Во 1986 година каква писменост сакаш да имале
![](//emoji.tapatalk-cdn.com/emoji23.png)
да бе ние ке знаевме за опасноста и за радијацијата да не беше интернетот.
Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
Не знам зошто бараш ниво на писменост и обученот во време на комунизам, тогаш ако им речеле дека магарето лета тогаш за нив летало и чао пријатно. .
Па ние знаевме иако системот беше сличен со нашиот. Не беше проблем да се знае, проблемот беше што и нашиве власти доцнеа со информирање на населението. Интернетот не е единствен извор на знаење иако сега имате таква претстава дека без него не се можело. За зрачење се учи во средно школо. Физија и фусија беа дел од физиката. Алфа, бета, гама, кратки, долги, моќ на продорност и опасностите од истите, период на полураспаѓање, заштита и слично. Иако поминале 40тина години, сеуште се сеќавам на тие предмети, барем колку што ми треба. Покрај тоа, постојат и библиотеки, весници од разни области итн.
Значи во врска со зрачењето се работи за познавања од општа култура и надоградба по желба, но со самото доцнење на информацијата бадијала познавањата, ние веќе бевме изложени на отворено. Чудно како русите поим немале за што се работи при експлозија на нуклеарна централа, живеејќи до неа, а притоа требало да имаат основна обука од АБХО заштита.
Е како неколку, подоцна со што мереа ниво на радијација?
Општо, имале само еден бројач со нормален дијапазон и тоа заклучен во сеф. Ова другото било колку да измерат појака радијација од рентген зрачење. Напоменав, се носеа индикатори во рентген одделите каде, ако има повисока доза, индицира дека мора да се прекине со работа. Не им беше дозволено да работат прекувремено, како заштита имаа оловни плочи меѓу ѕидовите, носеа и оловни престилки...и тоа кога јас бев основно, во 70тите. Во држава која беше далеку од сила камоли нуклеарна сила. Пред 30тина години бев обучуван за пожарникар па колку се сеќавам постојат одредени правила. Што повторно ми буди сомнеж дека е мал претеризам ова екранизирање.
Еве уште еден детал- камо за војската, рударите и пожарникарите гас маски за да не вдишуваат дополнително радиоактивна прашина. И за жителите
Генерално, не мораше да знаеме како работи реактор и за што служат графитните плочи, не бевме нуклеарни физичари. Доволно беше да знаеме за опасноста од радијацијата и избегнување на поголема изложеност.