Читање книги

  • Креатор на темата Креатор на темата Stefan14
  • Време на започнување Време на започнување
Обожавам да читам инспиративни и оптимистички книги...како на пример книгата што ја читам моментално "The greatest salesman in the world"(Најголемиот продавач на светот) е неверојатна со преубави мисли и цитати...
 
Хммм читам. До пред некое време читав исклучиво историски (таков тип на книга ми одеше како алва) а инаку и белетристика од не многу одамна. Полесно се чита но и жанровите некогаш не ги погодувам.
 
Обично пред легнување читам по 50-тина страни. Се има случено некоја книга ептен ако ме заинтересира по цел ден да ја читам. Фаворит убедливо Господар на прстените. И Хари Потер е многу добра, единствено ме нервира македонскиот превод во таа книга.
 
Моментално ја читам Евгениј Онегин (за школо ми е) и Странецот - Алберт Ками што не ми е за на школо :)
 
Моето омилено хоби:) Обожавам да читам книги, едноставно тоа ме релаксира:)
Читам секакви, не сум ограничена, ама Хари Потер серијалите ми се омилени! Ги имам сите дома и ги имам прочитано по десетина пати.:smir:
 
Последно читав летово, Мајсторот и Маргарита од Булгаков, многу јака ми беше. Сега на факултет немам време да трошам на читање книги.
 
Обожавам да читам, подобар начин за релаксација не би нашла.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom