Црна Хроника

  • Креатор на темата Креатор на темата Macka12345
  • Време на започнување Време на започнување
И на форумов има неколку вакви.
Само на странава досега коментираа двајца со психопатски профил, сличен на него и Палчо. Чудно е што истите тие, што тогаш, при случајот со Вања, се правеа ,,детективи”, се појавија и тука.
Дали се сега тие тука со нас во собава?
 
Screenshot 03-28-2026 23.47.03.png

... како бе ваква омилена страница, а ваков патриот, затоа не лежел 2019 год поради изјавата и го пуштиле по информативен разговор цццц цццц скроз наскроз збунувачки, не се знае кој јаде кој пие, а што е вистина, ова филм да се снима во Холивуд, заплет, убиство, расплет ќе бидне ли, невидено! :facepalm:
 
I ubiecov ne saglam ama i ubieniov ne cinese, iskaran so site deca, bivsi udbas pa pred da bide ubien najgolem patriot. Vo kovidot imase prijava deka davel nekoj negov poznanik so sindzirot so koj go shetase kuceto. Pa kaj se pogodilo dogovorot za dozivotna izdrska kaj moj poznanik da go pravat pa posle 1 nedela se premislil ke go ponistel pa ke go tuzel na doktorov pa posle se smirile... i pak vo krug.
 
Баш пред некој ден ми текна и сакав да пишам во темата за контроверзно мислење, ама веќе беше тагиран друг.

Деновиве беше актуелна еутаназијата на 25 годишна девојка од Шпанија која е била силувана од мигранти и пробала да се самоубие ама останала инвалид. Коментарите на ваквите религиозни фанатици беа многу тешки за читање, од носење по манастири до вадење ѓаволи од неа, и на крај колнења и да горела во пеколот, а оддолу некои псалмови од библијата. Какви ретардирани психопати има помеѓу тие фанатично религиозни маси тоа е нешто неверојатно. Скоро сите се 55+, профилот им е пун со икони и молитви, и писменоста им е едвај на основно ниво. Познавам и лично вакви ултра фејсбук верници, а во животот секојдевно ги прекршуваат пола од 10 Божји заповеди. Единствена поретардирана маса од партиските стаорци се вакви фанатични “верници”.

Милион посто е некое психичко нарушување и преку религијата наоѓаат начин да се оправдат самите себеси и да си го “растоварат” емоционалниот товар.
 
Последно уредено:
Зависи у која ситуација ги гледаш, 2001 кога гинеа за државава беа асални.
Ваквите гинеа за државата? Ти дали си нормален бе :pos:. Пола од овие ваквите сечеа вени по кафани со беретки со бради, а после договорот влегуваа во Лавовите и така се направија борци. Има еден поткаст со Антонио кај Ландов и гледај го (првиот дел).
 
Пола и више од овие (вклучувајќи ги и 27машиве), полу криминалци и штабски будали од дремење по кафани или касарни не виделе подалеку ... и нормално по некоја слика за доказ :) и после секој алкохоличар и маалска бараба испадна "бранител', а тие стварно што правеле нешто отидоа у заборав.

Имаше еден убав цитат од не ми текнува кој за војната у Хрватска (исто земја со екстремно напумпан број "бранители") у стил "Хрватска стварно да имаше толкав број активен број војници, фронтот ќе беше во Ниш, не во Вуковар" :)
Уште кога беше случајот со Вања напишав дека сите вакви ликови треба да се под лупа на мвр
Овие луѓе се под лупа на МВР, ама заради други причини :) if you know what i mean.
 
Последно уредено:
И на форумов има неколку вакви.
Само на странава досега коментираа двајца со психопатски профил, сличен на него и Палчо. Чудно е што истите тие, што тогаш, при случајот со Вања, се правеа ,,детективи”, се појавија и тука.
Мислиш на Чоколисимо Поаро, Чоколисимо Холмс, Чоколисимо Дупин, Чоколисимо Бланк, Чоколисомо Марпл, Чоколисимо Марлоу. Нема читано за психопати, не ги ни разгледала елементите на делото, пред се мотивот, го прочитала насловот и знае да препознае патерн. Има еден квалитет, а тоа е има желба да се распрашва низ комшилук кој, што, кога, како и зошто. Некој нешто ќе разбере, преку расипан телефон ќе дознае и она, малку криво, и ќе пренесе натаму. И така се формира магичен круг. Така, татко и на Вања беше дежурен виновник се до самиот крај.

Дури и да знаеш дека некој е темпирана бомба, не можеш да му правиш надзор 24/7. Таквите обично се и многу параноични, дури и да имаат предбележан мотив, веќе и намера да го извршат делото, можеш да детектираш, но не и да превенираш. Еве, му се заканувал на Заев пред години, оттогаш нема направено правен престап. Станува збор за имотно-правен спор, значи од лична природа, а не од верска, етничка или идеолошка. Ама според ова што го прочитав, класична дефиниција за клерофашист. Ако добро ме држи сеќавањето, протестираа и за законот за јазиците. Па и тука имаше некој наратив на милитаризам.
 
не знам како е правно, али сега милионот овој сепак го добива? Ако е така ќе биде многу иронично убиец да биде награден за тоа.
 
И бонус му следува, само ќе треба да чека наредна фискална година да му ги префрлат парите.
 
немаш познавање од материјава и солиш памет. Они имале договор меѓу нив кои овој докоторов не сакал да го раскине. Правно он е избран да наследи.
 
Не знам што да кажам. Ако е вистина ова, тогаш ми е многу жал за неговото семејство затоа што ќе си го носат тој товар на грб. Фини луѓе се.
 
Мислиш на Чоколисимо Поаро, Чоколисимо Холмс, Чоколисимо Дупин, Чоколисимо Бланк, Чоколисомо Марпл, Чоколисимо Марлоу. Нема читано за психопати, не ги ни разгледала елементите на делото, пред се мотивот, го прочитала насловот и знае да препознае патерн. Има еден квалитет, а тоа е има желба да се распрашва низ комшилук кој, што, кога, како и зошто. Некој нешто ќе разбере, преку расипан телефон ќе дознае и она, малку криво, и ќе пренесе натаму. И така се формира магичен круг. Така, татко и на Вања беше дежурен виновник се до самиот крај.

Дури и да знаеш дека некој е темпирана бомба, не можеш да му правиш надзор 24/7. Таквите обично се и многу параноични, дури и да имаат предбележан мотив, веќе и намера да го извршат делото, можеш да детектираш, но не и да превенираш. Еве, му се заканувал на Заев пред години, оттогаш нема направено правен престап. Станува збор за имотно-правен спор, значи од лична природа, а не од верска, етничка или идеолошка. Ама според ова што го прочитав, класична дефиниција за клерофашист. Ако добро ме држи сеќавањето, протестираа и за законот за јазиците. Па и тука имаше некој наратив на милитаризам.
Не, алудирав за истите тие што го бранеа Палчо и компанија.
 
Добро, тука е детектив Би. Она има поинаков, методичен пристап на опсервација: секој вмровец е невин иако се докаже спротивното.
 
Мислиш на Чоколисимо Поаро, Чоколисимо Холмс, Чоколисимо Дупин, Чоколисимо Бланк, Чоколисомо Марпл, Чоколисимо Марлоу. Нема читано за психопати, не ги ни разгледала елементите на делото, пред се мотивот, го прочитала насловот и знае да препознае патерн. Има еден квалитет, а тоа е има желба да се распрашва низ комшилук кој, што, кога, како и зошто. Некој нешто ќе разбере, преку расипан телефон ќе дознае и она, малку криво, и ќе пренесе натаму. И така се формира магичен круг. Така, татко и на Вања беше дежурен виновник се до самиот крај.

Дури и да знаеш дека некој е темпирана бомба, не можеш да му правиш надзор 24/7. Таквите обично се и многу параноични, дури и да имаат предбележан мотив, веќе и намера да го извршат делото, можеш да детектираш, но не и да превенираш. Еве, му се заканувал на Заев пред години, оттогаш нема направено правен престап. Станува збор за имотно-правен спор, значи од лична природа, а не од верска, етничка или идеолошка. Ама според ова што го прочитав, класична дефиниција за клерофашист. Ако добро ме држи сеќавањето, протестираа и за законот за јазиците. Па и тука имаше некој наратив на милитаризам.
Чичо излези малце надвор нека те фати сонцето убо е за коските
 
Чичина, веќе сум надвор, на сонце. Излези и ти надвор, бебушот нека го види небото, нека го фати воздух. Вака гледа во таван додека мајка му се расправа на форум.

пи.ес. Ова чичко нема да ти го простам! :backa:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom