Цитати

  • Креатор на темата Креатор на темата venera001
  • Време на започнување Време на започнување
Страници за нашата љубов - Николас Спаркс

...Јас сум обичен човек, со обични мисли што живеел обичен живот. Не постојат споменици во моја чест, а моето име наскоро ќе биде заборавено, но јас љубев со сето свое срце и душа и за мене тоа секогаш беше доволно.
Романтичарите би го нарекле тоа љубовна приказна,а циниците трагедија...

....Татко ми имаше обичај да ми рече дека, кога ќе се вљубам првпат, тоа ќе ми го промени животот засекогаш и, колку и да се обидувам да заборавам, чувството никогаш нема да замине.Таа девојка за која ми раскажуваш била твоја прва љубов. И што и да правиш,таа ќе остане со тебе засекогаш...

...Можамда се сетам на секој миг што го поминавме заедно и во секој миг има нешто чудесно. Јас навистина не можам да одделам миг што ми знали повеќе од друг. Целото лето беше совршено. лето какво што секој би посакал да има. Како можам да му дадам предимство на еден миг во однос на друг?
Поетите често ја опишуваат љубовта како чувство што не можеме да го контролираме, чувство што ги надвладува логиката и здравиот разум. И мене ми се случи тоа. Јас не планирав да се вљубам во тебе. Но кога се сретнавме првпат, беше јасно дека ниеден од на не може да го контролира тоа што се случуваше во нас и со нас. Се вљубивме и покрај разликите и кога се случи тоа, се создаде нешто ретко и убаво. За мене таквата љубов се доживува само еднаш и затоа секој миг што го поминавме заедно е запечатен во моето сеќавање. Никогаш нема да заборавам ниту еден миг...

...Јас не знаев и со текот на времето болката почна да стивнува и да исчезнува и ми беше полесно да ја оставам да си оди.Барем така мислев. Но во секое момче што ќе го сретнев следниве неколку години те барав тебе и кога чувството ќе ми станеше многу силно, ќе ти напишев писмо. Но никогаш не ти ги праќав од страв дека можеби ќе откријам нешто лошо. Во тоа време ти веќе водеше свој живот и јас не сакав да знам дали сакаш друга. Сакав да се сеќавам на нас онакви какви што бевме тоа лето.Не сакав никогаш да го загубам тоа..
 
Од `Вештица` - Венко Андоновски

- Секогаш бараме нешто далеку, иако тоа е пред нас, само не го гледаме.
- Отсуството е повидливо од присуството.
- Вербата го создава, а сомнежот го зацврстува постоењето на нештата.
- Љубовта ја создава вербата, вербата го раѓа сомнежот, а сомнежот ја утврдува вербата.
- Оној кој се правда, самиот се обвинува.
- Кој не љубел, тој не живеел; и кој не умрел, ни тој не живеел.
- Убавината на тајната е во одлагањето на нејзиното решение.
- Страста постои за да биде задоволена; во спротивно би била смирение, а не страст. Настрана што ниедна страст не може да се задоволи целосно.
- Пламенот не се смалува кога од него палиш други свеќи.
- Каде е радоста, таму е богатството.
- Зборовите ништо не значат ако не ги изговара душата.
 
,, За да почне да се живее во сегашноста треба најнапред да си го искупиме нашето минато, да завршиме со него, а да си го искупиме можеме само со страдање, само со необично голем, непрекинат труд" - ,,Вишновата градина" од Антон П. Чехов

,, Вистина, вистина Ви велам: ако зрноро пченично што паднало на земјата не умре, останува сам, а ако умре- ќе донесе голем плод" - Библијата

,, Не зборувајте премногу лошо за себе, може да ви поверуваат"- Андре Мороа

,,Несреќата на Дон Кихот не е во неговата фантазија, туку во Санчо Панса"- Ф. Кафка
,,Мојот живот е колебање пред раѓање"- Ф. Кафка
 
Од `Вештица` - Венко Андоновски

- Секогаш бараме нешто далеку, иако тоа е пред нас, само не го гледаме.
- Отсуството е повидливо од присуството.
- Вербата го создава, а сомнежот го зацврстува постоењето на нештата.
- Љубовта ја создава вербата, вербата го раѓа сомнежот, а сомнежот ја утврдува вербата.
- Оној кој се правда, самиот се обвинува.
- Кој не љубел, тој не живеел; и кој не умрел, ни тој не живеел.
- Убавината на тајната е во одлагањето на нејзиното решение.
- Страста постои за да биде задоволена; во спротивно би била смирение, а не страст. Настрана што ниедна страст не може да се задоволи целосно.
- Пламенот не се смалува кога од него палиш други свеќи.
- Каде е радоста, таму е богатството.
- Зборовите ништо не значат ако не ги изговара душата.

Da te prasam za boldot - ova e toj delot sto odese od prilika vaka: "Na sakatiot covek vednas ke mu go zabelezis nedostigot na noga, dodeka za sekoj drug nema da reces: ovoj ima noga" ? (so moi zborovi, sekako)
Zosto i jas sum ja zapametila recenicata ama me iznenadi koga pisa deka e od "Vestica"
 
Мој личен избор на писател и негови цитати.:smir:
Алесандро Барико:

~Кога ќе ти се случи да го гледаш местото каде што би можел да бидеш среќен и на сигурно, секогаш го гледаш однадвор.
~Обично, ако има нешто што ќе те погоди како откровение, можеш да се обложиш дека е лажно.
~За да се наслика празнината, прво мора да се најде.
~Талентот е како полудена клетка, израсната преку мера и сосема беспотребна.
~Славата е бразда од лајна зад грбот.
 
,,Само во ретки моменти човечкото лице ја истражува својата црта и својата најкарактеристична мисла"- Достоевски
,,Лагата е убава работа бидејќи води кон вистината"- Достоевски
,,Лажењето е еднствената човечка привилегија која ја немаат другите организми. Затоа и сум човек бидејќи лажам"- Dostoevski
 
"...Можеби ќе поминат месеци, можеби и години, но мене времето веќе ништо не ми значи: часовникот ми запре една априлска ноќ. Те барам и порано или подоцна ќе те најдам. Тогаш ќе поразговараме. ошто сега, конечно, имам толку многу да ти кажувам..." - "Последна опомена" - Дебора Могах
 
*Vistonskoto bogatsvo e vo bogatstvoto vo srceto,a ne vo keseto za pari.Og Mandino-"Najgolemiot prodavac na svetot"
*Neuspehot nikogas nema da te vtasa ako tvojata resitelnost da uspees e dovolno cvrsta-Gorjan Petrevski-"Sama"
*Neobicnoto se naoga na patot na obicnite luge.Paulo Koeljo-"Dnevnikot na eden volsebnik"
 
- Ако престанам да се смеам, ќе останат само солзите.
- Изгледа дека стварно го сонуваме животот.
- И се чувствувам како господар на светот кога ја држам на раце трудната жена во жешката соба над маалската фурна.
- Неговата омраза кон родниот крај и кон луѓето беше само повреденост. А кога мислата за омраза избледе пред близината на смртта, исплива сама по себе неговата утајувана суштина, љубовта кон коренот и копнежот за близина со луѓето.
Од `Тврдина`-Меша Селимовиќ
 
Се вратив. По пат видов ангел. Со шест крилја. Две, да си го скрие лицето. Од страв. Две, да си ги скрие нозете. Од срам. Две да лета. Да носи добри вести. Да рече, доста е. Да рече, ќе биде подобро... Се вратив. Ништо не видов по пат. Излези да видиш. Нема ништо. Светот е коцкаст. Сите бои се бели. Има еден пол. Дупка. Има еден мирис. Измет. Има еден вкус. Крв. Нема сеќавање. Секое добро треба да се поебе. Секоја идеја треба да се уништи. Спомените да се силуваат. Различните да се осакатат. Тој што не мисли како тебе. Убиј го. Тој што мисли. Убиј го...

Ми недостига драмава,одамна ја немам видено на сцена:)
Дејан Дуковски. ММЕ кој прв почна. Добропознатото:)
 
И не можев да се воздржам, се наведнав и и ја бакнав раката со најслатки солзи, а потем пак го побарав нејзиниот поглед - Благородни поету! Да можеше да видиш како со овој поглед се воздигнуваше до боженство, а јас пак никогаш не би сакал да слушнам некој да го споменува твоето така често обесчестувано име!

Страдањата на Вертер - Гете
 
My favourite...Емил Сјоран од ,,Оглед за Распаѓањето'', книга составени од огромен број на есеи/статии.
Од сопствена гледна точка ги опишува прашањата на нашата (духовна)егзистенција, недостатоците/траумите на постоењето воопшто, гнасотијата сервирана од религијата итн.


-Да се живее значи: Да веруваш и да се надеваш, да лажеш и да се лажеш себеси. (Иманентната лага)

-Господи, колку многу ја мразам нискоста на твоето дело и одвратниве лепливи ларви кои те кадат со темјан и ти се поистоветуваат. Мразејќи те, се спасив од сладоста на твоето царство, од празните зборови на твоите марионети. (Вежба за непокор)

-Хегел е најодговорниот за модерниот оптимизам. Како ли тој не увидел дека свеста ги менува само своите форми и модалитети, а никогаш не напредува? (Декорот на спознанието)
 
"Јас не го ставив мојот живот во срцето што се кине, ниту во сетилата што отапуваат, туку во мозокот што не се троши и надживува се"- Шагринска кожа
 
Интересен цитат од "Автобиографијата" на Нушиќ:
"Она што е најпријатно во позивот на глумецот е тоа што тој својот јавен збор, својата работа и својата задача ја изведува маскиран. Рака на срце, тоа го прават и сите други во животот, само што разликата меѓу нив и глумецот се состои во тоа што глумецот на себе ја става вистинската маска, маската што одговара на улогата што ја толкува: себичноста ја маскира како себичност, злобата како злоба, пакоста како пакост, додека во животот поинаку бидува, таму една игра се игра, а друга маска се става. Политичарот на пример врз својата себичност става маска на патриотизам, злосторникот врз своето злодело ја става маската на правдината, богатиот врз своите, чувај боже камати, става маска на добродетелство, ороспијата врз своето искуство става маска на невиност, а злобниот врз своите совети става маска на пријателство."
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom