Мислиш на Чоколисимо Поаро, Чоколисимо Холмс, Чоколисимо Дупин, Чоколисимо Бланк, Чоколисомо Марпл, Чоколисимо Марлоу. Нема читано за психопати, не ги ни разгледала елементите на делото, пред се мотивот, го прочитала насловот и знае да препознае патерн. Има еден квалитет, а тоа е има желба да се распрашва низ комшилук кој, што, кога, како и зошто. Некој нешто ќе разбере, преку расипан телефон ќе дознае и она, малку криво, и ќе пренесе натаму. И така се формира магичен круг. Така, татко и на Вања беше дежурен виновник се до самиот крај.
Дури и да знаеш дека некој е темпирана бомба, не можеш да му правиш надзор 24/7. Таквите обично се и многу параноични, дури и да имаат предбележан мотив, веќе и намера да го извршат делото, можеш да детектираш, но не и да превенираш. Еве, му се заканувал на Заев пред години, оттогаш нема направено правен престап. Станува збор за имотно-правен спор, значи од лична природа, а не од верска, етничка или идеолошка. Ама според ова што го прочитав, класична дефиниција за клерофашист. Ако добро ме држи сеќавањето, протестираа и за законот за јазиците. Па и тука имаше некој наратив на милитаризам.