Чест

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemiseverue
  • Време на започнување Време на започнување
Човече, ти ја отвори темава носталгично гледајќи на времињата кога "не-чесните" си сервирале социјално самоубиство, кога околината ги отфрлала. Тоа не е суд на околината?

Ти биле свесни за судот на околината, си сервирале е вистинскиот збор. И човече, сум ја насочил погрешно, ти како модератор нели треба да ја исправиш? :) Што си се запнала за мојот носталгичен приод?
 
Ти биле свесни за судот на околината, си сервирале е вистинскиот збор. И човече, сум ја насочил погрешно, ти како модератор нели треба да ја исправиш? :) Што си се запнала за мојот носталгичен приод?
:)
Само сакав тоа да го расчистам, односно да ја одделам честа од општествениот суд (затоа што цврсто сум убедена дека околина не смее да суди за туѓи етички норми и карактер).

Откако тоа го разјаснивме...Нема чест како перманентна категорија својствена за одредени особи, а за други не, туку има збир на одредени морални уверувања, кои особата денес може, а утре не мора да ги поседува и обратно.
Се на се, честа не ја земам како дефинитивен неменлив поим.
Оттаму сум и убедена дека честа ја има подеднакво како денес, така и во минатото. Пред се, затоа што не може да се класифицира, па оттаму ни измери.
 
Чест, е она што народски го викаме цврст карактер. Она што кај нас Албанците особено, односно муслиманите го имаат преку “беса“. Тоа е непогазување на одлуките, ставовите, и искажаните идеи и размислувања. Да, тесно поврзан со моралните вредности кои бараат пријателство, лојалност, непотклекнување под “убавините“ на среброљубието за доброто на човекот. Непокажување слабост, манифестирање храброст, покајание со двојно поголемо дело кон оној кому евентуално си згрешил, грижење за својата крв (изопачувањето од сликата не го земам за вистинско), па дури и зачувување на својот образ. Одење до таму, да се има обичај брат за брат е веќе девијација на честа која излегла од контрола, но... може и за тоа да разговараме.
Нема арбитар, каква проклета црква девојко, зборуваме за единка, за твојот карактер кој ги поттикнува твоите дела а директно поврзани со тебе. тоа не значи дека честа се брани со убивање луѓе кога ќе ни текне, тоа е лудило. Туку со одбрана на честа, кога е нападната.

Темата навистина беше лошо (нејасно) воведена. Чест е човек да има континуитет во постапките, зборовите, намерите, стремежите...
Во репликава кон Ада конечно си дал вистинска насока за дискусија.
Јас сметам дека честа, чесниот збор и чистиот образ се категорија во одумирање. Некако,кога е честа во прашање, се повеќе луѓе имаат став "може и вака, ама може и така", како Циганот од вицот.
За жал, обесчестувањето на честа во денешно време, изроди многу копилиња кои сега ни ја расплакуваат мајката на сите полиња од животот, и што е најтрагично, тие се идоли на оваа генерација што доведува до воспоставување на нов, изместен систем на вредности и до невидена ерозија на моралот.
 
Начинот на однесувањето на луѓето денес сум кажал повеќе пати дека не ми се допаѓа. Но зошто упорно сите ние се вадиме дека добрите особини се во изумирање и ете ние не сме моќни. Секогаш другите прават грешки но не и ние. Сите останати се расипани, освен ние двајца кои ќе го водиме разговорот уз коњак со коцка мраз. Тоа не е возможно, ние сме расипаните, се расишуваме бидејќи го прифаќаме тоа, го прифаќаме расипаното, мувлата се шири и на нас, ние сме мувлата веќе, даваме придонес секој ден за и оние кои евентуално живееле во некој отсечен свет да станат и тие мувла.

Оние кои ги диктираат правилата, се сложувам, се со изместен систем на вредности, ги гледам секојдневно и ставам рака дека е така. Но кога сме тука, да потсетам за темата која еден период неодамна беше доста популарна. Изместен систем на вредности
 
Сите останати се расипани, освен ние двајца кои ќе го водиме разговорот уз коњак со коцка мраз. Тоа не е возможно, ние сме расипаните, се расишуваме бидејќи го прифаќаме тоа, го прифаќаме расипаното, мувлата се шири и на нас, ние сме мувлата веќе, даваме придонес секој ден за и оние кои евентуално живееле во некој отсечен свет да станат и тие мувла.
Јас никаде не наведувам дека не сум со сите :helou:, јас сум дел од целото, и очигледно е дека штом сеуште сум жива и не сум пустиник кој јаде трева и корења, дека функционирам според постојните правила на игра:toe:
Она што го констатирав во текстот е истото ова. Не се согласувам со таквиот модел на однесување, но повеќе од очигледно е, дека барем во моментов, нема критична маса којашто би променила нешто на овој план.
Од друга страна, ако го погледнеш човештвото во континуитет, ќе воочиш дека тоа така се развива, со падови и врвови.
Лоша среќа на нашата генерација е што живееме во период на депресија, но "секое зло за добро", јас се надевам дека луѓето како род ќе излезат посилни и поразумни од ова искуство.
 
Сите останати се расипани, освен ние двајца кои ќе го водиме разговорот уз коњак со коцка мраз. Тоа не е возможно, ние сме расипаните, се расишуваме бидејќи го прифаќаме тоа, го прифаќаме расипаното, мувлата се шири и на нас, ние сме мувлата веќе, даваме придонес секој ден за и оние кои евентуално живееле во некој отсечен свет да станат и тие мувла.

Од друга страна, ако го погледнеш човештвото во континуитет, ќе воочиш дека тоа така се развива, со падови и врвови.
Лоша среќа на нашата генерација е што живееме во период на депресија, но "секое зло за добро", јас се надевам дека луѓето како род ќе излезат посилни и поразумни од ова искуство.
За првото си во право за второто тешко не со вакви реклами во кои ни викаат купи или си lame машината која ја стартуваме наречена потрошувачко општество тешко дека некогаш ќе ја спречиме и изгасиме

A тоа потрошувачко општество тешко дека ќе те остави ти да имаш чест и достоиство(заедно одат)каде што секој кој не се вклопува во системот треба да се скрши на било каков начин
 
Но зошто упорно сите ние се вадиме дека добрите особини се во изумирање и ете ние не сме моќни. Секогаш другите прават грешки но не и ние. Сите останати се расипани, освен ние двајца кои ќе го водиме разговорот уз коњак со коцка мраз. Тоа не е возможно, ние сме расипаните, се расишуваме бидејќи го прифаќаме тоа, го прифаќаме расипаното, мувлата се шири и на нас, ние сме мувлата веќе, даваме придонес секој ден за и оние кои евентуално живееле во некој отсечен свет да станат и тие мувла.
Evil prevails when good people do nothing. :)

Инаку, денес го живееме времето на морален релативизам. Ослободувањето од некои стари морални стеги,кое се случуваше во првата половина на минатиот век, денес ја проаѓа фазата на декаденција.
Ние сме нешто како деца, кои пред извесно време останале без родителски надзор во земјата на чоколадите, па сега повраќаат и се влечат по земја од прејадување и им е страшно досадно.

Како и да е, верувам дека од ова релтивизирање и екцес ќе се изроди рамнотежа.
Исконската вистина дека само доброто, искреното, праведното носи мир и трајна среќа, ќе си се врати само од себе, и не преку наметнување или осуда од околината, туку секој сам, преку обид и грешка ќе си дојде до тоа сознание.
И честа, преку истото, ќе се врати.
 
Од друга страна, ако го погледнеш човештвото во континуитет, ќе воочиш дека тоа така се развива, со падови и врвови.

Chest e individualna rabta...

