Да, но максимално внимателно, во такви ситуации често се преценува сопствената моќ, а се потценува степенот на непромисленост и агресивност на насилникот. Ми беше муабетот за конкретниов пример, еве членот дотогаш бил спремен да рипне, сега нареден пат ако наиде на таков случај, ќе размисли добро дали да се вмеша, ќе му помине процесот како го шетале по судови, станици и како позајмувал пари да плаќа казните, а и уште пострашно, предавството од девојката која сакал да ја заштити, а која веројатно во позадина си се договорила со тепачот, слушај не е убаво што ме тепаш ама дај да си поделиме оштетата, јас ќе сведочам. И кој би можел да му замери на членов ако не се вмеша утре во слична ситуација? Се изгорел бидејќи верувал во некој кодекс, праведност, чесност.
И уште една ситуација имаше одамна, ќе ја кажам за да ја доловам и другата крајност, скопска дисктоека во центарот на градот која што одамна не постои, млад човек пијан прави проблеми, секјурити го исфрла, не сака да се смири, му задава еден удар секјурити, овој незгодно паѓа и починува. Човекот доби неколку години затвор да одлежи, олеснителна околност беше што доби дете и можеше после некое време да ја одлежи казната. Чисто како пример дека во вакви ситуации може да си ја потцениш својата сила, или потцениш неспремноста на другиот, па на крај да испадне многу поголема работа која го дефинира животот понатаму.