И двете екипи се враќаат по серијата слаби резултати. Челзи игра како што треба пак, иако воопшто не ми е јасно како паднаа после одличниот старт на сезоната. Ама од друга страна и Ливерпул игра на најдобро и најконтинуирано ниво од кога Кени дојде на менаџерското место. Последнава утакмица излезе со крајно чудна формација и избор на играчи, ама испадна многу правилна.
За Челзи не можам детално да анализирам бидејќи не ѓи пратам толку внимателно. Ама си играат како што доликува.
Уште поголемо значење добива натпреварот заради емоциите кои ѓи предизвика Торес. Додуша ако игра, како што рече фантом, нема да е изненадување ако не биде во прв состав. Од сите 4-5 утакмици кои Ливерпул ѓи играше против Атлетико Мадрид, секогаш имаше некој изговор Торес да не игра. Затоа не знам.
Има само неколку грешки во воведниот пост за дербито. Керол нема да е стартер со сигурност бидејќи е повреден, а според информациите ќе биде надвор од терените уште некоја недела. Исто и во последните утакмици на Ливерпул има грешка, не беше 3:0 против Фулам, туку 1:0.
Како и да е, навивачки типувам за Ливерпул. И имам основа за тоа заради последните резултати и препородувањето кое го предизвика Далглиш заедно со Стив Кларк. Ама и секој фан на Челзи има основа да очекува победа, исто од последните резултати на екипата.
Уште еднаш ќе кажам, пратете го Лукас, иако сите го исмејувате, на Енфилд против Челзи беше убедливо играч на натпреварот.