик на ПОВЕЌЕ ОД ОСУМ ОТСТО ОД ВКУПНАТА ТЕРИТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА. Со повеќе од 20.000 хектари земјоделско земјиште, пасишта и шуми, кои треба да и бидат вратени со постапката за денационализација, епархиите на МПЦ ќе станат најголеми земјосопственици во Македонија. Освен тоа, седумте епархии на МПЦ, кои се самостојни правни субјекти, ќе добијат голем број дуќани и градежни парцели кои пред 1946 година биле во нивна сопственост, а им биле одземени со тогашниот закон за денационализација. Со тој закон на црквите им биле одземани по 90 отсто од имотите, а само десет отсто им биле оставени на користење. За оние делови од земјиштата каде меѓувреме се изградени деловни или станбени објекти, Црквата ќе добие обесштетување во државни обврзници. Таков е случајот со имотот на црквата „Света Богородица“ во централното подрачје на Битола и имотот на „Свети Константин и Елена“ на кој е изграден Градскиот трговски центар во Скопје. Од епархиите велат дека дел од имотите на Црквите се веќе вратени. На Скопската епархија, која има побарување за денационализација на црковен имот со вкупна површина од 8.000 хектари, досега и се вратени 4.000 хектари. –
..
.
.
нова македонија 6-8 декември 2008

МПЦ- духовен храм или акционерско друштво? Македонската православна црква нема законски пречки да тргува на берзата и да биде основач и содружник во приватни фирми, но главен фактор во случајот со хотелот „Изгрев“ има моралниот аспект и начинот на кој се вршени трансакциите. Вака познавачите го толкуваат последниот чекор на Македонската православна црква, односно на скопската епархија, која вторпат со кредит од Тутунска банка го купи струшкиот хотел „Изгрев“, откако за истиот објект биле земени три кредити. Ова, според познавачите повеќе изгледа дека МПЦ е акционерско друштво оформено за правење пари и ширење бизниси отколку на здружение на граѓани, како што се води во регистарот на Управата за јавни приходи.
 
Историја на религии да. Веронаука НЕ!
Несакам да трујат 10 годишни деца со несмасни бајки..Несакам невини деца кој имаат право на избор да подпаднат под таа проста пропаганда..
Ако сакате детето да ви е верник, воспитувајте си го така дома. На крај краева, децата имаат право на избор, ако се заинтересираат за Бога имаат каде да поднаучат, немора да ги форсираат у школо.
 
ЦРКОВНИТЕ ЕПАРХИИ ЌЕ СТАНАТ НАЈГОЛЕМИ ФЕУДАЛЦИ
Новинарот барем да објаснел што значи зборот феудалец според него. Вака речено недоречено. Робовласник да не мислел, со буљук робови од цела епархија.

Сите возила на највисоките свештени лица од МПЦ се стари најмногу четири-пет години и речиси сите чинат над 22.000 евра.
напиша новинарот, се качи во својот бмв џип и одлета на викенд во Солун.

Со повеќе од 20.000 хектари земјоделско земјиште, пасишта и шуми, кои треба да и бидат вратени со постапката за денационализација, епархиите на МПЦ ќе станат најголеми земјосопственици во Македонија.
За податоците не го знам изворот, но нема толку слободно земјиште во Македонија за да се даде на црквата. Најверојатно добар дел ќе оди преку обештетување. Барем според податоците од институциите.
-----------------
До скоро имотот на црквата беше класифициран во друга сопственост (има приватна, општествена, мешовита, државна), значи сеуште официјално тоа не беше решено до 2007 година. Дали сега е променето, не знам.
 
Според мене изучувањето на религијата од најмлади години претставува темел на градење на здрава и доблесна личност.
Навистина голема штета што ја укинаат веронауката во училиштата. Голем дел од луѓето од моја генерација немаат ниту базични познавања за христијанството, па се надевав дека барем идните генерации ќе навлезат подлабоко во неговите тајни преку изучувањето на овој предмет, но сепак мора почекаме подобри времиња за тоа:toe:

- малку оф топик А тоа што спомнавте дека на форумов врие од неверници, атеисти и јас имам забележано и дури не ми се отвараат темите за религија заради нивните банални тврдења и убедувања.

