Chelsea vs. Manchester United | 05.02.2012 ; 17:00h

Како ќе заврши натпреварот?


  • Вкупно гласачи
    118

C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.515
Поени од реакции
1.266
Што е ова плачење бе? Кога ви досудуваа пенали, голови од офсајд, арно ви беше... Прво полувреме, арно ви беше, никој ни да пише, ни ништо... Кратко и јасно, да му дадеа на Кејхил црвен картон и пенал за Јунајтед (или слободен удар, беше на линијата, неможам да проценам убаво), ќе беше лагано 0-3, според играта која ја диктираше Јунајтед на мостот...

Веб си ја увидел грешката на полувреме и успеа да искомпензира (што е лошо за судиите, бидејќи одат од грешка во грешка), ама тоа е, да не биде оштетена само едната страна... Првиот пенал чист како солза, вториот имаше контакт ама се гледаше убаво намерата на Велбек (исто како вчера на Џонсон кога се намести намерно за пеналот на Сити)...

И друга грешка, што гледам намерно или ненамерно не сте ја спомнале... Бане имаше жолт картон, така? При правење пенал, во зависност од фаулот се добива минимум жолт картон, а тој не доби само за да не му биде втор, автоматски црвен... Така да најреално беше нерешен исход, колку вие оштетени, толку и ние...

Ние не плачеме толку што сме кандидати за титулата, колку вие, што се борите за 4-то место :icon_lol:
Што има да плачете коа од 3-0 судијава ви подари 3-3.Треба да сте среќни што и со еден бод заминавте..Ова бинго беше за Манчестер.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.859
Поени од реакции
11.524
Судијата подарил...од некои што освоија титула со гол од офсајд
Патетика :icon_mrgr:
 

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Што има да плачете коа од 3-0 судијава ви подари 3-3.Треба да сте среќни што и со еден бод заминавте..Ова бинго беше за Манчестер.
Ајде да се самоцитирам...

"Што е ова плачење бе? Кога ви досудуваа пенали, голови од офсајд, арно ви беше... Прво полувреме, арно ви беше, никој ни да пише, ни ништо... Кратко и јасно, да му дадеа на Кејхил црвен картон и пенал за Јунајтед (или слободен удар, беше на линијата, неможам да проценам убаво), ќе беше лагано 0-3, според играта која ја диктираше Јунајтед на мостот..."
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Ајде да се самоцитирам...

"Што е ова плачење бе? Кога ви досудуваа пенали, голови од офсајд, арно ви беше... Прво полувреме, арно ви беше, никој ни да пише, ни ништо... Кратко и јасно, да му дадеа на Кејхил црвен картон и пенал за Јунајтед (или слободен удар, беше на линијата, неможам да проценам убаво), ќе беше лагано 0-3, според играта која ја диктираше Јунајтед на мостот..."

A ти што плачеш? Тоа што Челзи ви даде три гола, или уште еден пенал што не ви досуди веб?
 
Член од
16 август 2009
Мислења
2.214
Поени од реакции
1.714
Што има да плачете коа од 3-0 судијава ви подари 3-3.Треба да сте среќни што и со еден бод заминавте..Ова бинго беше за Манчестер.
Судијата ни подари тачно. Трите голови ги поклони судијата. А шо ви беше играта дупе и што не излеговте од 16ник на крај, што беше тоа? Пак ли судијата? Бинго било за Манчестер :pos:.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
A ти што плачеш? Тоа што Челзи ви даде три гола, или уште еден пенал што не ви досуди веб?
Не плаче бе, си бара објаснување од фановите на Челзи за овие две ситуации кога веќе таа страна обвинува дека е оштетена. Ама тогаш Веб супер си беше, нели? Или па извинете, заборавив, почнале да го гледаат натпреварот од 20 минута (y)
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.859
Поени од реакции
11.524
Ние барем освоивме,вие и со подароциве нема ништо да напрајте:D
Како ништо, па зарем има ли нешто поубаво од тоа да ве гледам напатени како плачете? :icon_lol:
 
Член од
25 октомври 2011
Мислења
663
Поени од реакции
719
Веб :гомце:
Добра утакмица , ја погодив на анкетата нерешено ја типував , мислев ќе биде 1:1 или 0:0. Фановите на МанЈу се радуваат како да освоиле ЛЕ. Ипак џабе им е овој бод, Сити е далеку подобар од нив и очекуем титулата да ја освои Сити.
 

Eric The King

Why always us!:)
Член од
21 април 2010
Мислења
3.297
Поени од реакции
1.245
Веб :гомце:
Добра утакмица , ја погодив на анкетата нерешено ја типував , мислев ќе биде 1:1 или 0:0. Фановите на МанЈу се радуваат како да освоиле ЛЕ. Ипак џабе им е овој бод, Сити е далеку подобар од нив и очекуем титулата да ја освои Сити.
И Барса е далеку подобра од Реал ама Реал ќе си лапни титула годинава!
Не велам дека не може да освојат, но се додека е мртва трка, шансите се 50-50 според мене!
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Какви предвидувачки способности имаат некои луѓе, бизнис треба да почнат. :P
 
Член од
25 октомври 2011
Мислења
663
Поени од реакции
719
Какви предвидувачки способности имаат некои луѓе, бизнис треба да почнат. :P
За 1 недела изгледав 5 сезони од Psych, така да ако сакаш да ви предвидам кое место ќе завршите во ЛЕ пп.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
За 1 недела изгледав 5 сезони од Psych, така да ако сакаш да ви предвидам кое место ќе завршите во ЛЕ пп.
Ќе ти пишам на моб, бројот ми е 045 - 543 - солскер - 654 , да не се изненадиш.
 

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
A ти што плачеш? Тоа што Челзи ви даде три гола, или уште еден пенал што не ви досуди веб?
Кој плаче бе напатен, кој? Кажувам само дека ние не се жалиме толку што имаше апла црвен картон и пенал и потоа втор жолт на Бане, отколку челзијашите што ни досудиле два пенали кој што и беа пенали... Па и да има ситуации за пет пенали, пет ќе свирнат, да не има некое правило да не се досудуваат повеќе од два пенали?

Со Стоук ни свирнаа два чисти пенали, и уште толку не ни свирнаа... На сељаците им свирнаа пенал против Фулам, бетер од овој над Велбек па никој не коментира...

И да, ефтини се паломите...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom