Часовници

Ваљда вреди :) Прв пат кога ги разгледував завршив бирајќи помеѓу еден нивен модел и Marc Jacobs и завршив купувајќи го вториот. Втор пат кога се мислев да купам саат чекав да зберам некој долар, ама ми направија трансфер на брод на кој не продаваат Swiss Gear.

Им го прогуглав брендот и фабриката "Chrono" да видам што е работата со нив, и видов дека две или три фирми имаат лиценца да прават часовници под брендот "swiss military" и најчесто се Chrono или Hanowa.
Брендот го прават од 1994 а фабриката Chrono е некои 30-40 години. Е сега не ми се свиѓа што фабриката им е "label factory" што значи освен Swiss Military прават часовници по нарачка со лого што ти ќе си одбереш и истиве модели часовници од Swiss Military ги продаваат така.

Се мислам да видам некој Tissot или Seiko ама се сомневам дека ќе најдам нешто за 200 евра, и ќе треба да растегнаа буџет.
 
Тисот и Сеико за тие пари, ептен нешто на распродажба ако начекаш.
Инаку за Хроно, не бери гајле. Ќе направам аналогија со наочарите за сонце. Гуглај Luxottica ;)
 
http://www.kupioddoma.mk/mk/35-mashki?p=4

Ефтини копии :D

Инаку има некоја значајна разлика во G-Shock моделиве или се работи за ситни разлики од еден до друг модел, пример G49, G43, G45, гледам иста цена се копиите?
 
Мои нови кукли :)

1. Seiko од 1972 година во одлична состојба:

img

img

2. GUB Glashütte/SA од 50тите години, произведена од источна Германија. За оваа многу ми е мерак оти е големо име со добар квалитет а и историја.

Наддаваш на ebay.de, а? :icon_mrgr: Еве ги моите новитети (фали еден што е на пат):

20160516_014632.jpg

Лево е Восток Амфибија, поклон од жената за годишнина, до него Кинзле Аутоматик, го земав за 90 евра, цената на налепницата на интернет никој не ја плаќа, дека Кинзле наводно користел кинеско движење, потоа половен Пољот со будилник (омилена играчка ми е во моментот), кој достигнува безобразни цени над наддавањата, ќе му додадам воено-зелено НАТО каивче и ќе оди поклон иако многу ми се допаѓа. Последниот дадов понуда на зафрканција, демек златен саат, и за беља го добив :D Сега се мислам што да му правам.

Кога ќе можам, ќе сликам поубави слики, и ќе напишам понешто за секој.

ПС. Овој патува:

$_12.JPG
 
Последно уредено:

Дада, ме фати мерак прво за Гласгутте ама потоа видов и други убави и постари часовници. Има и добри Руски, Пољот на пример. Ако можам да земам добро сочуван за добра цена би било супер :)
 
Овој ми е голема желба. Имам автоматик ама нареден сакам kinetic.

Прегледај го приврзокот 146380

Прегледај го приврзокот 146379
Не сум фан на "календар" саатите и римските бројки, но овој изгледа убаво.

Еве уште некоја слика од Амфибијата (не можам да откријам која е ознаката на моделот, има нешто "Восток 2416Б", но тоа ќе да е ознаката на движењето).

20160516_123730.jpg

20160516_123657.jpg

20160516_123653.jpg

20160516_142154.jpg

Околу 43мм е сосе круна, 39 без, стаклената површина е околу 30мм. Доста е "дебел", нешто над 14мм. Интересно е што круната се одвртува и во првата извлечена положба може да се навива иако е автоматик, во втората се мести саатот, но нема директно местење на датумот.
 
Мене таков calendar часовници ми се свиѓаат, а посебно бојата на стрелките на часовникот.

Инаку од пред скоро овој часовник ме служи.

srp713k1_1.jpg
SRP715K1-back1.jpg
2372008254.jpg

Сеико автоматик со 4R36A движење и Hardlex минерално стакло продукт на Сеико, со датумар и за денови прозорче.
Супер е движењето и нема приметливи варијации на времето. Стрелката оди како везена :) Резервата му е околу 2 дена и може да се навива.
 
Со Сеико нема промашај. Инаку, ја најдов моделската ознака за Восток Амфибијата, не многу креативно: 420280.
 
Дечки , замена на гумено ременче за Casio во b-watch\my time и сл, колку чини приближно ?
 
Супер ми изгледа, од каде го имаш купено и приближна цена ако не е тајна? :D

Од Хронометар продавницата на плоштад во Ристиќева. Пред некој месец имаа 25% попуст на Сеико модели и го земав за околу 13,500.
 
dSFdfffffffffffff.jpg
Ваков сат Касио, го имам 8 месеци можеби , да не е заинтересиран некој го продавам...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom