Човештво, теории на настанувањето

  • Креатор на темата Креатор на темата Гогото
  • Време на започнување Време на започнување
trilobite напиша:
Замисли драг мој Бацилус како ураган поминува низ куп старо железо и од него прави Space Shuttle.
Епа веројатноста на случајни грешки кај еволуцијата е 40.000 пати помала.

И покрај тоа,еволуцијата лесно се прифаќа,а спејс шатлот ни е незамислив ;) :)

Не знам...имам чувство....како да ми се зголемува черепот...!:icon_lol:
Споредбата ама воопшто не ти држи, количеството на материја во однос на количеството на енергија е неспоредливо поголемо.
500 научници ко прво не се многу, и тоа е нормално да има научници кои би сакале да се докаже дека теоријата на дарвин не е точна, и тоа е нормално бидејќи ако немам спротивставени ставови на научници неможеме да дојдеме до објективен доказ и објективна теорија.
Нормално научниците не сакаат да се ограничат само со еден начин на гледање на работите, така затоа има научници кои застапуваат и други теории за поврзаноста на разноликоста на организмите и нивното изумирање и адаптирање кон новите услови.
Но сепак најлогична, со најмногу докази и која најмногу работи има објаснето е токму модерната теорија на еволуција која започнала да се развива и надоополнува со публикациите на дарвин.
Ама ова тоа што 500 потпишале дека се скептични не ти дава за право ти да тврдиш дека е грешна бидејќи треба прво тоа треба со цврсти докази да го докажеш. И се така понатаму продолжува потрагата по одговорот за минатото на природата на земјата.
Затоа е погрешно да се отфрла теоријата за еволуција исто како што е погрешно да се отфрла постоешето на господ.

Тоа што ти се зголемува черепот односно мозокот не занчи дека стануваш попаметен, поинтелегентните луѓе имаат повеќе синапси од нормалните а не повеќе неурони.
 
Bacillus gagous напиша:
Но сепак најлогична, со најмногу докази и која најмногу работи има објаснето е токму модерната теорија на еволуција која започнала да се развива и надоополнува со публикациите на дарвин.
Тотален апсурд,најблаго кажано, увреда за разумот.

Како ти звучи оваа приказна:
Вселената се собрала во точка на непојмлива густина,настанува експлозија и почнува ширење на вселената.
Се создаваат планети,ѕвезди,соѕвездија,галаксии...како?Случајно.
Потоа се зачнува живот.Како?Со случајна грешка.
Потоа тој примитивен живот почнува да еволуира во совршени форми,нови видови..како?Случајна грешка.
Така оди некое време и пак започнува ново собирање на свемирот.
Што бидна со планетите,живите суштества...и они ли се смалиле?
Кој да ги знае..
Кога свемирот доволно се собрал,настанува нова експлозија и пак се наново,планети,галаксии,соѕвездија...како?Случајно. итн. итн.
Потоа пак се ствараат живи битија..како? погаѓаш,случајно итн. итн. и така бесконечно многу пати.
Тебе оваа приказна ти е логична?
Па 10.000 пати ми е пологична приказната за земјата како рамна плоча која на грб ја носи желка!:)
 
таа теорија е само накратко кажано така, најди научник нека ти објасни попрецизно
 
Гижо напиша:
таа теорија е само накратко кажано така, најди научник нека ти објасни попрецизно
Да најдеме научник да објасни и за теоријава за земјата како плоча и таа ќе ти звучи логично ;)
 
можеби, пред 2 века, сега би било само приказна, бидејќи веќе знаеме дека не е плоча
 
И отчукува времето и на бурлескава од теорија,биди сигурен.
 
trilobite напиша:
Тотален апсурд,најблаго кажано, увреда за разумот.

Како ти звучи оваа приказна:
Вселената се собрала во точка на непојмлива густина,настанува експлозија и почнува ширење на вселената.
Се создаваат планети,ѕвезди,соѕвездија,галаксии...како?Случајно.
Потоа се зачнува живот.Како?Со случајна грешка.
Потоа тој примитивен живот почнува да еволуира во совршени форми,нови видови..како?Случајна грешка.
Така оди некое време и пак започнува ново собирање на свемирот.
Што бидна со планетите,живите суштества...и они ли се смалиле?
Кој да ги знае..
Кога свемирот доволно се собрал,настанува нова експлозија и пак се наново,планети,галаксии,соѕвездија...како?Случајно. итн. итн.
Потоа пак се ствараат живи битија..како? погаѓаш,случајно итн. итн. и така бесконечно многу пати.
Тебе оваа приказна ти е логична?
Па 10.000 пати ми е пологична приказната за земјата како рамна плоча која на грб ја носи желка!:)


Ама трилчо ти очигледно не ме дочитуваш како што треба, јас не реков дека теоријата на еволуција се базира на случајност туку се темели на карактеристиките на материјата односно атомите, карактеристиките на атомите односно нивната реактивност е таа причина што се создаваат молекули преку реакции. И реков до сега трипати ама изгледа ти и четвртиов пат нема да го прочиташ ова, уште не знаеме од каде се тие карактеристики на атомите односно електроните, протоните и неутроните, и затоа никогаш не ни реков дека еволуцијата се базира на случајност.
А за тоа како настанал универзумот јас не сум компетентен да ти кажам за тоа треба да се консултираш и да збориш со астроном, со физичар која се занимава со таа проблематика, и настанокот на универзумот и настанокот на земјата како планета не се во доменот на теоријата на еволуција, и како што гледаш пак смеша баби и жаби.
За тоа како настанал универзумот е многу потешко да се открие одколку како настанале видовите, бидејќи се работи за непретставливи за човековиот ум димензии.
Така да не збори така не греши душа бидејќи нешто што најмалку сакаат научниците да направат е да да го увредата разумот , тие всушност се поборници за да се разбере се со разумот.
 
Значи да сумираме:
Еволуцијата е фалш теорија која кажува,што?
Дека животот настанал со не-создавање (кое подразбира Створител,односно Ум-Збор-Логос,по чиј план се создава животот)
туку со случајност која никогаш не се нарекува план ниту закон.

Најпрвин се тврдеше дека (Дарвин)новите видови настануваат поради изменете надворешни услови,да преку законот на појаките единки(само оние кои најдобро се прилагодуваат на промените),преживуваат и така настанува постепено,со континуирана промена,нов вид(но џабе,нема преоден вид кој тоа би го докажал!)
Значи ни Дарвин не сонувал дека постојат "програмски кодови" во секоја станица,која јасно управува со животот,така да не може од DNK од глушец да настане DNK на мачка,ниту некоја преодна форма на глушец и суперглушец,туку од глушецот ќе изникне нов глушец,а не некој нов вид.

Затоа е јасно дека микробиологијата и теоријата на веројатност ја побиваат лажната теорија на еволуција.
Ај лека ноќ.
 
Ко прво има преоден вид еден од најпознатите е фосилот на археоптерикс кој е преоден вид од рептил кон птица, исто такак се најдени фосили на рептили кои имаат крзно што е карактеристика за цицачите.
Второ и многу побитно јас многу би бил среќен ако ти ми објасниш со што теоријата на релативност, а со што микробиологијата ја побива теоријата на еволуција, сакам докази кои се издржани а не само нафрлени зборови и премиси.
И мислам дека е тотално некоректно однапред да ја дефинираш како грешна, бидејќи со тоа се гледа само напаѓачки начин на дискутирање кај човек кој нема аргументи да го побие соговорникот, ако не примети јас а ниту 606 никогаш не рековме дека дека постоењето на господ не е точно туку рековме дека не едокажано дали е точно или не, и од таагледан точка е нелогично да се завземе став дека тоа е грешно односно правилно.
И петти пат јас треба да повторам дека не се базира теоријата на еволуција на случајност, образложението го имаш погоре.
Ама ти прво објасни ми убаво со аргументи и докази дека теоријата на релативност и микробиологијата ја побива теоријата на еволуција
 
Sith_Lord напиша:
Трилчо, еве ти малку материјал за research. Уживај. Ти го препорачувам делот насловен како "Misunderstandings about modern evolutionary biology"... :P

http://en.wikipedia.org/wiki/Evolution

Sith

E, de...Sekoj go ima procitano ova, najdi nesto pointeresno ako veke baras...P.S. Bez navreda, OK? :kajg:
 
E, de...Sekoj go ima procitano ova, najdi nesto pointeresno ako veke baras...
Mislis? Po glupostite sto odredeni individui gi tropaat na topicov, ne mi izgleda bas taka. Therefore, najtoplo im preporacuvam da procitaat pred da debatiraat.

Kakva navreda? Pffft. Uzivaj. :)

Trile, btw preodni vidovi ima kolku sakas. Dvojnodisecka riba, sakoperka, dzveroguster itn.

Sith
 
Sith_Lord напиша:
Трилчо, еве ти малку материјал за research. Уживај. Ти го препорачувам делот насловен како "Misunderstandings about modern evolutionary biology"... :P

http://en.wikipedia.org/wiki/Evolution
Можам да читам со денови,али тука нема ништо освен пар лажни узбуни кои ги демантирале и самите научници.
 
Bacillus gagous напиша:
Ама ти прво објасни ми убаво со аргументи и докази дека теоријата на релативност и микробиологијата ја побива теоријата на еволуција
Не напишав теорија на релативитет,туку теоријата(закон) на веројатност.
Законот на веројатност ни кажува дека не е можно(скоро апсолутно) да од неживо настане живот кој го гледаме.
Како што не е можно сам од себе да настане живот на Земјава,така не е можно било кај во Универзумот да настане живот спонтано.
Колку веќе децении се бара планета која би била погодна за живот.
Нашле некоја?Марс? :smeshko:
И каде тоа човек може да "избомбардира" планета со микроорганизми?
Па со децении тоа се пробува во лаборатории,значи не онака од тепка,туку тоа го работи човечки ум,предизвикувајќи вештачки мутации да створи нов вид.
Па ништо од тоа...

Околу првиот дел нешто.
Случајно не може да бидне од живо и не може случајно да се измени
програмскиот код и да очекуваш дека понатаму програмот ќе ти биде функционален(така е и со гените кои се аналогни на програмскиот код,затоа што од гените на човек нема никад да настане да кажеме крокодил,но ако се измутира тој ген,може да се створи човечка наказа,а не некој вид суперчовек.)

Сите мутации се дегенеративни и не создаваат нови видови,тику предизвикуваат микропромени на веќе постоечкиот вид.
(одгледувачите на пци тоа добро го знаат,дека ако внимателно не се
одберат единки за размножување,ќе се изгубат тие микропромени,нпр.дозволиш ли "чистокрвните" псета слободно да се размножуваат,ќе ги снема сите вештачки комбинирани раси и се ќе се врати на состојбата пред вештачкото одгледување).

И што си запнал да ја браниш еволуцијава,кога ионака по десет години ќе застапувате друга дијаметрално спротивна научна теорија.:wink::)
 
Можам да читам со денови,али тука нема ништо освен пар лажни узбуни кои ги демантирале и самите научници.

Линкови друже, линкови. Ако немаш ЛЕГИТИМНИ извори со кои ќе ги поткрепиш твоите тврдења, само тропаш во празно.

Sith
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom