Црна Хроника

  • Креатор на темата Креатор на темата Macka12345
  • Време на започнување Време на започнување
Еден колега од работа го остави жената лани и му го зема детето, колегата заврши на психијатрија, а летово, иако разведени, отидоа на одмор со детето, поради детето, чисто службено, спиеле во различни соби. Таков ни е законот, за жал, детето по автоматизам припаѓа на мајката додека е мало. Сега колегата е одличен, без жена, без проблеми, no woman no cry, спортува, излегува, се дружи, позитивен е повеќе од било кога. Жена што ќе смисли, остварува, екстремна варијанта е да се претвори во Медеја. Кој ја прочитал "Медеја" од Еврипид, ќе знае.
 
Освен во лудило никогаш нема да се претвори во Медеја.
Како што опиша, ќе му ги земи децата, ќе се влечкаат по судови, ќе тераат инает, свашта сум сретнала ама да си ги убие со сопствени раце, тоа при здрав разум не може.
 
Нема да пишам коментар, само ќе го оставам ова тука.

Обвинителството тврди дека таа свесно, смислено и пресметано ги убила своите деца и бара доживотен затвор без право на условно ослободување, отфрлајќи го тврдењето дека за ова е целосно виновен медицинскиот систем.

обвинителството изнесе материјални докази од претресот на куќата. Тие ги покажаа шишенцата со лекови издадени во неделите пред убиството и прецизно ги избројаа преостанатите таблети
Обвинителството докажува дека иако лекарите и препишувале различни лекови за да најдат соодветна терапија, Линдси не подигнувала или едноставно не ги пиела повеќето од нив.
Бројот на преостанати апчиња во шишенцата покажува дека таа воопшто немала високи концетрации на лекови во организмот кои би предизвикале психоза. Токсиколозите на обвинителството сведочеа дека нејзината крвна слика по падот не покажува акутно труење или токсично предозирање со супстанции.

Обвинителството во своите три недели изнесување докази повика десетици медицински лица, психијатри и медицински сестри кои ја третирале Кланси во болничките установи во декември 2022 и почетокот на јануари 2023 година.

Ниту еден од нејзините лекари во нивните официјални белешки и сведоштва на судот ниту еднаш не забележал знаци на манија, делузии или психоза. Иако таа пријавувала депресија, вознемиреност и суицидални мисли (мисли за самоубиство), лекарите посведочија дека таа секогаш била присебна, логична и целосно свесна за реалноста.
Според нив, медицинскиот третман бил соодветен за симптомите што таа свесно ги презентирала.

Обвинителството ја опишува Линдси како исклучително организирана личност која точно знаела што прави, а не како некој кој изгубил допир со реалноста.

Обвинителството ги презентираше нејзините пребарувања на интернет и белешки на телефонот. Неколку недели пред настанот, таа детално истражувала поими како „психоза“, „халуцинации“ и „неурачунливост“. Обвинителите тврдат дека како поранешна медицинска сестра, таа намерно го истражувала и го подготвувала својот медицински изговор за подоцна да се повика на непресметливост.

Најсилниот аргумент за планирано убиство е начинот и моментот кога е извршено делото.

На денот на убиствата, Линдси прецизно пресметала колку време му е потребно на нејзиниот сопруг да отиде до најоддалечениот ресторан за да земе храна и да помине преку аптека (пресметка на време преку Apple Maps). Штом тој излегол, таа ги задавила трите деца едно по едно со користење на ленти за вежбање (лигатури).

Обвинителството, повикувајќи се на медицинските вештачења, нагласи дека за давење на три деца со јаже е потребно физички напор од неколку минути континуиран притисок за секое дете поединечно. Според нив, тоа не е моментален импулс или краткотраен „напад“, туку свесна и ладнокрвна одлука која траела со минути.

Обвинителството фрла сомнеж и врз нејзиниот обид да си го одземе животот.

Тие тврдат дека нејзините исеченици на вратот и зглобовите биле површински и недоволно длабоки за да предизвикаат смрт, а нејзиниот скок од прозорецот на вториот кат бил изведен во моментот кога слушнала дека сопругот се враќа дома.
Обвинителството тврди дека таа го „фабрикувала“ обидот за самоубиство за да изгледа како трагедија предизвикана од лудило во очите на јавноста и полицијата.

Четири дена пред трагедијата (на 20 јануари 2023), од нејзиниот телефон било пребарувано: „Дали може да се излекува социопат?“ (Can you treat a sociopath?
...можеби и биле препишани многу лекарства, ама таа не ги испила, можеби се јавила во повеќе болници за психолошката состојба, но била најнормална во разговор со медицински лица, а тоа што барала на НЕТ околу „социопат“ не е туку така кога самата е иста медицинска сестра и многу добро знае што значи тоа.

... жена со психопатски црти или тешко пореметување на личноста од екстремна љубомора и желба за контрола може да направи опасни работи, па дури и да ги загрози сопствените деца за да го спречи мажот да си замине, нивната цел е да го казнат партнерот или да го врзат со трагедијата, ги користат децата како оружје за уцена свесно да ги повредат или занемарат децата за да му нанесат болка на мажот, се закануваат со сопствено или туѓо самоповредување за да го привлечат неговото внимание и да го натераат да не си оди и да се врати.

... психопатијата е трајна карактерна особина и пореметување на личноста, а не моментална состојба, таа се развива низ комбинација од генетски фактори (наследност) и влијанија од околината, трауми во детството, занемарување, злоставување или растење во несигурна средина можат да ги „активираат“ овие генетски предиспозиции, ова не е нешто што се појавува наеднаш поради стрес или љубомора.

... психопатските црти (недостаток на емпатија, манипулација, лажење без грижа на совест) се присутни во текот на целиот живот на личноста, прикриената психопатија или тешките пореметувања на личноста можат да бидат вешто маскирани со години, а да излезат на површина наеднаш кога личноста ќе ја изгуби контролата или ќе биде оставена.

....психопатите и лицата со тешки нарцисоидни пореметувања можат со години да глумат совршени сопружници, грижливи родители или успешни луѓе во општеството бидејќи одлично ги копираат емоциите на другите, кога партнерот ќе реши да замине, прикриениот психопат го доживува тоа како максимален пораз и губење на контролата, тогаш маската паѓа, а на површина излегуваат суровоста, ладнокрвноста и подготвеноста за одмазда, нивната љубомора не произлегува од љубов, туку од чувство на сопственост, тие го гледаат партнерот како предмет, ако предметот сака да си замине, тие се подготвени да го уништат (нема совест, нема каење).

... Отелов синдром или сулуди идеи за неверство и напуштање), во таква состојба, личноста целосно губи контакт со реалноста и станува непредвидлива и екстремно опасна за околината, вклучувајќи ги и децата.

- Отеловиот синдром познат и како лудачка или психотична љубомора) е тешко психичко пореметување во кое едно лице е цврсто, фиксно и без никаков реален доказ убедено дека неговиот партнер го изневерува, името го добило по ликот Отело од познатата драма на Шекспир, кој ја убива својата сопруга Дездемона поради лажно сомневање за неверство.

Ниту прва, ниту последна со такво психопатско однесување, жалосно за невините деца, како не успеале било кои благовремено да ги отргне од таква особа, све друго е обид за оправдување, жртви се само децата!
 
Неверојатно е до каде оди подршката на мајки убијци на деца, мислам го видовме и претходно со случајот кај нас, ама овде каде што се задавени три мали деца, каде не може да се каже дека бил момент на афектна состојба. Не постои афект кога давиш три мали деца, едно по едно.

Сега кривицата е кај мажот бидејќи

-отишол на скијање откако ја оставил жена му во болница
-се преженил многу кратко откако жена му ги убила децата
-шетал и излегувал со другари премногу

:popce:

Инаку денес пред судот се собрале „мајки„ облечени во розево да ја подржат „мајкава„

Opera-Snapshot-2026-08-20-162826-www-google-com.png
 
...траумите во детството можат да бидат клучен фактор за развој на психопатско однесување, особено кај таканаречената секундарна психопатија или социопатија, додека примарните психопати се раѓаат со генетски дефект во мозокот (немаат страв и емпатија по природа), секундарните психопати го развиваат ова однесување како директен механизам за преживување поради екстремно тешко детство.

20260819_194105.jpg

... ако една личност има трауматично детство (на пример, доминантни, агресивни или емоционално студени родители), таа можеби научила дека напуштањето е најголема закана, кога можеби мажот сакал да си замине, кај неа се активирала старата детска траума на напуштање, но наместо со тага, таа изреагирала со одмазда, деструкција и психопатска потреба да ја врати контролата по секоја цена дури и преку децата.

... погледот е насочен право напред, со речиси целосно отсуство на емоции (нема тага, нема лутина, нема среќа), очите изгледаат рамни и „празни“, ладен поглед, сите мускули на лицето се опуштени, но во исто време и вкочанети, нема микро мимики околу очите или усните кои би покажале знаци на моментална грижа, страв или нервоза, усните се споени во права, тенка линија, што често во психологијата на изрази означува внатрешна контрола, потиснување на емоции или целосна емоционална исклученост од околината, буквално лицето изгледа како „маска“!
 
Вака?

IMG_3093.jpeg
 
Прегледај го приврзокот 485479

аман, какво е тоа трауматско детство. Многу шеќерасти сте биле вие. Од дедо прадедо па и наша генерација сме јаделе сукало или ќутек. Убив некого?

И Дахмер имал лошо детство и Чикатило и Хернандез. И нашите имале тешко трауматско детство. Македонците од Егејот уживале.
Со тие теории што и да била, сега е убиец. Убиец на свои деца еееј. Сите мајки во животинскиот свет очи ќе ти ископаат ако дирнеш у негово чедо, само ние се вадиме на некоеси детство.
Со вакви теории за некоеси тешко детство, ништо од бизнисот. Она веќе била у аут со глаата пред да убие.
 
Остај ти ќотекот шо сме го јаделе како мали, ќе ми залепи мајка ми една оти комшивката ме фати на слива качена.
Има деца силувани, малтретирани од очуви, маќеи, оставани сами додека родителите му се дрогираат и дилаат, на такво детство се мисли, мада шо овде не вервам да е тоа причината
 
Било што да е причината, споменатите сериски убијци поминале сито и решето. Но, тоа не ги исклучува системот да ги казни со смртна казна или неколку доживотни робии.

Инаку има и такви деца како што ги спомна ама ако сите почнат да убиваат, кај ни е крајот. Секоја недела читаме некој татко напатствувал сопствено дете, мајка си продава ќерката за пари, надрогирани и пијаничишта лом праат по дома. Тоа не значи дека станале убијци, посебно на свои деца.
А контра ова имаш и деца во рај израснати со сите ќефој и пак излагаат психопати, насилници, силувачи и убијци.
До мозокот и гените е, не до детството. Таа веќе била штракната.
Домците што мислиш како живеат?
Автоматски споено мислење:

Башка докторката пишува за
(на пример, доминантни, агресивни или емоционално студени родители)
а не за наркомани и сексуални деликти. По таа логика, сите ние генерации наназад требало да убиеме по некого?.
 
Нема потреба од правење психолошки профил на Медеја: социопат, психопат, афект, отсуство од емпатија, злоставување во детство, нема потреба да се бараат причините кога последицата е јасна, чедоморство, тоа го нема ни кај животните.
 
Неверојатно е до каде оди подршката на мајки убијци на деца, мислам го видовме и претходно со случајот кај нас, ама овде каде што се задавени три мали деца, каде не може да се каже дека бил момент на афектна состојба. Не постои афект кога давиш три мали деца, едно по едно.

Сега кривицата е кај мажот бидејќи

-отишол на скијање откако ја оставил жена му во болница
-се преженил многу кратко откако жена му ги убила децата
-шетал и излегувал со другари премногу

:popce:

Инаку денес пред судот се собрале „мајки„ облечени во розево да ја подржат „мајкава„

Opera-Snapshot-2026-08-20-162826-www-google-com.png
Истиве овие се борат за абортирање на деца во 34-35та недела од развојот . Феминизмот се претвори во страшна секта.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
48cd1bbe2c6dce857da28f2b17b2bd8d.jpgimages.jpg XXX.jpg192586553-gemini-zodiac-sign-represented-by-two-male-youths-neon-horoscope-symbol-in-circle-wi...jpg

Таа и Тој - хороскопски знак

... ако го погледнеме профил на Линдзи Кленси според астролошките карактеристики во астрологијата каде нејзин роденден 11 август (чист знак Лав) , знакот покажува дека има вродена потреба да биде кралица во својот дом, да биде обожувана и да има целосна контрола врз семејната слика, таа тешко поднесува негирање или кога некој друг (па дури и сопствените деца) ќе му го одземе вниманието на партнерот.

... најголемиот страв за еден Лав е јавно понижување и отфрлање, а ако мажот решил да ја остави и да си испланира друг живот, за нејзиното его тоа не е само обична разделба — тоа е целосно уништување на нејзиниот „трон“, ако Лавот не може да владее и да биде сакан, кај нездравите профили на овој знак се јавува нагон за одмазда по принципот: Ако не си мој, нема да бидеш ничиј и ќе го уништам она што најмногу го сакаш за да те запечатам за цел живот“.

... мажот во хороскопски знак Близнаци, ментално брз, сака комуникација, но мрази тешка посесивност и емоционално гушење, кога ќе почувствува дека партнерот го контролира, тој почнува ментално да се исклучува и да си планира излез, знаат да бидат пресметливи, емотивно дистанцирани и со зборови да го „боцнат“ партнерот таму каде што најмногу боли (во суетата), за една жена Лав која бара драматична и апсолутна посветеност, ладнокрвноста и подготвеноста на Близнакот едноставно да продолжи понатаму без неа е најголемиот можен тригер за бес.

Лавот ја дава суровоста на одмаздата (кралски бес кој сака да казни со максимална трагедија), Близнакот ја дава причината за бегство (бидејќи тој веќе го свртел листот и гледа напред, игнорирајќи ја нејзината драма).

... кога психопатскиот ум на жена Лав ќе сфати дека мажот Близнаци веќе емотивно заминал и дека неговиот ум не може да го контролира со убаво, таа преоѓа на најрадикалното оружје — шок и елиминација, жртвувањето на децата во тој изопачен ум е начин Лавот засекогаш да му го уништи животот на мажот кој се осмелил да ја отфрли.

... кога ќе ја пренесеме оваа метафора во вистинскиот животински свет, кога нов, посилен мажјак Лав ќе го победи стариот водач и ќе го преземе чопорот, неговата прва акција е да ги убие сите постоечки мали лавчиња во чопорот. Лавот не сака да троши енергија и ресурси за да одгледува туѓи деца (од претходниот мажјак), со елиминирање на младенчињата, кај лавицата веднаш (по само неколку недели) се ресетира хормоналниот статус и таа повторно е подготвена за парење, на тој начин, новиот Лав ја принудува да роди негови сопствени деца за да ги пренесе своите гени.

... ова ладна, биолошка пресметка за контрола над женката. кога лавицата ги жртвува сопствените млади, науката бележи дека вистинска лавица може да го напушти или жртвува своето лавче само под две услови ако тоа е премногу болно, слабо или деформирано и нема шанси да преживее во дивината, или при екстремен глад и стрес кога мора да го спаси сопствениот живот за да може во иднина пак да роди.

... во изопачениот човечки ум на жена психопат (која се идентификува со оваа „кралска“ надмоќ на Лавот), логиката се превртува таа ги жртвува децата за да го казни или да го ресетира мажот кој сака да си замине, тоа е суров обид да се покаже дека таа е газда на животот и смртта во нејзината „територија“онаа во која човечкиот ум, воден од патолошка желба за контрола, посесивност и одмазда, е подготвен да го направи најнезамисливото злосторство - чедоморство!
 
Истиве овие се борат за абортирање на деца во 34-35та недела од развојот . Феминизмот се претвори во страшна секта.
Другар, на овие простори и пошироко уште од неолит доминира матријархатот, но оној здравиот принцип, култот кон мајката, природата, раѓањето и новиот живот, култот кон жената како основа, столб на животот, восхит и почит кон женското суштество. Потсети се колку археолошки пронајдоци и артефакти има на фигура на Големата Божица на плодноста, а од семантички аспект и декодирање на прастариот јазик, односно јазикот што се зборувал во целиот антички свет се доаѓа до резултати кои се друга тема на дискусија. Во секој случај, денешниот матријархат(тоа е реалноста, сакаш признај или не) добива поинаква деструктивна насока со пропаганда од страна на движење кое се нарекува феминизам, односно скриен облик на сатанизам, со единствена и нехумана цел: "Луѓе, престанете да се размножувате".
А можеби и природата така сака, вели Вие луѓето сте вирус на Планетата, 8 милијарди, колку бевте пред 100 години, се ширите како вирус и ја уништувате цела Планета.
 
778664663-1364839845861056-628602121503891191-n.jpg
 
Back
На врв Bottom