Counter Strike - Quarantine

  • Креатор на темата Креатор на темата Johnny B
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ке присуствувате на собирот на цс играчите?

  • Вкупно гласачи
    31
assault_upc се играше доста кај мене
 
Assault јас само една памтам кој најмногу се играше , се е исто само што под мостот нема мрежа и може да се помине да се врти позади мостот , а горе на истиот на крајот од мостот има врата преку која се влегува кај заложниците , така терорите не може да штекат внатре у хала ... мислам дека е newbassault , пребарав доста римејкови , мислам дека е оваа, бидејќи кантерите у база имаат зграда плус на која може да се качат... ако не оффис почесто да пуштате :)
Ако ја има во мапите на сервер ќе ја пуштиме и оваа, ако не ургенции кај @Agda Beata да ја симне и ископира во папката на сервер.

Инаку најпроста стратегија, на de_ ако сте терористи одете јуриш и чопоративно, на cs_ мапи истата стратегија важи за специјалците ако сакаат брзо да влезат кај заложниците (обично најширок влез каде нема шанса да ве дигнат на бомби или еден по еден на awp, флеш, смоук и тоа е тоа).
Пример aztec ако сите терористи си трчкаат наоколу хаотично нема шанса да земат партија, едно awp на мост и едно врата и ќе ве нареди како сардини, арно ама ако му влезат 6-7 души лево врата со флешови и смоук за 20 секунди партијата е решена и тешко дека некој ќе успее да ги задржи.
 
Реално, aztec е преглупа мапа, 3 влеза се до 2 сајта, преку мост нема шанси за отпор, преку врата можеби со rush, но имаш и бочно напад, 5v5 да, 16v16 нема логика.
 
Реално, aztec е преглупа мапа, 3 влеза се до 2 сајта, преку мост нема шанси за отпор, преку врата можеби со rush, но имаш и бочно напад, 5v5 да, 16v16 нема логика.
За болдот се согласувам.
А инаку бива и тука отпор и на повеќе играчи само ако се организирани (плус со плагинот што е инсталиран да не се туркаат едни со други), лошо е ако немаш таков плагин и ако имаш friendly fire :D
 
Кога сме преку 20 души убаво е да вртат de_ мапите оние стандарните и плус за да се разбие монотонија може да се додадат mirage, tuscan, piranesi и останати што ги спомнавте. cs мапите може кога има помалку луѓе. Исто има и добри awp i aim мапи што реално би ги одбрал пред овие cs.
 
Па Тускан ја играм 5 пати играно. И тоа знаеш кога? После два навечер, кога нема жива душа. Инаку би ги молел админите да стават да се гласа или било што кога не се тука да се играат мали мапи, бидејќи вчера два-три пати играше различна четворка и се бркавме на вестворлд, инферно, даст 2...
 
Инаку ова аутобалансот ептен нервира, убаво е да рамни број на играчи ама не е убаво цело време првиот да го шета де ваму де таму. Во една партија вчера ми се чини 4-5 пати сменив страна веќе заборавив што играм, а убаво предходно кога ќе видевме дека не е израмнето сами си се префрлавме во другиот тим
 
Да не му се игра на некој сега?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom