Цимери

  • Креатор на темата Креатор на темата Шмики
  • Време на започнување Време на започнување

Шмики

Byakugan
Член од
12 март 2008
Мислења
743
Поени од реакции
16
Возраст
31
Оваа е меѓу првите макеонски серии. Колку е и добра, толку и е лоша. Јас ја гледам секој ден зашо стварно ми се комедии :pos: А вас ви се допаѓа ?
 
Ја имаше до вчера изглеа заврши,инаку добра не лоша.
 
Оваа е меѓу првите макеонски серии.

Нема врска дека е оваа меѓу првите македонски серии. Првите македонски серии по осамостојувањето на Македонија се Бумбари, Салон Хармони...
А и ова не е серија ова се гллупостиии:nesvest::nesvest::tapp::tapp:. Да беше добра немаше да направеа само неколку епизоди, видоа дека никој не ја гледа и ја прекинаа
 
Мене баш ми се свиѓаше ...
 
Магдалена Ризова (Цеце) rulz. :cuc:

Интересна ми беше и мене серијава не знам зошто ја прекинале, „Погрешно време“ имаше некако сличен концепт, ама имаше поинтересни ситуации, треба да прават повеќе вакви серии, ни фалат такви работи во државата.
 
Не беше лоша серијата, имаше сцени кои ме засмејуваа, а и актерите не глумеа лошо.

Момент беше изјавата : За тебе жив ќе загинам.:pos::pos::pos::pos:
 
Не ми се свиѓаше,а и у комшии ја снимаа па неколку пати имав глеано и како снимаа,глупости :tapp:
 
cimerialfa.jpg



Број на епизоди : 40

Во следните месеци на Алфа телевизија започнува новата хумористична играна серија „Цимери“. Проектот е дел од сопствената играна продукција на Алфа и ќе содржи 40 епизоди од по 30 минути. Ваков проект и недостасуваше на публиката, вели режисерот Бачовски, кој надополнува дека дејството опфаќа реални ситуации од животот со веродостоен игран приод.

Извршен продуцент на серијата е Тони Ристов, а се работи според идеја на Ефтим Трајчов. Сценаријата ги напишаа Ефтим Трајчов, Елена Стојановска и Зоран Бојаровски. Главните улоги го толкуваат: Кристина Арсова, Снежана Киселичка, Миле Вратеоски, Милорад Ангелов, Ефтим Трајчов, Бојан Велевски и други македонски артисти. Главните шест лика се Марко, Цветко, Митко, баба Цена, Финка и Свјатло Красимиров, кои ќе го прикажат животот на цимерите во Скопје низ комичните ситуации на нивниот секојдневен живот. Случките низ кои ќе ги градат ликовите се од современото живеење и се проткаени со хумористични и иронични заплети. Темите се актуелни, секојдневни и провокативни, од вработување и градење кариера до вљубување, сексуалност, па се' до тоа како да се преживее во голем град.

Музиката е на Роберт Саздов. Серијата се снима во студиото на Алфа и на неколку локации низ Скопје.

Музичка тема на серијата

Најава

Серијата почнува од понеделник но терминот сеуште не е познат.
 
Браво! Огромно Браво за Алфа телевизија што постојано се труди да внесува нешто наше на програмата. Подводно, Во недела попладне, квизот на знаење, Чаша љубов, новата емисија што ја води Бојана Атанасовска, Пеколна кујна, Семејните тајни/проблеми......... се наши, а имаат само две три турски серии, што значи дека најголемиот дел од она што го емитуваат е Македонски производ.

Ова претпоставувам дека ќе биде нешто како Куќен совет кој некогаш се емитуваше на Канал 5 или на Сител, не ми текнува добро. Ми се свиѓа тоа што Бојан Велевски ќе учествува/глуми. Памтам дека кога беше во Наше Маало добар беше, а и сега има добри смешни видеа како што има и Марјан Георгиевски.

:)
 
Можеле барем повеќе да се потрудат со имињата. Не знам како им се вклопуваат во сценариото, ама сепак можеле да бидат покреативни. На Цветко и Митко мислам.

Инаку се надевам квалитетот ќе се истакне па ќе продолжат и понатаму.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom