Чеза Комерц апетисани и Рамстор! Црви внимавајте каде купувате

  • Креатор на темата Креатор на темата Albertos
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
29 септември 2015
Мислења
254
Поени од реакции
337
Возраст
29
Пријатели темава ја отварам за сите оние кои се љубители на апетисани да внимаваат од каде купуваат.

Револтиран сум од Рамстор Капитол Мол и Чеза Комерц.

Купив во размак од 3 дена Лешници, Фстаци и Кикирики (непечени)
Ги носам дома ги складирам сите во посебна кутија како и секогаш и после 2 дена одам повторно да купам овој пат кикирики.

Луѓе од се што имам дома работиве купени од Рамстор беа со црви.
Црви во Лешниците, црви во Фстаците и денес црви и во Кикирките.

Згрозен сум и до сега ми се нема случено вакво нешто.

Незнам кај кого е грешката, дали кај увозникот во случајов Чеза или продавачот

Во секој случај можностите зашто дошло до ова се:

1. Или робата е премногу стара
2. Или робата е несоодветно чувана

Прашање е дали и на други места е вака односно до магацините на ЧезаКомерц или е само изолиран случај во Рамстор Капитол.

Но едно е сигурно, во три наврати увидов дека апетисаните во Рамстор Капитол се полни со црви.

Немам како да ги исконтактирам но навистина сум згрозен. Се надевам дека некој тука е поврзан и ќе ги исконтактира Чеза Комерц, бидејќи ова е неприфатливо.

Исто така, доколку има некој тука исти случај во периодов од друго место добро би било да пише. Можеби така ќе биде појасно дали е глобален проблемот низ Македонија или само еден Маркет е во прашање


Воедно совет, Бидете внимателни и ако можете избегнувајте да купувате од Рамстор Капитол апетисани.
 
Душо, црвите се полно витамини, така ништо страшно, ја на твое место не би правел толку голема паника за неколку црви, при џвакање на кикириките нема ни да ги осетиш.
 
Trkni do Ceza, vidi im go magacinot, vdishi ubavo i fati si go patot za doma.
 
Душо, црвите се полно витамини, така ништо страшно, ја на твое место не би правел толку голема паника за неколку црви, при џвакање на кикириките нема ни да ги осетиш.
"протеини"
 
Како е напишан насловов мислев темава е за риболов нешто, дека ни советуваш да внимаваме од каде купуваме црви.

Зошто не им ги врати и апетисаните и црвите? Одиш од таму кај што се купени и им се жалиш, они ќе си откријат кај кого е вината ти ќе си ги добиеш парите назад а можеш и во инспекција да пријавиш.
 
Ми се има случено како помал да купам лупени печени кикирики со црви, од локален маркет...
Мој совет е, купувај пакувани, не рефус и провери дата, пошто тие во стакло им седат недефинирано време, немаат рок на траење.
Ако ептен сакаш рефус, тазе печени, тогаш купи од семкара, што ги печат и продаваат секој ден, немаат застој.
 
Како е напишан насловов мислев темава е за риболов нешто, дека ни советуваш да внимаваме од каде купуваме црви.

Зошто не им ги врати и апетисаните и црвите? Одиш од таму кај што се купени и им се жалиш, они ќе си откријат кај кого е вината ти ќе си ги добиеш парите назад а можеш и во инспекција да пријавиш.
ја фрлив сметката. Инаку би отишол во инспекција.
Затоа и пишав овде бидејќи сум незадоволен и револтиран, а можеби и ќе најдам некој друг кој му се случило истото. Ако сме повеќе веројатно ќе се прави нешто.
 
Душо, црвите се полно витамини, така ништо страшно, ја на твое место не би правел толку голема паника за неколку црви, при џвакање на кикириките нема ни да ги осетиш.
Штом има црви тоа значи дека све е природно, без никакви хемикалии.
 
Ми се има случено како помал да купам лупени печени кикирики со црви, од локален маркет... Мој совет е, купувај пакувани, не рефус и провери дата, пошто тие во стакло им седат недефинирано време, немаат рок на траење.
Ако ептен сакаш рефус, тазе печени, тогаш купи од семкара, што ги печат и продаваат секој ден, немаат застој.
...напротив, треба да внимаваме на пакуваните т.е. да видиме кои ги пакува, оти ако се пакувани не значи дека не се рефусни,
... не знам дали знаете да поголемите маркети освен што продаваат прехрамбени артикли со заштитен бренд, земаат на големо на пример шеќер, грав, ориз, пченица, брашно, леќа, печурки, јувки, макарони, па и разни апетисани како лешници, кикирики, бадеми па и суво грозје и истите во свои Х простории каде имаат највервантно специјални машини за пакување на тој голем „рефус“ во помали количини како краен производ со име на сопствена фирма,

index.jpg по.jpg кл.jpg

секогаш ваквите „ Рефусни производи“ се нешто поевтини од фабричките пакувани со заштитен производител, а сите се залетуваме поради цената, а и поради наместени на преден план по рафтовите, исто и јас се зезнав така со суво грозје и се распрашав токму околу овие производи и ете што било всушност т.н „ Рефусни производи“ што сами маркети си ги пакуваат!

0102003920jufki20vero.jpg index.jpg гхт.jpg index.jpg

... ќе приметите разни артикли со име од поголеми маркети Веро, КАМ, Кипер, Тинекс ...па и Чеза,
...тоа значи дека тие истите си ги пакуваат рефусните производи, е сега прашање во какви услови, кои ги котролира и кој воопшто одредува рок на трајност на самит производот ...не знам :toe:
 
Последно уредено:
ја фрлив сметката. Инаку би отишол во инспекција.
Затоа и пишав овде бидејќи сум незадоволен и револтиран, а можеби и ќе најдам некој друг кој му се случило истото. Ако сме повеќе веројатно ќе се прави нешто.
Одиш купуваш нови и по 2 саати им се враќаш со старите :)
нот мај идеа :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom