Чудни македонски зборови

  • Креатор на темата Креатор на темата anaveno
  • Време на започнување Време на започнување
басамаците?

Скалила (басамак - скалило). Најверојатно турски израз, но и не мора да е така, затоа што “бас“ е “ниско“, а “мак“ е “високо“ па според тоа “басамак“ би значело “од ниско кон високо“. Што има логика... :)
Мислам дека претходно веќе беше елабориран овој збор.
 
Зборот "галиба",гледав турски филм и го спомнаа овој збор,е сеа шо би можело тоа да биде дали е галиба=демек
 
Со зборот “галиба“,ме врати во детството,еден мој дедо (на баба ми брат), го користеше тој збор и од тогаш не сум го слушнала зборот.
Мислам дека тој збор се користи како одобрение за нешто.На пр.галиба ќе одиме утре!
Јас така мислам дека беше;)
Или нешто како, дај Боже:)
 
Последно уредено:
ВОПЕР, -вампир, привидение, сениште
Долнорекански говор
Исто што и ЈАПЕР во Поречието
ЧУКАРЕ, мислам дека е младо магаре во говорот во Поречието
 
во нашиот лерински дијалект, зборот "струга" = вреди (вредност)

"колку пари струга?" (колку пари вреди?)

или

"Абре не стругаш за ништо!"
 
10857986_567106346767274_5538359547516140671_n.jpg
 
Дали знае некој од каде потекнува името на птицата Славејче ?
 
Дали знае некој од каде потекнува името на птицата Славејче ?

Очигледното би било од „слава“, но речниците велат од нејзината боја. Русите имаат „саловиј“, што значи кремаст, сивкасто-жолт. На црковно-словенски „славоочиј“ значи зеленоок.
 
во нашиот лерински дијалект, зборот "струга" = вреди (вредност)

"колку пари струга?" (колку пари вреди?)

или

"Абре не стругаш за ништо!"
Најверојатно се работи за дијалектна форма на "чини". Во бугaрскиот струва-вреди, чини.
Имајќи во предвид дека "чини" уште означува -прави нешто-, тогаш многу веројатно е формите струва/струга да доаѓаат од глаголот "стори-сторува" со исто значење.

Со зборот “галиба“,ме врати во детството,еден мој дедо (на баба ми брат), го користеше тој збор и од тогаш не сум го слушнала зборот.
Мислам дека тој збор се користи како одобрение за нешто.На пр.галиба ќе одиме утре!
Јас така мислам дека беше;)
Или нешто како, дај Боже:)
Значи најверојатно, (по се) изгледа. :)
ВОПЕР, -вампир, привидение, сениште
Долнорекански говор
Исто што и ЈАПЕР во Поречието
ЧУКАРЕ, мислам дека е младо магаре во говорот во Поречието
Чукаре треба да е една од дијалектните форми на сугаре - последно родено. Поинтересен збор за кој нема задоволувачко објаснување во етимологијата е балканизмот МАГАРЕ. :))
Се кардисувам од смеене.
Скратена и малку фонетски видоизменета форма на шаШАРДИСА..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom