Црна Хроника

  • Креатор на темата Креатор на темата Macka12345
  • Време на започнување Време на започнување
Пред да се заташка случајов, би сакал да одвојам 1 минута за да ги изанализираме опциите кои ги има девојка жртва на насилство во брак/врска, бидејќи прочитав некои коментари “Глупа е, не пријавила досега“, а знам има и девојки кои моментално поминуваат низ вакво нешто, може и не читаат, па да знаат дека не се сами и дека емпатија имало и ќе има. Ајде да ги разгледаме сите опции кои ги има девојка жртва на насилство:

1. Кажува на другар, од тука има две потсценарија, или дечкото го претепува и другарот, а потоа и неа со зборови дека е курва и дека се ебе со другарот, или другарот го претепува дечкото, па дека не може на дечкото да врати, а машкоста била повредена, девојката си добива дупла доза ќотек (и за неа, и таа за другарот што не била доделена). Епилог: жената е тепана

2. Кажува дома на родителите, огромен дел (ова е алармантен проблем) од родителите и враќаат “Ќерко ти сама си го одбра, кај ти беше паметот, трпи си сега, кога не не слушаше“, или второ сценарио застануваат да ја одбранат, доаѓа нешто како првиот случај, по што кога тогаш пак жената завршува претепана, како така трети лица вмешувала во врската/бракот.

3. Полиција, ова е најинтересно, македонска полиција еј. Истата која кога доаѓа девојка претепана и викаат да оди дома кај нејзините, да преспие дур не се смири тепачот, дека они нема како да ја заштитат. Секако дека кога тогаш пак ќе дојде дома и ќе ја чека ќотек, дупла доза ако не дај боже полицијата прозборува со насилникот и дознае овој дека го пријавила.

Тука нема да најдете правда, ниту заштита. Извадете дозвола за оружје доколку сте во можност, курс за самоодбрана и заштита, ако треба и пакувајте куферите и бегајте од населбата, градот, земјава. И дете да треба да земете со вас, било каде ќе најдете подобра заштита од тука, ниедна цена не е преголема за да го спасите животот свој. Бегајте пред да завршите како сите други кои ќе бидат спомнати само еднаш во годината во набројување на жртви во некоја политичка реторика.
 
Последно уредено:
Девојката супер била ама не ја проценила ситуацијата со кој се впушта...
Автоматски споено мислење:

Агресивни се најчесто кон животни или други луѓе, имале тешко детство или дома трпеле насилство, претеруваат со алкохол, избувливи итн.
Не сери бе.
Не ме реплицирај ако жртвата ја посочуваш со прст.
како може секад оштетениот да е крив. Му кажала дека не сака кога е пијан и му рекла ТИ РАСКИНУВАМ.
Свет ли ти е Господ на тебе? Или Енвер Хоџа, може?
На тој му се клањасте.
 
Мене највеќе ме нервира во случајов што два дена се препукуваме од која партија бил човекот, и неговата фамилија, и како излеглад дечкото, ко да тоа е главниот критериум за некој да биде тепач на жени, насилник, криминалец. Демек, ако беше од СДС и ако не носеше наочари за сонце на облачно време, немаше да биде насилник. Палчо беше од Десна, и не носеше наочари на облачно време, па пак е насилник и убиец.

Бог да чува до кое дереџе сме стигнале. Не е битно кој од која партија е. И мајка и татко ако ми се, или син/ќерка, па направиле вакво злодело треба да си одговараат. Какви луѓе сте бе вие? Имате ли онака барем некој микрограм човечност во вас?

И не, не можеш врз основа на изгледот да утврдиш дали некој е тепач или не е тепач. Зошто ако беше така, никој немаше да биде тепан, малтретиран и убиван. Не постои човек кој што ужива во тоа да му биде нанесувано болка.

Ужас над ужасите. Сите треба да си одговораат, учесници, соучесници, сите. Не ме интересира од која партија се.
 
Фер е да се каже дека ако не се активира јавноста, нема ни да е осуден. Какви процедури, какви филмови, не постои таква работа. Човекот има очигледни политички врски кој ќе бидат користени. Или ќе се дигне џева и ќе го осудат за пример , или ќе се заташка работата. Нема тука средина.
Не знам брат, веројатно е вака како што викаш, ама нема да ме чуди да излезе нешто сосема шесто. Ти текнува за татко и на Вања што се зборуваше? Наркоман, лихвар, детето си го продал, вака така... Ваљда ме сфаќаш што сакам да кажам, многу судиме како народ во еуфорија и не ги гледаме работите целосно.

Пак ќе кажам, не го бранам ликов, немам поима кој е, нека си добие максимална казна за ова што го направил.
 
Kolku e maksimalna kazna ako e proglasen vinoven za site tri dela za koi se tovari, na net procitav deka e edna do dve godini. Sto znaci nema ni godina dena da lezi u zatvor, ke si dobiva vikendi sekako, i dur da trepne pak ke bide na sloboda koja ne ja zasluzuva.
Противправно лишување од слобода со тешки последици од 1 до 5 години
Загрозување на сигурноста од 3 месеци до 3 години
Телесна повреда од 6 месеци до 3 години

За сите 3 дела е виновен секако. Ова е од кривичен закон, ако го разгледуваат случајот како семејно насилство кое покрај брачни другари опфаќа „како и спрема поранешен брачен другар или лица кои имаат заедничко дете или се наоѓаат во блиски лични односи.“

На ова додај и тоа што возел пијан. Мислам дека тепачов ќе го јаде јако со некои 5-6 години а пошто се 3 посебни дела нема да излезе предвреме поради добро поведение.

Невкусно е да калкулираме со години од туѓ живот ама кој го ебе секое мочање му е заслужено.
 
мислам само 1-2 години ќе му пишат за да замачкат очи и после месец два да го пуштат условно
 
Противправно лишување од слобода со тешки последици од 1 до 5 години
Загрозување на сигурноста од 3 месеци до 3 години
Телесна повреда од 6 месеци до 3 години
@Menethil
Еве ти пример за ова што го зборував погоре. Вчера вечерта излезе инфо дека макс до 1 година ќе лежел затвор и одма фатија сите на бранот, врски, политика, курац палац, а уште не е ни почната постапката за делото.

Ова зборам доколку се точни информациите на членот ГТА69, а верувам дека се. Значи на непочната постапка ние како народ дознавме колку ќе лежи. :D
 
Не знам брат, веројатно е вака како што викаш, ама нема да ме чуди да излезе нешто сосема шесто. Ти текнува за татко и на Вања што се зборуваше? Наркоман, лихвар, детето си го продал, вака така... Ваљда ме сфаќаш што сакам да кажам, многу судиме како народ во еуфорија и не ги гледаме работите целосно.

Пак ќе кажам, не го бранам ликов, немам поима кој е, нека си добие максимална казна за ова што го направил.
Апсолутно е така, под притисок на јавност се криват сите закони и процедури. Пример самиот факт што е во притвор во моментот е за алхохол, иако он имал 1.3 промили а за тоа треба да имаш над 1.5. Но факт е и дека пред да излезе во јавност, работеле партиските и лични конекции за он да го добие најдобриот епилог.

Ако мајката не дигнеше глама, во комбинација со општата атмосвера на темата, случајот ќе пројдеше со условна максимум.
Автоматски споено мислење:

@Menethil
Еве ти пример за ова што го зборував погоре. Вчера вечерта излезе инфо дека макс до 1 година ќе лежел затвор и одма фатија сите на бранот, врски, политика, курац палац, а уште не е ни почната постапката за делото.

Ова зборам доколку се точни информациите на членот ГТА69, а верувам дека се. Значи на непочната постапка ние како народ дознавме колку ќе лежи. :D
Можат и да го преиначат делото, така да не сме дознале ништо. Ако ВМРО реши да прави пример од него може да лежи и 10 години.
 
Абе какви условни какви 1-2 години овој ја тепал мелено месо ја направил со подуена глава и како џукела ја фрлил на улица, девојка од 26 години. Требало џандариве да закаснат и татко и да не го соберат во станица па да го гледавме тепачот по некролози.
 
мислам само 1-2 години ќе му пишат за да замачкат очи и после месец два да го пуштат условно
Не верувам. Ко прво може да го преквалификуваат обвинението во обид за убиство ко второ за трите дела за кои обвинителство објави соопштение може да ги водат по нивните потешки облици а не по став 1.
 
Нема шанси да лежи со кривична- тешка телесна повреда.

Остајте законот како пишува гледајте пракса што кажува. Да се лежи за тешка телесна повреда затворите ќе беа преполни, од секоја улична тепачка ќе имаше по двајца у затвор.

Делото мора да биде обид за убиство за да имаме правичен епилог.
 
