- Член од
- 15 ноември 2022
- Мислења
- 354
- Поени од реакции
- 478
Јас колку што знам атентаторите на ВМРО или Ќосето не убивале луѓе од зад грб затоа што го сметале за кукавичлук, а исто така не убивале ни луѓе кои се физички немоќни. Според беретката што ја носи се гледа дека е забеган.На 25 март, осомничениот 53-годишник од тетовска Брвеница од користољубие лишил од живот едно лице. Делото го извршил во куќата на оштетениот во Охрид, со цел да го спречи сега починатиот Климе Митрески да го раскине договорот за доживотна издршка кој го склучиле кај нотар во февруари 2025 година. Според договорот, осомничениот по смртта на оштетениот требало да добие голем имот. Но оштетениот веќе презел дејствија за раскинување на тој документ. По вербална расправија околу одлуката на оштетениот да го раскине договорот, осомничениот од зад грб физички го нападнал, го совладал на подот и го удрил со бокс неколку пати во главата. За цело време го држел оштетениот со едната рака преку устата и носот со што му го спречил дишењето и кај него предизвикал смрт. Откако се уверил дека жртвата не дава знаци на живот, го напуштил местото. Присуството и дејствијата на осомничениот во критичниот период се евидентирани на снимки од видеонадзор поставен во куќата на оштетениот, а во текот на претходната постапка обезбедени се и други снимки од видеонадзор за неговото движење, како и други материјални докази.
Автоматски споено мислење:
Тиквар на Ќосето не му сметале тие туку тие што крадат, лажат и вакви убијци.Се накотиле неолибералниве куртони....Ќосето за вас само.


