5 години во врска со џанак, бог да ги прости ама некогаш и сами си ги прават проблемиве кога влегуваат со темпирани бомби во врски
Полицијата и судовите имаат најголема вина тука. Неколку пати пријавуван, физички напади, палење на возило а пред некој месец и пола град беше ишаран со навредливи пораки од страна на дотичниот па уште тогаш се виде дека е психо и кога тогаш ќе направи глупост
Не за џабе постои изреката: “куче да е, од фамилија да е”. Со право старите прашуваат “од каква фамилија е, на кого е, кој е, што е“. Тоа не е од лоша намера или желба за контрола, туку од чиста грижа, затоа што ниту еден родител не сака неговото дете да заврши во ваква трагедија. Животот ме научи дека има секакви луѓе, и мажи и жени, преваранти, манипулатори, насилници. Жените можеби почесто страдаат од физичко насилство, мажите повеќе од психичко. Разликата е што физичкото е видливо, болно очигледно и јавноста реагира, додека психичкото е тивко, подмолно и многу потешко се препознава.
Сепак, едно е клучно: жртвата не е крива. Вината секогаш е кај насилникот и кај институциите што не реагираат навреме и не ги штитат оние што барале помош. Ваквите трагедии само не потсетуваат дека мора да си ги отвораме очите пред да одлучиме да бидеме со некого, и да се запрашаме каков човек е, какво минато носи, дали е способен за почит и здраворазумен однос. Малите знаци на почеток најчесто се најголемите предупредувања.
А дали некогаш треба да му судиме на човек и според изгледот? За жал, да. Иако изгледот може да лаже, сепак многу често кажува нешто, од начинот на кој се однесува, со кого се дружи, каде излегува, како зборува, па дури и како пишува. Сите тие детали се сигнали кои не смееме да ги игнорираме.