Мора малку поостро, бидејќи вака меко од форум и Фб не постигнуваме нешто. Може да се тешиме дека го притвориле пак, ќе одговара за 3 смешки дела, 1 година казна затвор, пуштен после 9 месеци, пичкин дим сценарио, до утре ќе се заборави. Но, ајде како да не се заборави?
Па прво да се слушнат на Телеком разговорите, да се испотави дали навистина таткото давал совети на синчето да земе екипа и во провалија да фрлат телото, дали навистина тета се јавувала во болница да заташкаат и да пишат полесни повреди. Е откако ќе се најдат, да се пуштат како бомбите на Заев по Јутуб да циркулираат, тие исечоци да вртат на реклами, пред секои вести, на адс на Јутуб пред секоја песна, на секој билборд да ги има, цитатот фамозен заедно со лицето и името и презимето на тетката, таткото, насилникот, да се етикетирани каде и да одат, да немаат нормален живот тука, да мора да ја напуштат државата или да си пресудат самите. Да знаеш каков срам го чека утре некој ако се реши да си ја претепа партнерката. Кога веќе поостри казни и функционално судство ни се мисловни именки, вакво нешто и тоа како можеме, сме покажале дека можеме низ минатото нели. Доста се кријат луѓе зад “систем“, зад партија, зад грб, зад куро ми ленче, тие луѓе нелуѓе ака насилници имаат име и презиме, имаат лик, имаат и цитати по кои треба да ги запаметиме, дајте да им го исполниме нивното “знаеш кој сум јас“, “знаеш кои ми се родители“, ајде да им ја исполниме желбата па цела држава да дознае.