Copy-paste пријатели?

  • Креатор на темата Креатор на темата Slatka_Mala
  • Време на започнување Време на започнување

Slatka_Mala

devoid of concept
Член од
15 февруари 2006
Мислења
477
Поени од реакции
11
Или луѓето од вашето опкружување што растат како паразити засадени на почвата од вашата лична оригиналност и креативност, а поготово се опасни кога ви се пријатели, т.е. ја имаат можноста секојдневно да бидат покрај вас и да меморираат што е можно поголем број од вашите идеи, изјави, замисли и планови, за после да можат да се перчат пред другите со она што сами не би го смислиле ни за цел живот. :uvo:
Ви текнува на пријателката на која и кажавте дека ви се свиѓа некое парче облека и која утредента ја видовте облечена во баш тие фармерки, баш таква јакна итн...? На другарот со кој одевте заедно во школо и му кажавте за девојката која ви се допаѓа, а потоа забележавте какви насмевки тој и упатува баш нејзе? А другарката која ги употребува истите „финти“ како вас, зборува со истиот тон на гласот и го следи секој ваш нареден чекор за да знае кој би бил нејзиниот!?! :tapp:
Значи, опкружени ли сте со copy-paste пријатели, како се справувате со нив и имаме ли право кога си го чувствуваме идентитетот загрозен од ваквите луѓе?
 
Загрозување на идентитет? Не - зошто нив им фали нешто што се вика идеја, креативност и ред други особини кои оригиналот секогаш ќе го прават оригинал, а копиите само бледа сенка.

**Со исклучок на одредени копирачи, кои копираат од повеќе места, и преку тоа градат сопствен стил кој заедно со нивната харизматична лукавост придонесува да ги засенат оригиналите од кои црпеле ресурси.

-----Кога станува збор за емоции или народски речено "симпатишење".... не постои термин ПРИЈАТЕЛ при копи-пејст на Вашите емоции. Ако некој започне да симпатизира некого само поради љубомората која ја осеќа према вас има тежок психолошки проблем кој на крај ќе придонесе да остане сам, лут и луд, бесен на сите, а најповеќе на себе. Најдоброто што може да направиш при таква ситуација е да не дозволиш да почувствуваш гнев, зошто копиљот кој ти ја шмекал девојката додека ти се правел другар ќе си ја постигне целта. А ти ќе се уништиш.

Подалеку од такви пријатели. Дистанца, и терај напред.
 
сва среќа не сум налетал на ваков пријател/ка
но една другарка си го има проблемот со примериве што ги даде Slatka_Mala
Ви текнува на пријателката на која и кажавте дека ви се свиѓа некое парче облека и која утредента ја видовте облечена во баш тие фармерки, баш таква јакна итн..
А другарката која ги употребува истите „финти“ како вас, зборува со истиот тон на гласот и го следи секој ваш нареден чекор за да знае кој би бил нејзиниот!?!
и знам дека многу се нервира,проблем е што се другарки веќе 15год ако не и повеќе,и многу пати и има плеснато во фаца за тие работи но тоа едноставно не допира до неа,кој е проблемот незнам а и не би сакал да знам и сва среќа јас немам таков пријател :icon_lol:
 
Па за среќа немам такви пријатели во близина,а ако имам ќе му релам дека сум почестен што му се допаѓа мојот стил ама дека ми иде на нерви тоа и така.
 
Таквите јас си ги викам плагијатори и пробувам да ги игнорирам...сепак,тие губат ако копираат туѓ живот,ако немаат сопствени идеи итн,нели?:pipi:
А и колку и да ме копира некој,секогаш моето ќе биде МОЕ и ОРИГИНАЛ,а неговото бедна копија...
А и да додадам дека таквите баш и не ги осеќам како пијатели.:)
 
Уф, не дај боже да имам, т.е. нема никогаш да имам зашто чим приметам такво нешто одма бај бај... Мразам да ме копираат... :nenene: Јас сум си јас, и неможе никој да биде како мене :pipi:
 
Како прво...у темата фали едно (не) пред пријатели....

Кога некој копира нечии идеи и замисли значи не е способен сам да си смисли нешо....според мене тоа го практикуваат некој недоволно инвентивни чоечиња кој мислат дека се паметни копирајки ги пријателите....
 
тоа го има и на форумов-пазете се!
 
А другарката која ги употребува истите „финти“ како вас, зборува со истиот тон на гласот и го следи секој ваш нареден чекор за да знае кој би бил нејзиниот!?! :tapp:
Значи, опкружени ли сте со copy-paste пријатели, како се справувате со нив и имаме ли право кога си го чувствуваме идентитетот загрозен од ваквите луѓе?

Ееее мојот тон на глас и начин на зборење више ни стануе трејдмарк у цело друштво, па и пошироко...

Инаку не, не се осеќам загрозено од вакви луѓе... кога-тогаш ќе се пронајдат... а додека не се пронајдат, јас со моите „финти“, тон на глас, накратко со цела личност, сум тука за нив, па нека копираат колку сакаат - па зашо сме другари ? :smir::smir: тоа нема да ја одземе или намали мојата оригиналност :)
 
Постојат вакви луѓе, сакале ние или не тие се насекаде околу нас. Но мислам дека ако тоа копирање го прават со лоша намера, во тој случај не станува збор за пријатели.:nenene: Чекаат само нешто да проговориш за да го искористат во своја полза и да бидат чекор пред тебе.
Нo, некогаш се случува и пријателите да го направат тоа (секако не за сериозни работи, само за некои помали ситници ).
 
Mene tesko mozat da me kopiraat,mnogu sum nepredvidliv
 
Еве ја на пример епитетот РЕТОРИЧКО (РЕТОРИЧКА,РЕТОРИЧКИ...) си го потребувам у секоја реченица и не ми смета и др да го употребуват,мислам шо е битно тоа битно е да се дружиме ,така ?:)
 
Сум имала 2-3 вакви налепници но сега сум понастрана од нив....
Јас ваквите ги нарекувам "Рани куче да те лае" или "Дај му на слепиот очи, ке ти ги извади твоите"
Таквите личности не само што самите не се познаваат, имаат недостаток на креативност, стил, сопствено јас и што уште не....Доста се љубоморни и се "качат" на цврсти и луѓе со голема харизма околу себе:salut:
 
Немам такви,не ни дозволувам да ми се приближат.Како и да е,во последно време забележувам дека лугето околу мене,некако почнуваат да забегуваат во понашањето.Или почнуваат да ми расажуваат филм по два саата или некој документарци,кои бај д веј,сум ги гледал милион години пред нив.Ме обвива здодевност,а некако осекам обврска да бидам до нив.Можеби треба да бидам до нив бидејки ова им е проблематичен период од животот,ама некако психички се оптеретувам поради тоа...не знам дали да продолжам така...
 
Се случувало и ќе се случува. Немам намера да се замарам со нив, кога веќе они се замараат со мене. Кога тогаш ке им налета некој позабавен за копирање од мене и ќе се тргнат. И така...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom