DimceY
Jimmy
- Член од
- 20 ноември 2007
- Мислења
- 6.038
- Поени од реакции
- 6.111
Откриен арсенал оружје во Чаир
Вработени во ЕВН во заложништво во Чаир тука
според мене треба полицијата да изврши една многу квалитетна рација во Чаир и да ги смири малку браќава
Ограбени две бензински пумпи во ЧаирПоголемо количество оружје пронајде полицијата при претрес на заедничките простории во зграда на улицата „Џон Кенеди“ во Чаир.
Според Министерството за внатрешни работи, при вчерашниот претрес биле пронајдени две автоматски пушки, три рачни бомби, еден пригушувач за пиштол, три рамки за автоматска пушка со по 30 куршуми, како и една рамка за пиштол.
Оружјето и пронајдените предмети се предадени на понатамошна обработка, за да се види дали има отпечатоци и да се откријат евентуалните сопственици.
Полицијата се сомнева дека оружјето било употребувано при извршување на кривични дела.
За околу 150.000 денари останаа полесни касите на две бензински пумпи во скопски Чаир. За малку пари вработените одвај извлекле жива глава.
На нишан со автоматски пушки ги држеле разбојниците додека траел грабежот. Завршиле само со полесни повреди од насилното однесување на насилниците.
Синоќа, едноподруго мета на вооружени разбојници биле пумпите на „Окта“ и „Макпетрол“.
Тројца со маски на главите, автоматска пушка и пиштол со „Рено“ пристигнале на бензинската на „Окта“. Двајцата вооружени напаѓачи, откако ја испразниле касата, со кундакот од пушката го удриле вработениот во главата. По грабежот побегнале.
Само 30 минути подоцна, на истата улица малку подолу, двајца маскирани со автоматска пушка дошле и на бензинската на „Макпетрол“. Откако ги земале парите од вработениот го претепале и побегнале.
„Веднаш откако е алармирана полицијата, излезено е, направен е увид на терен, разговарано е со вработените и се работи на идентификување на лицата коишто ги сториле разбојништвата“, изјави Иво Котевски, портпарол на МВР.
Засега полицијата не открива детали од истрагата. И во двата случаи се спомнуваат две маскирани лица. При разбојништвото и на двете пумпи е употребена автоматска пушка.
Истрагата треба да покаже дали двата грабежи се поврзани и ги извршиле истите разбојници.
Вработени во ЕВН во заложништво во Чаир тука
според мене треба полицијата да изврши една многу квалитетна рација во Чаир и да ги смири малку браќава

изгледа од цела зграда го складирале заедно