Честа умре со напредокот на технологијата :)

... i ne e povrzana so paftanje mechevi po bojni polinja.:wink:

:)
Само сакав тоа да го расчистам, односно да ја одделам честа од општествениот суд (затоа што цврсто сум убедена дека околина не смее да суди за туѓи етички норми и карактер).

Okolinata mora da sudi i rasuduva. Kako inaku ke nauchi? Ne e se' pozitivno, za prifakjanje da bide prviot chekor.:toe:

Инаку, денес го живееме времето на морален релативизам. Ослободувањето од некои стари морални стеги,кое се случуваше во првата половина на минатиот век, денес ја проаѓа фазата на декаденција.

Се на се, честа не ја земам како дефинитивен неменлив поим.
Оттаму сум и убедена дека честа ја има подеднакво како денес, така и во минатото. Пред се, затоа што не може да се класифицира, па оттаму ни измери.

Poentata shto ja imash e fina, samo shto trga od toa da chest e opshta svojina. A svesni sme deka i vo naj 'romantichnite' periodi chesta ne bila opshto prifatena stvar.
Samopochit i disciplina se stolbovi na chesta, pa ako trgneme od tuka, kolku i da se menuvaat moralnite normi, chest e nemenliva i merliva, naravno striktno vo individualni ramki.
 
Чест....
Чест е збор кој сите го спомнуваат а уствари никој не ја гледа честа на начинот на кој треба..
Сите зборуваат за таа чест само од што имаат слушнато по филмовите и прочитано во книгите...
Сите(под ова сите се наоѓаат оние кои ги познавам)се караат и се тепаат за честа а уствари честа им е изгубена уште со нивната кавга на почеток..
Чест е да не лажиш и да не правиш лицемерие а уствари такви не постојат освен можеби еден или двајца мои другари....
Затоа глупаво е да се зборува за честа како општ поим туку треба да се зборува за честа на пр(наслов на тема).."На кои начини луѓето ја губат честа"
 
Значи сите(под ова јас мислам на светот) не ја познаваат вредноста на честа освен ти и неколку твои другари.
Никој не ја разбира на начинот на кој треба да се разбере, можеби тоа има врска со тоа дека сите индивидуално ја доживуваат.
 
Koj go ima gledano filmot, znae za sto toa Pacino govori vo klipot :toe:
 
Честа најповеќе ја поврзувам со даден збор .Дури и криминалци сметале дека ако дадат збор ќе мора да си го одржат . коцкарскиот долг се нарекува долг на честа . По мене тоа е пронципиелност во животот ,ми се случило набрзина да се заканам со нешто а потоа да морам да отстојам на тоа ,повеке од принципиелност откоку чесност.А дали ја има сега ?? мислам дека да, само во изменети опстојателства.
 
Значи сите(под ова јас мислам на светот) не ја познаваат вредноста на честа освен ти и неколку твои другари.
Никој не ја разбира на начинот на кој треба да се разбере, можеби тоа има врска со тоа дека сите индивидуално ја доживуваат.
Зборувам за луѓето кои ги познавам,а не за сите во светот како што ти го доживеа постот.Ти не спаѓаш во тие кои ги познавам,а мислам дека не спаѓаш во тие кои не ја сваќаат честа според постовите кои ги имаш оставано...
Ти си супер во тој поглед(иако ти не ме сметаш мене за таков)што не важи за сите форумџии тука ама нема сега да именувам...
Морам да го спомнам тој архангелот на смртта нез зашо нема сега оставено пост тој е еден од најприфатливите членови на форумов...
Јас сум искрен и на никого нема да му правам лице
ајт позз
 
Според вредностите на денешново наше општество јас неможам баш прецизно да го дефинирам поимот Чест. Во денешново наше општество такво нешто мислам дека има премногу малце што слободно може да се изостави, јбг тоа е капитализам сите се борат за кеш и подобар живот а честа се занемарува.
Затоа премногу ги поштувам Кинезите и Јапонците , не поради нивната економска воена или каква и да е моќ туку зошто сметам дека само таму зборот чест го има своето право значење .
 
Back
На врв Bottom