да не бидат покажувани со прст поради било што...
Покажувањето со прст е кичот во приказната за честа. Side effect. Тотално неважно.
simeon напиша:
Треба да се земе во обзир и што не чека, Второто Христово доаѓање.
Не, не треба. Каква врска има религијата со човечкиот карактер?
Cool Hand Luke напиша:
Може не е изгубена но е некаде длабоко закопана, под тепихот на нашите лични интереси. И би рекол многу повеќе глумат дека ја имаат оние што помалку ја имаат.
Многу добро кажано, тоа е како “куче што лае, не каса“.
Quark напиша:
Tatko, koj sto koga vleguva doma decata negovi ne stanuvaat na noze, ne e tatko.
Тоа нема никаква врска со чест.
ada напиша:
Што е Виктор чест?
Кои се нејзините дефинитивни одлики?
Пошто, за да судиш за нешто, мораш да ги имаш поставено и строго дефинирано границите на истото.
Истотака, кој е тој доволно доблесен, или која е таа група доволно доблесна, која ќе може да одреди што треба да се казни со општествена осуда и апстрахирање?
Ти тука говориш за, ни помалку, ни повеќе, туку за морален суд. Нешто што црквата во средниот век го правела.
Само нечија бескрајна ароганција може да си претпостави дека е арбитар за поим, така недефиниран и апстрактен, како честа. И таквите обиди, мора да се засекуваат во корен.
Не, нема безгрешни кои ќе имаат право да го фрлат првиот камен.
Има само нездраво самоуверени, кои ќе се дрзнат да го направат тоа.
На таквите, не камен, него карпа треба да им се џитне.
Ada, јас не судам никому, и ништо... прилично општо е поставена темата.
Не ада, не говорам за морален суд. Што е чест? Не ме ни чуди што не знаеш.
Чест, е она што народски го викаме цврст карактер. Она што кај нас албанците особено, односно муслиманите го имаат преку “беса“. Тоа е непогазување на одлуките, ставовите, и искажаните идеи и размислувања. Да, тесно поврзан со моралните вредности кои бараат пријателство, лојалност, непотклекнување под “убавините“ на среброљубието за доброто на човекот. Непокажување слабост, манифестирање храброст, покајание со двојно поголемо дело кон оној кому евентуално си згрешил, грижење за својата крв (изопачувањето од сликата не го земам за вистинско), па дури и зачувување на својот образ. Одење до таму, да се има обичај брат за брат е веќе девијација на честа која излегла од контрола, но... може и за тоа да разговараме.
Нема арбитар, каква проклета црква девојко, зборуваме за единка, за твојот карактер кој ги поттикнува твоите дела а директно поврзани со тебе. тоа не значи дека честа се брани со убивање луѓе кога ќе ни текне, тоа е лудило. Туку со одбрана на честа, кога е нападната.