Паѓа во очи постапувањето на обвинителството и мешањето на политиката во нивното работење. Сега се фатени со смикнати гаќи на кецањето и не убедуваат дека не е тоа што сме виделе.
Најпрво, по предметот постапувал обвинител кој бил близок КУЌЕН ПРИЈАТЕЛ на обвиниетиот (знаеме кој се има во куќата на обвинетиот), и кој како таков законски бил должен и морал да се изземе од постапување по предметот и по истиот да постапува негов колега. Се поставува прашањето зошто не кажал за релацијата и зошто не се изземал, и дали за таквото негово поведение е покрената постапка за негова одговорност?
Бидејќи обвинителот бил куќен пријател, не побарал притвор за обвинетиот туку одел само со одземање на пасош и забрана за приближување на 50 метри.
Откако случајот пукна и доби голем публицитет во медиумите и јавноста и откако политичките моќници (куќни пријатели) видоа дека случајот нема да може да се менаџира на начинот на кој што замислиле, менуваат тактика. Сега, утврдија дека обвинителот кој постапувал бил куќен пријател на обвинетиот и го менуваат, само што не кажаа дали тој самиот кажал за релацијата или некој друг тоа го утврдил. Новиот обвинител бара притвор и судот го одредува притворот. Со право народот се прашува, ако случајот не беше медиумски покренат, дали воопшто ке имаше смена на обвинителот и дали воопшто ке беше побаран и одреден притвор? Колку вакви случаи досега поминале со куќен пријател?
 
se slozuvam.

spored toa sto go imam videno, najcesto zavrshuvaat so uslovna presuda, a u najseriozni slucaevi so smesna nekolkumesecna zatvorska kazna.

mene me interesira, dali prviot obvinitel moze da odgovara za pristrasnost, so obzir deka klasifikaciite na ova delo od negova strana se se osven obid za ubistvo, iako osomniceniot navodno, spored raznorazni izvori trazhel i nozh za da ja ubie?
 
Паѓа во очи постапувањето на обвинителството и мешањето на политиката во нивното работење. Сега се фатени со смикнати гаќи на кецањето и не убедуваат дека не е тоа што сме виделе.
Најпрво, по предметот постапувал обвинител кој бил близок КУЌЕН ПРИЈАТЕЛ на обвиниетиот (знаеме кој се има во куќата на обвинетиот), и кој како таков законски бил должен и морал да се изземе од постапување по предметот и по истиот да постапува негов колега. Се поставува прашањето зошто не кажал за релацијата и зошто не се изземал, и дали за таквото негово поведение е покрената постапка за негова одговорност?
Бидејќи обвинителот бил куќен пријател, не побарал притвор за обвинетиот туку одел само со одземање на пасош и забрана за приближување на 50 метри.
Откако случајот пукна и доби голем публицитет во медиумите и јавноста и откако политичките моќници (куќни пријатели) видоа дека случајот нема да може да се менаџира на начинот на кој што замислиле, менуваат тактика. Сега, утврдија дека обвинителот кој постапувал бил куќен пријател на обвинетиот и го менуваат, само што не кажаа дали тој самиот кажал за релацијата или некој друг тоа го утврдил. Новиот обвинител бара притвор и судот го одредува притворот. Со право народот се прашува, ако случајот не беше медиумски покренат, дали воопшто ке имаше смена на обвинителот и дали воопшто ке беше побаран и одреден притвор? Колку вакви случаи досега поминале со куќен пријател?
Од тоа што и денес го пишуваат медиумите (а и вчера), обвинителот не е сменет, останува истиот и демантирана е таа шпекулација од сега, што само по себе е апсурдно со оглед дека повеќе од јасно беше, со оглед на тоа што се случи, дека он постапува на пријателска база, не гледам друга основа како иначе првично беше пуштен да се брани од слобода после све што направил таа вечер.

Него у затвор го врати само притисокот од јавноста, доколку ова не допреше до истата, односно, доколку не беше статусот на неговата мајка за кој пар искривени тука се фатија ко слеп за стап немајќи капацитет у нивните безмозочни глави да ја видат големата слика, он ќе си беше на слобода и моментално ќе пиеше кафе некаде покрај езеро.

Останува прашањето зашто првично беше пуштен на слобода, останува и прашањето дали и други инволвирани во овој случај ќе завршат во притвор, како неговиот татко на пример.
 
Back
На врв Bottom