Бог да ти даде долг живот и добро здравје.

zdrava i doblesna lisnost moze da bide i so ateisticki i sataniticki ubeduvanja, etikata nema vrska so hristijanstvoto, etickite pravila si postoele pred hristijanstvoto...

Читајте го овој „бисер“. Верувам, дека до сега не сте дошле до ваков податок.
 
точно,
но Уставен суд не ги укина поповите и оџите,туку им овозможи на децата сами да одлучат дали ќе веруваат во Него или нема да веруваат :toe:
И тоа е во ред, но во случајов имаш избор. Не мора да плаќам за венчавки, погреби, не мора да учи мое дете верски или религиски предмет. Сето тоа не е обврзувачки, ако не ја признаваш црквата не мора ниедна допирна точка да имаш со неа. Сепак општеството тоа го дозволува. Затоа стопати подвлеков, сето ова е до тебе самиот, имавме и имаме право на избор, сеуште. За разлика од световната власт каде избор некој и нема.
 
хаха,

заслепен од сопствениот ум,демек во име на црквата и се што е свето, се немаат вршено убиства,прогони,мачења итн :toe:

сето тоа е исто срање,само доаѓа во различно пакување :smir:

Сигурен сум дена немаш поим ни самиот поим „црква„ што значи...

ПРАШАЊЕ ?

ДАЛИ НАВИСТИНА СЕ ПЛАЧЕ ЗА ВЕРОНУКА ИЛИ .......?

весник Вест година 8 бр 2491 понеделник 10/6/2008 год

Сложни попови бесни коли возат

На црковно-народниот собор на МПЦ во Калишта завчера имаше своевидно автошоу на македонските владици, кои дојдоа со скапи џипови и со бесни автомобили.
Најмодерни автомобили возат постарите архиепископи, додека само двајца од новоименуваните млади владици се возат во поскромни возила.
Сите возила на највисоките свештени лица од МПЦ се стари најмногу четири-пет години и речиси сите чинат над 22.000 евра. Некои дури чинат и над 40.000 евра. Автомобилите и џиповите во кои се возат владиците вкупно чинат над половина милион евра.
Во црковната ергела има џипови "чироки", "ленд крузер", "ленд ровер", "фолксваген туарег", како и луксузни автомобили од моделите на "ауди", "крајслер", "мерцедес", "тојота", БМВ и"фолксваген"..
.
.
.
весник Време 1 декември 2008 -------------------

ЦРКОВНИТЕ ЕПАРХИИ ЌЕ СТАНАТ НАЈГОЛЕМИ ФЕУДАЛЦИ
МПЦ тежи од недвижнини

Наталија Томовска

Македонската православна црква до следната година ќе стане сопственик на ПОВЕЌЕ ОД ОСУМ ОТСТО ОД ВКУПНАТА ТЕРИТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА. Со повеќе од 20.000 хектари земјоделско земјиште, пасишта и шуми, кои треба да и бидат вратени со постапката за денационализација, епархиите на МПЦ ќе станат најголеми земјосопственици во Македонија. Освен тоа, седумте епархии на МПЦ, кои се самостојни правни субјекти, ќе добијат голем број дуќани и градежни парцели кои пред 1946 година биле во нивна сопственост, а им биле одземени со тогашниот закон за денационализација. Со тој закон на црквите им биле одземани по 90 отсто од имотите, а само десет отсто им биле оставени на користење. За оние делови од земјиштата каде меѓувреме се изградени деловни или станбени објекти, Црквата ќе добие обесштетување во државни обврзници. Таков е случајот со имотот на црквата „Света Богородица“ во централното подрачје на Битола и имотот на „Свети Константин и Елена“ на кој е изграден Градскиот трговски центар во Скопје. Од епархиите велат дека дел од имотите на Црквите се веќе вратени. На Скопската епархија, која има побарување за денационализација на црковен имот со вкупна површина од 8.000 хектари, досега и се вратени 4.000 хектари. –
..
.
.
нова македонија 6-8 декември 2008

МПЦ- духовен храм или акционерско друштво? Македонската православна црква нема законски пречки да тргува на берзата и да биде основач и содружник во приватни фирми, но главен фактор во случајот со хотелот „Изгрев“ има моралниот аспект и начинот на кој се вршени трансакциите. Вака познавачите го толкуваат последниот чекор на Македонската православна црква, односно на скопската епархија, која вторпат со кредит од Тутунска банка го купи струшкиот хотел „Изгрев“, откако за истиот објект биле земени три кредити. Ова, според познавачите повеќе изгледа дека МПЦ е акционерско друштво оформено за правење пари и ширење бизниси отколку на здружение на граѓани, како што се води во регистарот на Управата за јавни приходи.

...И сето тоа , напишано од неписмени „новинари„, кои неверојатно наликуваат на антихристи...Со Христа, речиси сите војуваат, веќе 2 000 г.

Собери една дружина, по можност како таа со крстовите на плоштад од 28 март и јуриш, на менување на Уставот штом така мислиш.

Не лупај глупости...

Повеќе е од јасно што се случи на плоштад-„спонтан„ собир од студенти и напад од „верници„...партиски верници, нормално!
 
Можам слободно да констатирам дека луѓето се плашат од вистината.
 
На некој ќе му стане јасно дека со оваа одлука не се забранува религијата и другите верски слободи туку дека само се кажува дека не и е местото во образовните институции.

И пред да биде донесена одлуката многу верници тука се изјаснија дека се против воведувањето на веронауката во образованието.
 
Црквата, Религијата и Верата се криви за се.
Ајде сега сите во ЕУ и НАТО.

Глупости. Од веронаука децата ваши ќе научеа нешто што се вика „морал“ а сега вака ќе има цикари, алкохол, дрога и блудништво без ни да им трепне око.
 
Можам слободно да констатирам дека луѓето се плашат од вистината.

Во целост се согласувам со тебе. Затоа и очајно се обидуваат да воведат веронаука во училиштата за да не им изумре идеологијата и да не останат сами и изолирани.
 
Читам овде дека поради црквата имало злосторства, војни, празноверија итн. Точно е имало.
Него да прашам јас кој ја создаде нашава азбука која се вика кирилица, и што беше по професија тој човек?
Истотото ова писмо со кое го негирате Господ го има создадено човек кој што бил голем верник. Замислете црквата да не се мешала тогаш во образованието што ќе било со нас и кај ќе сме биле сега без тоа Македонско писмо.
 
Книга "историја на Македонскиот народ"..од др-Александар Стојановски , д-р Иван Катарџиев д-р Данчо Зографски и д-р МИхаило Апостолски..( култура мисла Скопје 1988 година )..........

стр 5 .........

Уште додека се наоѓале во старата татковина , како и по нивното доаѓање на балканот , Словените употребувале црти и решки за запишување на некој работи што им биле потребни . Откако биле пак Покрстени - пишува Црноризец Храбар , првиот бранител на словенската азбука и писменост ТИЕ СЕ МАЧЕЛЕ СО ПОМОШ НА РИМСКИ И ГРЧКИ БУКВИ ДА ПИШУВААТ НА СЛОВЕНСКИ ЈАЗИК , но без некој правила .Тешкотијата била особено голема кога требало да се означуваат оние гласови од словенскиот јазик за кој немало потребни букви во Римската и Грчката Азбука . Ова покажува дека кај словените постоела некаква писменост и пред создавањето на словенската азбука .- затворен цитат
 
Нема одговор на прашањето туку црти и решки :).
 
Нема одговор на прашањето туку црти и решки :).

треба да се знае дека секаква друга писменост освен религиозната била строго казнива и забранета..........

за писменост во тогашна грчка византија следувала смртна казна

така да инсистирање на тоа дека "ВО КОНКУРЕНЦИЈА НА СИТЕ ДРУГИ " победила баш религиската писменост како најсупериорна е смешна ОТИ КОНКУРЕНЦИЈАТА БИЛА ЗАБРАНЕТА.....непостоела конкуренција

така да тоа фалбосување дека ако не била религијата ќе сме немале писменост е апсурдна и со премолчани и подметнати лажни аргументи

Баш напротив ако не била религијата цивилизацискиот напредок во сите сегменти се одвива непречено и многу побрзо оти нема кој да става сопки .
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom