KajzerS
Учителот од Кукуш
- Член од
- 18 февруари 2015
- Мислења
- 222
- Поени од реакции
- 640
- Возраст
- 36
Две работи:
1. Не мора физички некој со раце да те бутне, за да те убие. Ова е класичен случај на убиство од страна на мажот, а не на самоубиство.
2. Најлошо решение е ова се согласувам, но исто така катастрофално е и тоа што некој член го спомна сама да рипнала без детето. На кого му го остава на овој свет тоа дете незаштитено? Да трпи се ова што досега трпеле, само сега само? Логиката и била јасна, веќе нема да трпиме ни јас ни ти семејно насилство и физичка болка, независно дали ќе сме на овој свет или не. Не сме во позиција да судиме, ниту да изигруваме паметни.
Енергијата да ја пренасочиме на наоѓање конечно решение за жените жртви на семејно насилство и вршење притисок за некој конечно да превземе нешто од тие што треба.
Јас спомнав сам да рипне. Што е детето должно да му се заврши животот скоро започнат?
Како немало кој да го згрижи детето? Баба ,дедо,вујко? Неможе да ми каже некој дека нема кој да се грижи за тоа дете.
Неможам ни да замислам низ каква голгота поминувала јадната жена,ама дете не си убиваш никогаш.
И братот со статусот... Пријавувале многу пати. Знаеме сите каква канализација е државава. Кога институциите не мрдаат со прст ,одиш и ќе си ја прибереш сестра ти и внуката.
Ќе го решиш проблемот на овој или тој начин.
Ејј да ја тепаат родената сестра и внуката на дневна база и да не реагираш соодветно? Ќе му ги искршам сите коски ,па ќе лежам. Подобро јас 3 години во затвор,него сестра ми и внуката два метри под земја.
А ќе видите дека овој скакулецов ќе помине скоро неказнет,за некоја година заборавен. На форумов ќе се пишува уште страна две па ќе се заборави скроз.
Животот ќе продолжи,некој ќе жали помалку,некој повеќе,ама само едно ќе е сигурно дека една кутра жена и едно детенце никогаш нема да ја видат светлината на денот,поради тоа што институциите не реагирале, пичката што тепала жени,и кукавицата од фамилија на жената што не ги заштитила.
Последно уредено: