Чија е одговорноста?

  • Креатор на темата Креатор на темата Out Of Reality
  • Време на започнување Време на започнување

Што мислите кој е крив за ситуацијата во која што се напѓаме самиот Народ или Државата?

  • Државата

    Гласови: 13 20,6%
  • Народот

    Гласови: 50 79,4%

  • Вкупно гласачи
    63
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.812
Поени од реакции
3.068
Што мислите Кој е крив за ситуацијата во која што се наоѓаме Државата или самиот Народ?

Нон стоп обвинуваме некој за ситуацијата во која што се наоѓаме. Тоа не ни чинело ова не ни чинело, немало пари, невработеноста е голема, сиромаштијата била голема, името не ни го признавале, Државата не ни чинела.

Би сакал да објасните што мислите кој и зошто е крив за тоа, чија е одговорноста според вас?

Дали народот ни е мрзлив и се очекува од државата и е премногу разгален?
Кога и да поминам во центар на кеј, ул нова македонија, ленинова.. кафиќите се секогаш полни.
Нели народот нема пари? Или и тие пари што ги има ги троши на кур*чење по кафиќи.( сакаат со седење пари да им дојде)
Исто така секоја втора кола е добра кола дали бмв, пасат, голф 6, и пак народот нема пари ?

Според мене мислам дека е до менталитетот на народот, балкански менталитет и одговорноста е моја односно наша за тоа дали јас ќе успеам во животот или не. Нигде нема напредок со спиење, правење ништо, само кај нас е така. Т.е се очекува да биде така.

Кое е вашето мислење?
 
Зависи за што,ама во повеќето случаи луѓето си се сами криви.
 
Без народ државата нема да постои! Што значи колку што и‘ дозволуваме, толку ќе не‘ злоупотребува, и нема логика таа да е крива, јасно е дека народот си е крив!
 
кој е народот а која е државата?кој е крив?нели е едно исто?!!!
 
кој е народот а која е државата?кој е крив?нели е едно исто?!!!

државата мислам на владата, тие што ја водат државата
--- надополнето: Jun 28, 2011 1:10 PM ---
Без народ државата нема да постои! Што значи колку што и‘ дозволуваме, толку ќе не‘ злоупотребува, и нема логика таа да е крива, јасно е дека народот си е крив!

хаха епа тоа ми е прашањето ако народот си е крив зошто тогаш се жалиме :)
 
Треба да се промени матрицата. Се додека постојат членски книшки, партиски вработувања, финансирање на партии, нема да имаме развој. Нека се формира посебен државен канал, каде што секоја партија подеднакво ќе има што да каже, дебати, дуели, па потоа народот нека оцени кој да дојде на власт.
 
хаха епа тоа ми е прашањето ако народот си е крив зошто тогаш се жалиме :)
Епа јас да речеме не се вбројувам себеси во мнозинството, ама за жал мнозинството е тоа што одлучува!
Проблем е и големото неединство што постои меѓу самиот народ, секој си гледа само за себе, и ако е и минимално задоволен, нема да трза, тоа е одличен момент за секојa власт, што и го користи.
А за жалењето, тоа произлегува од конструкцијата на генот македонски, ништо не му чини, само лае, и што превзема во врска со тоа? НИШТО, продолжува да лае. Ете тоа се главните причини зошто народот е крив!
 
Народот, кој е мрзелив и поставува дегенски прашања од типот на:
-Ако се живеело добро од земја никој немал да отиде во град ??????????????????????!

Холанѓаните дебили се што призведуваат преку 4 милјарди цвеќиња на годишно ниво.
 
За ситуацијата во која јас се наоѓам, јас сум си крив / заслужен.
 
Значи навистина не силоваат со години, истиот синдром го имаат жртвите на силовање и насилство, дека тие се виновни за ситуацијата во која се нашле или пак го предизвикале насилникот со нешто.
Во Хрватска имаше слична ситуација кога еден од политичарите го обвини народот, наредниот ден осамна најдобриот наслов во весник некогаш излезен,

MI SMO
SVI NJE-
GOV NA-
ROD
 
Каков народ, таква власт.Неможе од неписмена багра да излезе добра власт.
Није Слобо крив, ми смо го*на!
 
Што мислите Кој е крив за ситуацијата во која што се наоѓаме Државата или самиот Народ?
под држава мислиш на поединци, олигарси и функционери поврзани со истите како и странски институции и агенции и фирми поврзани со тие олигарси или на самиот државен апарат-администрацијата?
За да знам дал да гласам пошто не гледам кривица ни во државата ни во народот. земи го за пример градски аптеки пошто е меѓу најсвежите...и уште милион други
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom