Тhe Holiday
Ирис: Заклучив дека, скоро се што некогаш е напишано за љубовта...е точно. Шекспир кажал: “Патувањата завршуваат тогаш кога вљубените ќе се сретнат”. Kолку умна мисла. Јас лично, не сум доживеала нешто слично, но сакам да верувам дека Шекспир доживеал. Претпоставувам дека размислувам за љубовта повеќе отколку што е потребно. Воодушевена сум од нејзината способност да ги менува и определува нашите животи. Шекспир исто така кажал :“Љубовта е слепа”. Тоа е веќе нешто што сум го почувствувала врз сопствениот грб.
Кај некои, сосема необично...љубовта исчезнува. За други...љубовта е засекогаш загубена. Но се разбира, љубовта може и да се сретне, макар и само за една ноќ. Има и друг вид љубов, најсилната, таа која што речиси ги убива своите жртви. Нејзиното име е: невозвратена љубов. Јас сум вистински експерт за тој вид љубов. Повеќето љубовни истории се за луѓе кои се вљубуваат еден во друг. Но што да кажеме ние останатите? Што е со нашите истории? За ние кои се вљубуваме сами. Ние сме жртвите на едностраната љубовна врска. Ние сме проколнатите заљубени. Ние сме несаканите ранети лица. Како да сме инвалиди, но без правото за сопствен паркинг. Да, во моментов гледате во еден таков инвалид. Толку многу го сакав тој човек во текот на повеќе од 3 години. Најлошите години во мојот живот. Најлошите Божиќни прослави, најлошите родендени, Нови Години, проследени со солзи и средства за смирување. Годините во кои сум била вљубена, беа најцрните години во мојот живот. Само затоа што сум проколната да бидам вљубена во маж кој не ме сака и никогаш нема да ме засака. О боже, дури и кога само го гледам...Срцето ми чука како лудо, грлото ми отекува, не можам да голтам. Вообичаените симптоми...