ChatGPT (OpenAI)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Јас користев еден месец бесплатна ПРО верзија. Разлика небо-земја. Буквално како личен асистент можеш платениот да го користиш и истовремено да му се довериш. Сега кога се вратив на нормалниот цело време го пцујам. Дали секогаш бил таков или сега ми прави впечаток оти користев поквалитетен, не знам.
 
не знаете да промптирате. Кога правите промпт давате прецизни инструкции. Еве овој му го пуштив на злате и го најде, иако не пишува фала.
 
не знаете да промптирате. Кога правите промпт давате прецизни инструкции. Еве овој му го пуштив на злате и го најде, иако не пишува фала.
ОК, ајде, од сега па натаму на секое пребарување ќе му пишувам да не измислува. :pos:
 
Јас користев еден месец бесплатна ПРО верзија. Разлика небо-земја. Буквално како личен асистент можеш платениот да го користиш и истовремено да му се довериш. Сега кога се вратив на нормалниот цело време го пцујам. Дали секогаш бил таков или сега ми прави впечаток оти користев поквалитетен, не знам.
Јас имам платен, за чур не го бива и тој.
 
Како сте задоволни од Gemini, јас го користам за слики за социјални мрежи и е супер. Исто така најефтиниот пејд план е промо 6 месеци по 2.5 usd, после тоа 4.9usd (Gemini Ai Plus plan)
 
@Zlatikevichius, пробај со Grok, поврзан е со X и за актуелни настани дава прилично попрецизни информации за разлика од ChatGPT кој не се ажурира во реално време.

За архивски податоци, посебно за литература/музика мислам дека е потешко да се најдат оти во тој период македонски сајтови со содржини од тие бранши речиси и да не постојат.
 
За архивски податоци, посебно за литература/музика мислам дека е потешко да се најдат оти во тој период македонски сајтови со содржини од тие бранши речиси и да не постојат.
За ова постојат. Утрински весник имаше свој сајт и многу добра културна рубрика, можеби најдобра од сите медиуми кај нас. Сите податоци кои ги имам за „Роман на годината“ всушност јас така ги извлеков. Wayback Machine има архивирано доста.

1773644409394.png
 
Како сте задоволни од Gemini, јас го користам за слики за социјални мрежи и е супер. Исто така најефтиниот пејд план е промо 6 месеци по 2.5 usd, после тоа 4.9usd (Gemini Ai Plus plan)
Одличен.
Јас воглавно го користам за креирање на слики, и за некои корисни информации.
 
Одличен.
Јас воглавно го користам за креирање на слики, и за некои корисни информации.
Gemini подобро прави слики дури и на бесплатна верзија. Единствено што на бесплатна има малку лош квалитет на сликите.

Кога веќе сме кај слики Chat GPT прави добро Prompt тие текстовите за генерирање слики.


На Chat GPT направено е посебно community за македонска музика



Почитувани,

Бројката на следбеници на оваа Фејсбук страна, или како што ние милуваме ве наречеме, членови на грубата љубители на македонската музика, ја надмина бројката од 24.000 членови.

Ви благодариме на интересот и ангажманот! ❤️

---

Сакавме да бидеме трпеливи пред да го изградиме моделот до крај, но не додржуваме. Вие знаете да не инспирирате. По повод 24К следбеници, како подарок од нас за сите вас е ДУХОТ НА ВБУ МУЗИЧКИ РЕГИСТАР со кој може да разговарате на македонски јазик на теми поврзани со македонската музика. Тој во неговата финална верзија ќе ги има сите информации и податоци со кои располагаше Регистарот.

Со голема радост ја споделуваме верзијата 0.5 од Духот на ВБУ Музички регистар кој во моментов е свесен за информации од 1.500 написи (колумни, топ листите, интервјуа, вести и информации за настани во период од неколку години.

Во следната верзија, очекувајте Духот на ВБУ да го има знаењето од дополнителни 1.000 написи од 54 стари печатени медиуми објавувани во период од 1946 до 2019 година.

Замисли! Замисли да можеш да правиш муабет на македонски јазик со најголемиот експерт за македонската музичка историја во секое време и секогаш?
Дами и господа, Духот на ВБУ Музички регистар! https://chatgpt.com/g/g-697f8f58e1548191ae3467162026e67a-dukhot-na-vbu-muzichki-registar-verzija-0-5

Кафето од вас за нас, овде: https://buymeacoffee.com/vbumuzichkiregistar

#illbeback
 
Gemini подобро прави слики дури и на бесплатна верзија. Единствено што на бесплатна има малку лош квалитет на сликите.

Кога веќе сме кај слики Chat GPT прави добро Prompt тие текстовите за генерирање слики.


На Chat GPT направено е посебно community за македонска музика
Многу халуцинации во последно време приметувам
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom