CINEDAYS 2012

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691




За Фестивалот

Со огромна чест и задоволство би сакале да ве известиме дека од 15 до 25 ноември ќе се одржи 11-тото издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“, во организација на Младинскиот културен центар – Скопје.

Првото издание на фестивалот се одржа во 2001 година на иницијатива на славниот шпански режисер, Педро Алмодовар, како идеја за „славење на европската кинематографија“. Интересно е што, од повеќето европски држави каде што беше започнат овој фестивал, само во нашата земја тој опстои и се разви во сериозен фестивал – во споредба со европските и светските параметри за еден успешен фестивал: квалитетна селекција на филмови, безброј премиери, бројни програми, интересни придружни активности (работилници, предавања, презентации и концерти) и голем број гости од земјата и странство.
Со секое следно издание, „Синедејс“ се обидува да се надмине себеси имајќи ја на ум концепцијата за просперитет: да ѝ ги прикаже најновите и најнаградуваните европски филмски остварувања на публиката која е секогаш гладна за повеќе.

Веројатно веќе имате забележано дека ние водиме фестивал кој ќе трае 11 дена и ќе содржи филмски премиери со гости режисери, актери и продуценти, проекции, концерти (на различни локации во градот), предавања, работилници, гости – еминентни имиња во европски и светски рамки...

Единаесет дена филмски збиднувања, верни на идејата за автентичен и оригинален филмски фестивал.
Официјално, според минатогодишните бројки во однос на продажбата на билети, „Синедејс“ го посетиле повеќе од 23 илјади љубители на филмот, во сите 5 кина во Скопје (кино „Милениум“, кино „Фросина“, кино „Рамстор“ и во Кинотеката на Македонија) и под отворено на филмско платно со огромни димензии, со повеќе од 70 филма, 10 концерти, 100 гости, презентации, работилници, предавања...

Оваа година уште од сега можеме да потврдиме дека ќе оствариме огромен напредок во квалитетот во однос на минатогодишното, 10-то издание на Фестивалот „Синедејс“.

Новина на ова 11-то издание на Фестивалот „Синедејс“ е зголемениот број учесници во фестивалското жири што е пропорционално на проширениот опус филмови кои ќе бидат прикажани во споменатите селекции и програми. Членови на жирито на Официјалната селекција на 11-тото издание на Фестивалот „Синедејс“ се:
- Јан Харлан, легендарен филмски продуценти и извршен продуцент на филмовите на Стенли Кјубрик;
- Шериф Авад, уредник за филм во списанието „Egypt Today“;
- Вардан Тозија, еден најталентираните млади македонски режисери;

Жирито на селекцијата „Сине Балкан“ го претставуваат:
- Пжемислав Војчешек, контраверзен полски режисер, сценарист и актер, претставник на полската независна кинематографија;
- Габи Бабиќ, директорка на Филмскиот фестивал „goEast“ во Висбаден, Германија, посветен на кинематографијата од Југоисточна Европа и Балканот;
- Јан Цвиткович, словенечки режисер, добитник на бројни наградим актер и сценарист, добитник на наградата Луиџи Де Лаурентис на Филмскиот фестивал во Венеција.

И оваа година, со повеќе од сто филма, разни гости, бројни концерти, предавања и презентации, како во филмовите - наша цел е да го освоиме нашиот град Скопје.
Како и секоја година, програмата се состои од три главни сегменти:
- Официјална селекција, програма во која прикажуваме филмови од млади и перспективни европски режисери кои се во конкуренција за наградата „Златна ѕвезда“ за најдобар филм, наградата „Сребрена ѕвезда“ за најдобро сценарио и „Сина ѕвезда, награда за најдобар актер(ка).
- Програма „Сине Балкан“, селекција посветена на кинематографијата од Југоисточниот дел од Европа, во која режисерите се во конкуренција за наградата „Златно сонце“ за најдобар филм;
- Гала-програма (или програма која е вон конкуренција) која претставува ревија на најнови филмски остварувања од реномирани европски режисери.

Секоја година, на публиката ѝ претставуваме „Земја во фокус“, програма за која оваа година ги одбравме египетската и италијанската кинематографија, избор на музички документарни филмови, работилници, предавања и разни филмски збиднувања.
Кураторот на натпреварувачката филмска селекција на Фестивалот „Синедејс“, почитуваниот г. Бернд Будер, кој претходно го претставивме, е селектор на програмата „Фокус“ на Берлинскиот филмски фестивал. Благодарение на неговите заложби, ќе имаме можност на нашата публика да и го понудиме врвот на богатата европска кинематографија.

Како за почеток, се надеваме дека ви успеавме да ви го доближиме „Синедејс“ како уникатна форма на филмската магија која на ваше, и наше задоволство ќе го обои Градот со боите на „Синедејс“ во периодот од 15 до 25 ноември. Со заеднички напор и труд, можеме да се насочиме кон промоција на трајни културни вредности кои оставаат белег во модерната историја и несомнено значат афирмација на Македонија во Европа и светот, кое знаеме, сите нам ни е насушно значајно во овој период.
Дозволете ни оваа година, заедно да постигнеме уште едно успешно издание на фестивалот, кој оваа година ќе заблеска во едно посебно филмско светло и ќе претставува незаборавно искуство за оние кои знаат да ја препознаат вистинската уметност и ненаситно да се насладуваат.


Еве ја и програмата. :)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.476
Искрено само Артистот ми е гледан од овие :)
Претпоставувам дека се работи за понови филмови, ако е така топ, барем ќе има рецензии на форумов да знаеме што да гледаме...
--- надополнето: 11 ноември 2012 во 17:39 ---
P.S.
заборавив, насловот е топ! :)
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
1.361
Поени од реакции
2.176
На must-see листа ми е Amour, на wish list: Me and you, To Rome with love и 7 days in Havana. :)
 
А

Анноун

Гостин
Добро , The Artist на пример ми фаќа најмногу око , не ми е уште гледан . Ама терминот бе ? :eek: Во понеделник в о17.30 !
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.325
Поени од реакции
15.576
Освен Артист, давајте предлози од тоа што имате гледано/слушано...
 
П

Паган-др

Гостин
Најкреативен плакат и слоган во последниве неколку години, браво.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Amour и Rust and Bone ми се најочекуваните. Исто и на Cloud Atlas планирам да одам, а од балканскиве српскиов Kad svane dan е многу фален, нивен кандидат за Оскар е, и тој Smrt coveka na Balkanu бил добар. Патем ќе го дават и Проект Берлин од Иво Трајков.
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Картите се купуваат пред да почне филмот, или треба однапред нешто?

Од филмовите на програмата ги имам гледано Cosmopolis, On the Road, To Rome with Love, Holy Motors и Rust and Bone. Само овој последниот ми се допадна, онака, добра драма со одлична глума, убави кадри итн. За Cosmopolis веќе имам пишано дека е ѓубре, On the Road досаден, To Rome with Love исто, а Holy Motors е посебна категорија на мизерија. Претенциозен демек арт филм без никаква цел и без дефиниран жанр.

Од другите филмови најмногу би сакал да ги гледам Beasts of the Southern Wild и Cloud Atlas, само осеќам дека ќе има голема побарувачка за карти.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Картите се купуваат пред да почне филмот, или треба однапред нешто?
Лани можеше да се резервираат карти и се подигнуваа пред да почне филмот. Годинава не знам како е ама ова е бројот од билетара 02 312 0389, која работи од 10:30 до 22:30, па обидете се да резервирате, иако тешко се добиваат на телефон. :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: VLJ

Kajgana Shop

На врв Bottom