Не знам зошто кога станува збор за жена (иако во случајов жената е поголемиот насилник нажалост) и насилство сета логика излегува од дискусијата и тврдењата како требало да биде се извадени буквално од некојси идеален концепт кој никаде воопшто и не постои.
Дали кога преминувам пешачки на зелено пак вртам глава лево и десно за секој случај или одам со мижење затоа што институциите не треба да дозволат некој дивјак да помине на црвено? Ете и некој кој би бил со одземено возило, одземена возачка пак ќе најде начин да дивее и да те собере на хауба. Пак ќе ги кривиш институциите или сепак треба и ти да обрниш внимание пред да поминеш на пешачки?
Ти сеуште одбиваш да установиш основни факти (дали била суицидна на пример) а истовремено наложуваш дека тоа било поради тортурата која ја трпела 7 години. Едно со друго немаат смисла. Најголемиот проблем кај жртвите од семејно насилство е што навистина немаат каде. Овде тоа не било случај, што те прави учесник а не жртва. Се сеќаваш од прва излегоа написи и оправдувања како немала избор итн. Не само што имала избор, туку и не прифаќала ништо друго. До толку што и чедото си го убила за да му наштети на партнерот. Да, непотрвдено е засега дека се заканувала пред дејствието, ама од она што досега и изјавено воопшто не е шокантно.
Жртва не убива невино дете, учесник го прави тоа од одмазда.
Според твојава логика, доколку пешак поминува на зелено, и притоа е собран од ауди кое вози 200 км/час во зона со 50, и притоа возачот е со 10 пријави за брзо возење/возење под дејство, кривицата е во пешакот. Имал избор, можел да помине улица на други места, не морал баш тогаш да поминува.
За луѓето кои изгореа живи во Кочани кој е крив, државата што 15 години уназад створила плодна почва за таква рупа без никаква дозвола да функционира како дискотека, или виновни се луѓето кои се пронашле таму?
По твојата логика, утре кога ќе влезеш во маркет да пазариш, треба да побараш градежен елаборат од општина за да се осигураш дека објектот е граден по сите прописи, треба да побараш декларација за производите, исто за да се осигураш дека тоа што го купуваш е по некој безбедносен стандард, да побараш образец на вработената дека е пријавена во УЈП. Но, не го правиш тоа, бидејќи има некој кој е платен и има законска должност да ги регулира сите тие работи, бидејќи како граѓанин на една држава, имаш цела низа права кои државата МОРА да ти ги обезбеди. Значи тоа не е прашање на сакам/не сакам, државата има законска обврска да обезбеди заштита на сите граѓани преку низа државни инструменти. И за тоа има еден куп вработени кои ги финансираш ти. И тоа не е некој идеален концепт, тоа се основни права загарантирани со Устав.
И пак се вртиме во круг, тоа што за тебе е очигледен избор, е така бидејќи гледаш низ некои твои идеали очила. Зошто не го пријавила, како да пријавувањето е така, одиш во полиција натепана, они така полни со емпатија те земаат, викаат цср, они доаѓаат експресно, ти даваат засолниште и тебе и детето, добиваш бесплатно правно застапување, а полицијата си ја тера постапката со насилникот. Судот ги решава работите прилично брзо и сите си живееме среќни.
Во реалност, уште кога ќе се појавиш во полициска станица, првиот контакт со полицијата ќе те натера да си ја подвиткаш опашката и да си се вратиш дома. Па ако има некој познаник таму, одма ќе зврцка на тепачот да дојде, и во најголем број од случаите нема ни да стигнеш до процесот на пријава. Доколку си стигнал до таа точка, следен ден треба да си одиш во цср, сам да си пријавиш, а во меѓувреме сам да си бараш засолниште.
Доколку немаш приходи ( а најголем дел немаат, бидејќи или не смеат да работат, или се финансиски контролирани ), доколку немаш fallback од фамилија, единствено што може да направиш со тоа пријавување е да се сликаш. За некролог.
Пријавата од полиција до цср, за инцидентот кога ја турнал по скали, со детето присутно на инцидентот, патувала 45 дена. За 45 дена он може да ја убие уште 45 пати.
Дали она имала кај да оди, не знаеме. Не знаеме ни дали била во работен однос, ниту па дали имала блиска фамилија кои биле спремни да и помогнат.
Дали била суицидална, тоа си има служби кои требало да утврдат! Имало пријави, цср била во контакт со нив. И не станува човек суицидален така од чиста мира. Колку само случаи на самоубиство има од PTSD, а во овој случај имаш жртва која е и психички и физички уништена,
донесена во таква ментална состојба да избере смрт за да си ги олесни маките. И притоа во таква состојба на делузија, одлучува дека е подобро да го земе и сопственото дете со себе, за да го заштити од опасност. Далеку од рационално размислување, но со оглед на околностите, не е ни неочекувано.
Како држава општо, оперирани сме од концептот на лична одговорност, секогаш виновен е некој друг. Ама во вакви случаи, да барам лична одговорност на некој што бил изложен на катадневен ќотек, повеќекратни обиди за убиство, психичка и физичка тортура, не ми паѓа ни на крај памет.
Тежок е настанот, и сите на темава се обидуваме да дојдеме до заклучок зошто се случило ова. Тоа не значи дека некој одобрува убиство/самоубиство. Но, мора да се крене свеста за ваквото насилство и да се даде до знаење до каде може да ескалира, за истото да се превенира. Истовремено да се покажат дупките во системот ( а очигледно ги има многу ).
И наместо да покажеме дека извлекуваме поука и знаеме како да продолжиме при идни вакви случаи, ние тука на тапет ги ставаме сите жртви, со изговор дека имаат избор.
Имаат избор и мажите, да не вршат насилство, ама тоа некако никој не го коментира.