Црна Хроника

  • Креатор на темата Креатор на темата Macka12345
  • Време на започнување Време на започнување
гледаат кај што некој шутира девојка и да не и помогнат
Ова е стандард овде не само за тоа него и за се друго.
стварно не знам кај ни отиде емпатијата и човечноста.
Ко божем некад ја имало, ти ко од марс да си падната.
 
гта69 е баниран, не се замарајте со реплики.
 
Ова е стандард овде не само за тоа него и за се друго.

Ко божем некад ја имало, ти ко од марс да си падната.
Ја имало, барем за овие работи се знаеше.
Лично сум била сведок кај што при вербална расправија маж има патосирано насилник.
 
И правото кај нас, како континентално, е премногу сувопарно... не дава многу можност за креативно толкување, врзано е од една страна за стриктни одредби, а од друга страна тие одредби се врзани со поими за кои тешко може да има реална дефиниција, па после праксата ебала матер и.т.н...
Еве во случајов со претепувањето на девојчето, имаме ситуација кога се констатирани телесни повреди и согласно тоа обвинението оди по чл.130 во кој се третира делото ,,Телесна повреда,, и е предвидена парична казна или казна затвор до 3 години. Ова дело се гони по приватна тужба, по него не постапува обвинителот. Обвинителот овде постапува само затоа што делото е извршено при вршење на семејно насилство (запретена казна од 6 месеци до 5 години), односно ако жртвата во случајов не била во врска со обвинетиот, делото ке треба да се гони со приватна тужба, во кој случај притвор не доаѓа во обзир. Другите две дела што му ги ставаат на товар, не сум сигурен колку се издржани и како тоа би поминало на суд, мислам дека се ставени само заради притворот и јавноста, но да видиме...
Муабетов ми е, целата разлика во случајов за дали делото да се води по чл.130 Телесна повреда или по потешкото дело чл.131 Тешка телесна повреда (каде се запретени и потешки казни) ја прави карактерот на повредите, дали се само ,,телесни повреди,, или се ,,тешки телесни повреди,,. Што е тоа ,,тешка телесна повреда,, е недефиниран момент, па како таква повреда се смета само ако има скршеница или повреда на некој витален орган, или тешко нарушување на здравјето... пример, тешка телесна повреда е скршен нос, вилица, рака, ребро...
Девојкава во случајов е душмански претепана, целата е омодрена, нема здравинка на неа.... но, нема скршеница или повреда на некој орган, па законот и обвинителот тоа го третираат само како ,,телесна повреда,, по чл.130 а не како ,,тешка телесна повреда,, по чл.131.
Ако гледаме реално, во случајов девојката би била среќна ако наместо овие повреди и тепање, добиела само еден бокс и се здобила со скршен нос, аркада, или рака, или ребро... овие повреди кои ги има се многу по болни и по трауматични, нанесувани се подолго време, од на пример еден бокс кој го добиваш во секунда и имаш скршен нос.
Затоа, мое мислење е дека во вакви случаи толкувањето на законот од страна на обвинителот и судот треба да биде многу по креативно и ваквото дело да се води по чл.131 Тешка телесна повреда, а не како што сега го третираат по чл.130 Телесна повреда. Во најмала рака тоа законот и го предвидел кога рекол ,,или здравјето тешко ке му го наруши,, па ако во овој случај на девојката здравјето не и е тешко нарушено незнам кога е тоа случај, ваљда само ако некому откажат бубрезите од ќотек....
 
Ова ако е вистина тогаш подобро да не снема како народ, да гледаат кај што некој шутира девојка и да не и помогнат, стварно не знам кај ни отиде емпатијата и човечноста.
Имаше еден дечко пишано дали тука, дали во Драга Кајгана темата за ситуација каде со другар се враќале покрај Железничка и биле сведоци на тип како тепал некоја деволка, се стрчале да помогнат, го лупнале типот. На крај типот ги пријавил за напад, девојката сведочела против двајцава кои помогнале, кажала дека без причина го нападнале дечкото нејзин, ги заглавиле со казни, оштета плаќање. Чисто да се знае и другата страна на медаљата, не е секој човек разумен, луѓе сакајќи да помогнат, можат да заглават со казни, во затвори или во вечно почивалиште. Исто знам ситуација во близина на плоштад пред 20 години, каде што така човек ни крив ни должен сакајќи да раздели од тепачка настрада. Пред 15 години сигурно и се сеќавате во ГУЦ настанот каде што Албанец загина, сакајќи да одбрани другар негов Македонец, кој беше нападнат од група 4 други Македонци, со камења и ножеви. Не зборувам за конкретниов пример, само кажувам не секое вмешување е исправно, мудра одлука и знае добронамерно да биде сфатено од страна на жртвата.
 
Последно уредено:
Сите рипаат да бранат и фаќаат за уши али кога ќе има ситуација никаде ги нема.
 
Имаше еден дечко пишано дали тука, дали во Драга Кајгана темата за ситуација каде со другар се враќале покрај Железничка и биле сведоци на тип како тепал некоја деволка, се стрчале да помогнат, го лупнале типот. На крај типот ги пријавил за напад, девојката сведочела против двајцава кои помогнале, кажала дека без причина го нападнале дечкото нејзин, ги заглавиле со казни, оштета плаќање. Чисто да се знае и другата страна на медаљата, не е секој човек разумен, луѓе сакајќи да помогнат, можат да заглават со казни, во затвори или во вечно почивалиште. Исто знам ситуација во близина на плоштад пред 20 години, каде што така човек ни крив ни должен сакајќи да раздели од тепачка настрада. Не зборувам за конкретниов пример, само кажувам не секое вмешување е исправно, мудра одлука и знае добронамерно да биде сфатено од страна на жртвата.
И такви примери познавам, не викам да го претепаат туку да и помогнат на девојката, да го оттргнат дури дивее над неа.
Не можам да гледам некој кај што се изживува врз некој и да стојам мирно настрана, без разлика дали се работи за напад на жена, на маж или на било што.
 
Имаше еден дечко пишано дали тука, дали во Драга Кајгана темата за ситуација каде со другар се враќале покрај Железничка и биле сведоци на тип како тепал некоја деволка, се стрчале да помогнат, го лупнале типот. На крај типот ги пријавил за напад, девојката сведочела против двајцава кои помогнале, кажала дека без причина го нападнале дечкото нејзин, ги заглавиле со казни, оштета плаќање. Чисто да се знае и другата страна на медаљата, не е секој човек разумен, луѓе сакајќи да помогнат, можат да заглават со казни, во затвори или во вечно почивалиште. Исто знам ситуација во близина на плоштад пред 20 години, каде што така човек ни крив ни должен сакајќи да раздели од тепачка настрада. Пред 15 години сигурно и се сеќавате во ГУЦ настанот каде што Албанец загина, сакајќи да одбрани другар негов Македонец, кој беше нападнат од група 4 други Македонци, со камења и ножеви. Не зборувам за конкретниов пример, само кажувам не секое вмешување е исправно, мудра одлука и знае добронамерно да биде сфатено од страна на жртвата.
Јасно. Охрид е мал град и луѓево се знаат меѓусебе повеќето, можеби некој го препознал овој и нејкел да се меша од горенаведените причини, а така се испостави дури и кога таткото на девојката се заканил дека ке му врати, а овој како пичка пријавил во полиција и поднел тужба, оти он нели е правник, наместо да иде како маж па да се разберат во четири очи.
 
И такви примери познавам, не викам да го претепаат туку да и помогнат на девојката, да го оттргнат дури дивее над неа.
Не можам да гледам некој кај што се изживува врз некој и да стојам мирно настрана, без разлика дали се работи за напад на жена, на маж или на било што.
Да, но максимално внимателно, во такви ситуации често се преценува сопствената моќ, а се потценува степенот на непромисленост и агресивност на насилникот. Ми беше муабетот за конкретниов пример, еве членот дотогаш бил спремен да рипне, сега нареден пат ако наиде на таков случај, ќе размисли добро дали да се вмеша, ќе му помине процесот како го шетале по судови, станици и како позајмувал пари да плаќа казните, а и уште пострашно, предавството од девојката која сакал да ја заштити, а која веројатно во позадина си се договорила со тепачот, слушај не е убаво што ме тепаш ама дај да си поделиме оштетата, јас ќе сведочам. И кој би можел да му замери на членов ако не се вмеша утре во слична ситуација? Се изгорел бидејќи верувал во некој кодекс, праведност, чесност.

И уште една ситуација имаше одамна, ќе ја кажам за да ја доловам и другата крајност, скопска дисктоека во центарот на градот која што одамна не постои, млад човек пијан прави проблеми, секјурити го исфрла, не сака да се смири, му задава еден удар секјурити, овој незгодно паѓа и починува. Човекот доби неколку години затвор да одлежи, олеснителна околност беше што доби дете и можеше после некое време да ја одлежи казната. Чисто како пример дека во вакви ситуации може да си ја потцениш својата сила, или потцениш неспремноста на другиот, па на крај да испадне многу поголема работа која го дефинира животот понатаму.
 
Јас не сум некој верник како тебе ама од такви како тебе верници, големобожници се случуваат вакви насилства, нели така пишува во книгите дека жената се тепа кога не слуша или да му слугува на мажот.
Во православната црква семејно насилство е една од малкуте причини за црковен развод.
Каде сте ги слушнале овие работи дека пишувало жената треба да се тепа?
 
Сите рипаат да бранат и фаќаат за уши али кога ќе има ситуација никаде ги нема.
И сте овие што во тој момент ќе му “пресудат” на насилникот или кој и да е, дај им пиштол да му пресудат, 99% нема шанси да го направат тоа.
Во православната црква семејно насилство е една од малкуте причини за црковен развод.
Каде сте ги слушнале овие работи дека пишувало жената треба да се тепа?
Пола незнаат дека жената е столбот на фамилијата, ама битно мора во верата да чепнат. Да разјансиме, за овие што викаат дела жената треба да е слугинка во едно од битијата (2:18) вели: Жената е наречена помошничка слична на мажот, не слугинка и не помала по вредност.
 
Последно уредено:
Да, но максимално внимателно, во такви ситуации често се преценува сопствената моќ, а се потценува степенот на непромисленост и агресивност на насилникот. Ми беше муабетот за конкретниов пример, еве членот дотогаш бил спремен да рипне, сега нареден пат ако наиде на таков случај, ќе размисли добро дали да се вмеша, ќе му помине процесот како го шетале по судови, станици и како позајмувал пари да плаќа казните, а и уште пострашно, предавството од девојката која сакал да ја заштити, а која веројатно во позадина си се договорила со тепачот, слушај не е убаво што ме тепаш ама дај да си поделиме оштетата, јас ќе сведочам. И кој би можел да му замери на членов ако не се вмеша утре во слична ситуација? Се изгорел бидејќи верувал во некој кодекс, праведност, чесност.

И уште една ситуација имаше одамна, ќе ја кажам за да ја доловам и другата крајност, скопска дисктоека во центарот на градот која што одамна не постои, млад човек пијан прави проблеми, секјурити го исфрла, не сака да се смири, му задава еден удар секјурити, овој незгодно паѓа и починува. Човекот доби неколку години затвор да одлежи, олеснителна околност беше што доби дете и можеше после некое време да ја одлежи казната. Чисто како пример дека во вакви ситуации може да си ја потцениш својата сила, или потцениш неспремноста на другиот, па на крај да испадне многу поголема работа која го дефинира животот понатаму.
Такви правни фори, можеш да очекуваш само од правни лица, луѓе што студираат право и идат на пракси и се среќаваат со секојдневни правни случувања и разработуваат разни шеми, не сум чул до душа многу за тепачки, ама за други работи како на пример сообраќајки, лажни лекарски уверенија и ред други работи има колку сакаш.

Човек е посреќен кога не се меша во туѓи животи.
 
