... јас лично сум збунета од ситуацијава со здравствениот работник од КАРИЛ, прво во ниеден случај кога веќе јавно се кажува за извршено убиство, никогаш јавно не се изнесувало толку лични податоци на „убиецот“ (име презиме, што работел, каде живел, член на кои организации ...итн) се додека не седне на обинителна клупа и биде осуден со обострано обвиниение/одбрана и нивни докази, се пишувало само иницијали години и ништо друго, ова како прва сомнителна работа.
... втора сомнителна работа, зашто само неутврдени и различни коментари од новинари, а зашто не и коментар од „убиецот“, да рече самиот „го убив поради то и то“ или „не го убив, не сум крив“ или „не коментирам само со адвокат“, штом се има докази видео снимки од околните камери како што се пишува, што се чека, брзопотезно судење и казна за отслужување, зошто таква фама и што е важно тука закана кон З.З. од ФБ, колку закани имало такви на ФБ од рандом профили, односно дајте да ја прочитаме „заканата“, односно напишете кога бил притворен и затворен поради таа закана, а не така паушал, затоа што вака изгледа ама баш како - наместена работа!
... на недокажана работа, веќе јавното мислење се сврте против него да го линчува, здравствен работник со три деца, каде ќерката гинеколог, синот доктор на ургентен, со нова куќа, внуци, работна позиција со добра плата во здравствена установа на Клиника КАРИЛ, зашто би го сторил тоа убиство се вели „за пари имот“, па тој веќе бил обезбеден до второ колено, не ми држи тука дека е таа причината!
... трето, зашто не се пишува нешто поопширно за убиениот, туку само за „убиецот“, ако го нашле неговите роднини мртов во куќата која со нотар му ја доделил на „убиецот“ како тоа на непознат да се даде имот, ако имал роднини кои веднаш го нашле мртов? хм, како се познавале до толку во дистанца од 200 км (Охрид-Брвеница) овие двјацата, па да овој 53 год. се грижел и го гледал 76год, кој веќе си имал роднини овој во Охрид, зашто странец?
... и уште многу нелогичности од двете страни, некако се надевам дека ќе биде правично судењето вистинскиот кривец и убиец да биде казнет!