CIA експеримантирала со ЛСД на селани.

  • Креатор на темата Креатор на темата Eisenhorn
  • Време на започнување Време на започнување

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.240
Поени од реакции
9.894
Ејј ти па лудница....ова е ситна риба..уште играат о
и испитуваат.

А и кинезиве нешто глеам хотели а подземја тешка тортура и психијатрија...Лол...
 
Значи делот од филмот со буљењето во козите каде
војска кркаше ЛСД ставено у јадењето
, не бил случаен ниту измислен.
 
Дајте ми леб и пол со ЛСД и едно кисело млеко.
 
MK Ultra. Muse дури и песна направија за тој експеримент.
Овој експеримент (за перење мозок) е правен во шеесетите, а доказите излегоа пред една, две децении на виделина.
 
Кај има таков леб бе :D

Јас ќе месам внучко, на лето само нека порасне јачменот...:vozbud:

Заебан експеримент, не е прв а нема ни последен да биде...ЛСД дрога на вистината, има се да си кажеш, и тоа што си го мислиш и тоа што се правиш дека не си го мислиш...
 
Абе ајде дее..

Па еднааш сите биле среќни(МДМА)...итн...

Туку се планираше Употребата на ЛСД да биде фронтовска но притоа мораше првен високата команда да ја скренете(значи примарна мета гледа бубачки,камиони...и дава наредби кои ја водат војската во... пропаст,а потоа троа количина се пушта и на стандардната војска...овај на непријателот..

А ако најдете репорт и како ова


да не ве чуди:toe:

Јас ќе месам внучко, на лето само нека порасне јачменот...:vozbud:

Заебан експеримент, не е прв а нема ни последен да биде...ЛСД дрога на вистината, има се да си кажеш, и тоа што си го мислиш и тоа што се правиш дека не си го мислиш...


Треба Плус дериват на барбитуратска кисељиња..јак и тоа,,
 
Во среден век понекогаш се случувало лов на вештерки кога во лебот ќе се промакнело по некое ерготче од `рж, видиш, ЦИА може да се вади со тоа, демек случајно...
Се случуваат срања во име на науката јебига...:toe:
 
Прво го затвараа Тимоти Лири кога им посочуваше дека треба внимателно да се експериментира со ЛСД, а сега решиле да прават експерименти со француски сељачишта :toe:

Треба да стават ЛСД во водоводот во Скопје. И така работите се ептен заебани.
 
Зад 50-годишната мистерија на т.н. “проколнат леб” кој предизвика масовни халуцинации и неколку смртни случаи кај жителите на француското село Понт Сент Есприт, се крие ЦИА и нејзините експерименти со ЛСД, открива американски писател.

Летото 1951-та година, целото село во јужна Франција наеднаш и мистериозно почнало да страда од психози и халуцинации, поради што најмалку седуммина починале а околу педесетина завршиле во лудница.

Еден од селаните уверен дека стомакот му го јадат змии, се обидел да се удави, друг 11-годишник сакал да си ја задави баба си, додека трет мислејќи дека е авион, се фрлил од вториот спрат и си ги скршил нозете. И покрај тоа, продолжил да трча уште 50 метри.

Недалеку од него, човек трчал на среде улица, бркајќи го своето срце, бидејќи имал халуцинации како му излегува од стапалата. Тогаш, стотици Французи страдале од мистериозна хистерија.

Случајот бил затворен со заклучокот дека локалниот пекар несакајќи го контаминирал брашното со халуционеген мов. Но, истражувачкиот новинар од САД, Хенк Албарели сега тврди дека халуцинациите се резултат на таен експеримент на ЦИА и Дивизијата за специјални операции (SOD) на американската армија. Тој е убеден дека дел од операцијата било ставање ЛСД во лебот.

Додека го истражувал сомнителното самоубиство на Френк Олсон, биохемичар од SOD кој две години по инцидентот со лебот паднал од 13-ти кат, дошол до документите на ЦИА. Во еден од нив било напишано дека зад тајната на Понт Сент Есприт не се крие мовта, туку диетиламидот, Д-то во кратенката ЛСД.

Додека ја пишувал својата книга “Ужасна грешка: Убиството на Френк Олсон и американските експерименти во тајната Студена Војна”, зборувал со двајца поранешни колеги на биохемичарот, кои му потврдиле дека проколнатиот леб е дел од експеримент на ЦИА и армијата.

Пресуден момент во истражувањето на Албарели бил документот од Белата Куќа испратен до членови на Рокфелер комисијата формирана во 1972-ра година за истражување на злоупотребите на ЦИА. Содржел имиња од неколку француски државјани кои агенцијата тајно ги вработила и прецизно го споменувал инцидентот со Понт Сент Есприт.


од on.net







Мора да се проба ова. XD
 
И како ќе се одрази ова врз меѓународниот углед на америка.
 
Па после се жалаат дека гледале НЛОа и вонземјани...:vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom