Цигара за пред друштво или потреба?

  • Креатор на темата Креатор на темата emmy007
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе пушам у друштво ако видам дека има и други шо пушат или па немам палено цигаре подолго време. Ако ми е за чалам, тогаш вреди ли да се тровам за чалам? Не.
--- надополнето: 25 октомври 2012 во 20:12 ---

Ич не се сложувам. Ама ич, не дека нема и такви ама не можеш да глобализираш!


Гледам од горе напишаното дека си пушач. Ај кажи ми како ти започна да пушеш и дали одма после 1/2 цигари почна да чувствуваш потреба за тоа?
 
Цигарите потреба? Дај не треси. Која црна потреба!

Цигара е потреба само за тој со испран мозок. Најпогодена е млафа популација, јас лично кога ќе видам девојчиња од 15-16 години со цигара се прашувам зашто од дома не им врзат по една, се е до перцепирањето и до опкружувањето. Сепак големи пари се вртат во ова и тешко дека во иднина ќе дојде до намалување последиците од цигарите не се само страшни него се уништувачки за општеството.
 
Гледам од горе напишаното дека си пушач. Ај кажи ми како ти започна да пушеш и дали одма после 1/2 цигари почна да чувствуваш потреба за тоа?
Сакав да пробам, што има толку интересно во тоа. Испушев едно цигаре и после некој ден (секако зедов цела кутијапретходно) гледам ми останале уште и си велам ај уше едно онака скришно. Целата кутија ја пушев можеби месец дена без никој да ме знае. Полека почнав и пред другите со едно цигаре на ден, па две-три и сега кутија. Едноставно е, не бев приморан од другите, не бев под ничие влијание, моја е вината. И ја немав потреба од тоа, повеќе имав желба :)
--- надополнето: 25 октомври 2012 во 21:07 ---
Цигара е потреба само за тој со испран мозок. Најпогодена е млафа популација, јас лично кога ќе видам девојчиња од 15-16 години со цигара се прашувам зашто од дома не им врзат по една, се е до перцепирањето и до опкружувањето. Сепак големи пари се вртат во ова и тешко дека во иднина ќе дојде до намалување последиците од цигарите не се само страшни него се уништувачки за општеството.
Кога видиш девојче, а шо коа видиш машко на таа возраст? Зошто забележувам таква дискриминација меѓу пушачите (машки и женски) ?
 
Понекогаш во друштво уз алкохол,ама само во друштво во кое што се пуши и само ако пиеме!
Иначе не сум пушач!
 
Абе ти не знаеш на школо кај мене, сите пушат. 1/3 можеби пушат. Катастрофа!!!
на 24вести се вртеше еден добар документарец , мислам деке беше под назив АФЕРА ТОБАКО , такој нешто , ептен интересна содржина има да се разгледа и да се извлече поука .... би ти го пратил , но неможам да го најдам !
можеби и некои слушнале за тј документарац ...
 
на 24вести се вртеше еден добар документарец , мислам деке беше под назив АФЕРА ТОБАКО , такој нешто , ептен интересна содржина има да се разгледа и да се извлече поука .... би ти го пратил , но неможам да го најдам !
можеби и некои слушнале за тј документарац ...
Да да, го знам. Го гледав и стварно е интересен. Мислам дека имаше една сцена во Африка каде што на маиците што се продаваат на пазар се напишани имињата на индустриите за цигари, во конкретниов случај Marlboro.
 
Стоименов Епа не знам тогаш со што всушност не се согласуваш. Значи за една причина кажав дека е да се прават чалам, а друга за да не бидат куси да видат и они што има толку интересно во цигарето.
 
Епа вака. Во 5-то, 6-то одделение на голем одмор најголемите фраери не одеа во школски двор, тука во дворот на соседната градинка. Таму овие што и денес патат од комплекси, мислејќи дека ке бидат уште поголеми фраери ако запалат цигара, ги имаа првите искуства со увлекување. Другите искомплексирани кои седеа во училница, мислеа дека овие се шема зошто пушат, па и они почнаа да пушат само малку покасно, на нив и требаше повеќе време да соберат храброст за овој потек.

Оние пак кои не знаеа што да прават во средно, види мајката пак на голем одмор почнаа да пушат цигари. Имаше и такви кои пропушеа за да бидат во друштво со љубените, зошто може да не те викне саканата ако немаш цигари да и позајмиш.
Значи родители, не ги терајте децата дома да пишуваат домашна, нека пишуваат на голем одмор.хаха

Знам колега од факс непушач, кој откако го положи последниот испит, излезе надвор и сам побара да запали една, ја увлече на брзина и си отиде дома.

Најјака работа што ми ја има кажано комшијата, пројде со кола покрај мене, застанува,отвара прозор и ми вика: " во колава се има пушено, ама се нема запалено цигара". Затвори прозорот и си отиде, mother fucker.
 
Стоименов Епа не знам тогаш со што всушност не се согласуваш. Значи за една причина кажав дека е да се прават чалам, а друга за да не бидат куси да видат и они што има толку интересно во цигарето.
Во ред е тоа, само не се согласив со тоа шо глобализираш :)
 
Во животот немора се да се проба од љубопитност. Самата помисла на тоа што цигарата нема никаков вкус, а потоа што е премногу штетна ме одвлекува од помислата да почнам да пушам или воопшто да ставам цигара во уста. Немам пробано цигара, се немам испијането, за дрога да не правиме муабет и што ми фали што не сум зависна од никакви пороци? Одлично ми е вака и верувајте забавата е многу подобра. (y)
Како реклама за Кампања На Влада На РМ xD
 
за никаде кратко и јасно.
какво друштво, какви бакрачи....мразам цигари и секогаш ќе сум против нив. кој ги измислил аир да не види.
ај некој будала ги измислил, па кај даваат пари овие пушачиве уште побудали од него :tapp:
гадна работа е ова. штета што некои мои добри другари се многу зависни од нив исто како и тато и мама. (n)
 
секогаш посебно кај малолетниците е првен за пед друштво ,а после станува навика а и не гледам некоја друга причина да почнеш да пушиш цигари освен ако ти е досаден животот па сакаш да си го скратиш едно 20 год ...
 
Сигурна сум дека на секој од вас и нас барем еднаш ни се случило во друштво да запалиме цигара иако немаме потреба од тоа. Ме интересира, дали ја оправдувате таа постапка и дали некогаш сте го правеле или го правите тоа поради "чалам"?

Па ќе почнам од мене... да бидам искрена да држам цигара ми беше некако секси.. но подоцна некако без да осетам ми стана навика.... и го имам тоа чувство на страсен пушач.. да уживам во кафе и цигаре ама се со мера .. а и лошо се чувствувам кога многу цигари ќе испушам. И ја оправдувам таа постапка цигаре само во друштво само секако претпазливо зошто лесно и онака неосетно преминува во навика.
 
понекогаш знам да запалам цигара, ми се случува многу ретко ама и тоа ретко ќе го прекинам...
 
Одувек сум ги мразел муабетите за цигари од типот „зашто пушиш?“, „остави ги, лошо е за твоето здравје!“ (а уствари пред тоа посакал да умреш и никогаш бел ден да не видиш), „не си мангуп ако пушиш“ а особено ме нервираше фората на непушачите со тоа „еј брат дај ми една цигара жити се!“ и му даваш и ја крши пред тебе... Пушам скоро 5 години и уживам во секоја цигара. Можда сум навлечен, на моменти и осеќам дека ми смета ако претерам со многу пушење ама тоа си е мое право и моја одлука и мразам кога некој ми се меша. Ако сакам ќе ги оставам, ако не нема.
А што се однесува до тоа дали сум запалил некогаш во друштво чисто за да бидам „ин“ сум го правел.. у 7мо. И пола од основците во мое време го правеа тоа и е сосема нормална фаза од животот на едно дете што влага у пубертет да биде признаено меѓу другите така што ќе ги повторува нивните постапки. Тогаш беше муабетот околу цигара, денес е околу сексот и тоа кој прв ќе ја изгуби невиноста. Не се страшни цигарите, и старите египетски цивилации пушеле па успеале цели пирамиди да направат. Многу пострашни работи има денес...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom