Црна Хроника

  • Креатор на темата Креатор на темата Macka12345
  • Време на започнување Време на започнување
Пред да се заташка случајов, би сакал да одвојам 1 минута за да ги изанализираме опциите кои ги има девојка жртва на насилство во брак/врска, бидејќи прочитав некои коментари “Глупа е, не пријавила досега“, а знам има и девојки кои моментално поминуваат низ вакво нешто, може и не читаат, па да знаат дека не се сами и дека емпатија имало и ќе има. Ајде да ги разгледаме сите опции кои ги има девојка жртва на насилство:

1. Кажува на другар, од тука има две потсценарија, или дечкото го претепува и другарот, а потоа и неа со зборови дека е курва и дека се ебе со другарот, или другарот го претепува дечкото, па дека не може на дечкото да врати, а машкоста била повредена, девојката си добива дупла доза ќотек (и за неа, и таа за другарот што не била доделена). Епилог: жената е тепана

2. Кажува дома на родителите, огромен дел (ова е алармантен проблем) од родителите и враќаат “Ќерко ти сама си го одбра, кај ти беше паметот, трпи си сега, кога не не слушаше“, или второ сценарио застануваат да ја одбранат, доаѓа нешто како првиот случај, по што кога тогаш пак жената завршува претепана, како така трети лица вмешувала во врската/бракот.

3. Полиција, ова е најинтересно, македонска полиција еј. Истата која кога доаѓа девојка претепана и викаат да оди дома кај нејзините, да преспие дур не се смири тепачот, дека они нема како да ја заштитат. Секако дека кога тогаш пак ќе дојде дома и ќе ја чека ќотек, дупла доза ако не дај боже полицијата прозборува со насилникот и дознае овој дека го пријавила.

Тука нема да најдете правда, ниту заштита. Извадете дозвола за оружје доколку сте во можност, курс за самоодбрана и заштита, ако треба и пакувајте куферите и бегајте од населбата, градот, земјава. И дете да треба да земете со вас, било каде ќе најдете подобра заштита од тука, ниедна цена не е преголема за да го спасите животот свој. Бегајте пред да завршите како сите други кои ќе бидат спомнати само еднаш во годината во набројување на жртви во некоја политичка реторика.
 
Последно уредено:
Која е поентата да постои оваа држава ваква каква што е, не можам да разберам...
 
Back
На врв Bottom