И правото кај нас, како континентално, е премногу сувопарно... не дава многу можност за креативно толкување, врзано е од една страна за стриктни одредби, а од друга страна тие одредби се врзани со поими за кои тешко може да има реална дефиниција, па после праксата ебала матер и.т.н...
Еве во случајов со претепувањето на девојчето, имаме ситуација кога се констатирани телесни повреди и согласно тоа обвинението оди по чл.130 во кој се третира делото ,,Телесна повреда,, и е предвидена парична казна или казна затвор до 3 години. Ова дело се гони по приватна тужба, по него не постапува обвинителот. Обвинителот овде постапува само затоа што делото е извршено при вршење на семејно насилство (запретена казна од 6 месеци до 5 години), односно ако жртвата во случајов не била во врска со обвинетиот, делото ке треба да се гони со приватна тужба, во кој случај притвор не доаѓа во обзир. Другите две дела што му ги ставаат на товар, не сум сигурен колку се издржани и како тоа би поминало на суд, мислам дека се ставени само заради притворот и јавноста, но да видиме...
Муабетов ми е, целата разлика во случајов за дали делото да се води по чл.130 Телесна повреда или по потешкото дело чл.131 Тешка телесна повреда (каде се запретени и потешки казни) ја прави карактерот на повредите, дали се само ,,телесни повреди,, или се ,,тешки телесни повреди,,. Што е тоа ,,тешка телесна повреда,, е недефиниран момент, па како таква повреда се смета само ако има скршеница или повреда на некој витален орган, или тешко нарушување на здравјето... пример, тешка телесна повреда е скршен нос, вилица, рака, ребро...
Девојкава во случајов е душмански претепана, целата е омодрена, нема здравинка на неа.... но, нема скршеница или повреда на некој орган, па законот и обвинителот тоа го третираат само како ,,телесна повреда,, по чл.130 а не како ,,тешка телесна повреда,, по чл.131.
Ако гледаме реално, во случајов девојката би била среќна ако наместо овие повреди и тепање, добиела само еден бокс и се здобила со скршен нос, аркада, или рака, или ребро... овие повреди кои ги има се многу по болни и по трауматични, нанесувани се подолго време, од на пример еден бокс кој го добиваш во секунда и имаш скршен нос.
Затоа, мое мислење е дека во вакви случаи толкувањето на законот од страна на обвинителот и судот треба да биде многу по креативно и ваквото дело да се води по чл.131 Тешка телесна повреда, а не како што сега го третираат по чл.130 Телесна повреда. Во најмала рака тоа законот и го предвидел кога рекол ,,или здравјето тешко ке му го наруши,, па ако во овој случај на девојката здравјето не и е тешко нарушено незнам кога е тоа случај, ваљда само ако некому откажат бубрезите од ќотек....

Секој здраво разумен човек знае да прави разлика помеѓу телесна повреда и тешка телесна повреда. Знаеш кој не знае да ја направи разликата? Правните стаорци и тие кои што сакаат да ловат во матно. Ако пак се оди со целосна дефиниција за се после ќе се оди на техничкиот факт. "Тука пишува ако му се скршени ребра, ама на него не му се целосно скршени се држат на малку", еве имам изјави од 5 доктори кои го потврдуваат истото.

Тоа е кога ќе дојдеш до последните стадиуми на распад, и повеќе ништо нема смисла. сите гледаат да се провлечат. се мора да биде дефинирано до последен збор а и тогаш не важи. Имаше една многу убава мисла на оваа тема. "Порано двајца ќе се ракувале во чаршија и знаеле дека работата е завршена само со даден збор. Денеска имаш 5 заверени договори на нотар, три пресуди и пак ништо не ти е сигурно и може во секој момент да те зафркнат."

Секој нормален судија кој ќе види што направил овој , би му ги дал горните граници на казната. Ќе го стави некој минимум 6-10 години во затвор без можност за намалување на казна малку да олади главата и да и плати прилично висока оштета на девојката. Родителите ќе му добијат по 2-3 години години за соучесништво при кривично дел. Директорот од болницата ќе добие отказ, ќе му биде одземена лиценцата за работа и ќе лежи 2 години затвор за злоупотреба на службена должност за да прикрие дело. Обвинителот отпуштен, затвор минимум 4 години за злоупотреба на службена позиција да прикрие кривично дело. Ама тоа е кога целото општество не е во распад.
 
И сте овие што во тој момент ќе му “пресудат” на насилникот или кој и да е, дај им пиштол да му пресудат, 99% нема шанси да го направат тоа.

Пола незнаат дека жената е столбот на фамилијата, ама битно мора во верата да чепнат. Да разјансиме, за овие што викаат дела жената треба да е слугинка во едно од битијата (2:18) вели: Жената е наречена помошничка слична на мажот, не слугинка и не помала по вредност.
Па како да му пресудат кога полиција му го чува домот и поднесува тужби за закани ко пичка некоја?

Таткото на девојката направил тоа што секој татко би го направил, ама штета што не може да стигне до оној мајмунон уфирцан, оти полиција го чувала.
 
Мојот прадедо Тоде покоен знаеше да каже “Одземи му го таткото на детето, а мајка жива, тој нема еден родител. Одземи му ја мајката на детето, а татко жив, тоа е веќе сирак“. Мислам дека проблемот во денешницата е што поистоветувате збор мајка со некоја дроља од Онлифанс што само родила дете или некоја инфлуенсерка што ви се лигави по видеа, а не со ликот на Велика од Пирин. Македонска мајка е богиња само тоа да ви е јасно и нема тој статус да го нарушат некои што го брукаат мајчинството, бракот, женскиот род...
 
Back
На врв Bottom