Цигара за пред друштво или потреба?

  • Креатор на темата Креатор на темата emmy007
  • Време на започнување Време на започнување
Така почнав јас во друштво сите пушат па ај и јас ке запалам не од чалам туку чисто нака од љубопитност и едно по едно 8 год сум пушач веќе
 
не ми се случило. Не сум глуп да пушам цигари.

Да не претера малце? Пушењето е индивидуално и по желба. Не значи дека ако пушиш си паметен, а ако не пушиш си глуп и обратно. Не знам зошто воопшто правиш таква поделба, ако ти се пуши пуши ако не, не пуши. Не мора да навредуваш...
 
Да се чаламиш пред друштво од тоа поголема глупост здравје и тоа ти е за мали деца т.е за овие сега што се 6 одд (n) они повеќето тоа го прават сега т.е сега си кул ако пушиш цигари на 13 год (n)
Па кул изледаат, најискрено. И ја бев кул, сега коа и остаив приметувам не ме рецкаат баш.
 
Само пред друштво палам, затоа што е tzool:cool:
 
Па кул изледаат, најискрено. И ја бев кул, сега коа и остаив приметувам не ме рецкаат баш.
Да бе, имаш право, јас само ако намирисам чад од негде обрнвам внимание, иначе ич не се опуљвам, па кој сакат нека е.
 
Ја пушам цигари само пред друштво, за бидам кул, и после тоа идам накај дома, ги кријам цигарите у влез, пишувам домашно по Запознавање на природата и општеството и си легнувам.
Се посрав од смеење.
 
Сите цигари запалени додека бев средно, беа испушени или навечер во дворот на школото или на промаја зад Домот на културата, или зад зградата за судот, каде требаше да ја скокаме оградата.
Ако сакавме со цигара да се чаламиме у кафиќ, експресно ќе бевме наклеветени дома и ќе бевме под истрага :)
 
На почетокот во основно безврска онака палевме се криевме како џоинт да пушиме :D Во среднo пропушев на редовна база не ради чалам туку поради тоа што ме болеше кур за све и ете сега сум addict :(
 
Во животот немора се да се проба од љубопитност. Самата помисла на тоа што цигарата нема никаков вкус, а потоа што е премногу штетна ме одвлекува од помислата да почнам да пушам или воопшто да ставам цигара во уста. Немам пробано цигара, се немам испијането, за дрога да не правиме муабет и што ми фали што не сум зависна од никакви пороци? Одлично ми е вака и верувајте забавата е многу подобра. (y)
 
Сигурна сум дека на секој од вас и нас барем еднаш ни се случило во друштво да запалиме цигара иако немаме потреба од тоа. Ме интересира, дали ја оправдувате таа постапка и дали некогаш сте го правеле или го правите тоа поради "чалам"?

Дали го оправдувам актот во кој некој нанесува катран врз плуќата и го зголемува ризикот за рак на истата?
--- надополнето: 24 октомври 2012 во 21:22 ---
има ли некој што се откажал од пушење o_O

Да.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom