Епа вака. Во 5-то, 6-то одделение на голем одмор најголемите фраери не одеа во школски двор, тука во дворот на соседната градинка. Таму овие што и денес патат од комплекси, мислејќи дека ке бидат уште поголеми фраери ако запалат цигара, ги имаа првите искуства со увлекување. Другите искомплексирани кои седеа во училница, мислеа дека овие се шема зошто пушат, па и они почнаа да пушат само малку покасно, на нив и требаше повеќе време да соберат храброст за овој потек.
Оние пак кои не знаеа што да прават во средно, види мајката пак на голем одмор почнаа да пушат цигари. Имаше и такви кои пропушеа за да бидат во друштво со љубените, зошто може да не те викне саканата ако немаш цигари да и позајмиш.
Значи родители, не ги терајте децата дома да пишуваат домашна, нека пишуваат на голем одмор.хаха
Знам колега од факс непушач, кој откако го положи последниот испит, излезе надвор и сам побара да запали една, ја увлече на брзина и си отиде дома.
Најјака работа што ми ја има кажано комшијата, пројде со кола покрај мене, застанува,отвара прозор и ми вика: " во колава се има пушено, ама се нема запалено цигара". Затвори прозорот и си отиде, mother fucker.