Еден колега од работа го остави жената лани и му го зема детето, колегата заврши на психијатрија, а летово, иако разведени, отидоа на одмор со детето, поради детето, чисто службено, спиеле во различни соби. Таков ни е законот, за жал, детето по автоматизам припаѓа на мајката додека е мало. Сега колегата е одличен, без жена, без проблеми, no woman no cry, спортува, излегува, се дружи, позитивен е повеќе од било кога. Жена што ќе смисли, остварува, екстремна варијанта е да се претвори во Медеја. Кој ја прочитал "Медеја" од Еврипид, ќе знае.