Чадорче...

  • Креатор на темата Креатор на темата Apokalipto
  • Време на започнување Време на започнување

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.586
Не, не мислам на чадорче за дожд, туку темава е посветена на сите оние од кои ни треба чадорче за да се заштитиме од сочните плуканици кои невино летаат кон нас во воздухот кога некои со навика на тој начин да се ослободат од вишокот течност ни зборуваат од метро-две...

Што мислите за тоа, не верувам дека некој не се нашол во таква ситуација, што да се стори, што ако "туширачот" е некој претпоставен и не може едноставно брзо да се изреагира и да се забришете макар и ако нешто завршило во окото или да му кажете да внимава?
 
Или под итно да му се купат нови забни помагала :pos2: или стоење на дистанца од минумум 2 метра со исчистени уши се разбира како би можеле да го слушнете што ви говори :pos:
 
АУ одма да му се каже!
Ја имам такво искуство од пред сто години на кое и ден-денес се смеам. Во една скопска дискотека со мал милион луѓе и гужви бев случајно застаната до ѕид кога дојде еден висококвалификуван плукач да се поздравиме. Пошто бев до ѕид и немаше каде мораше да се праи муабет и тоа блиску :ija:. Остана неколку минути раскажувајќи случки, а ја така фина да не го навредам дискретно се чешкам по лице, а уствари се бришам. Фуј! :icon_conf
Кулминација на се` беше кога ми рече: А ти што се чешаш цело време ко шуга да имаш? :nesvest::nesvest::nesvest: Ми се сврте у момент!
Од тогаш кажувам, со усул, на шала, ама кажувам.
 
Леле дешавкава:pos2::pos2::pos2: А ти шуга да не имаш???

Не ми се случило ништо вакво досега. Кога би ми се случило веројатно би кажала поучена од примеров погоре.
 
Ризик јак богами. Се пали аларм црвено светло и се трудиш да не го размуабетиш, реплицираш строго со “да, да“ и бараш начин да киднеш до тоалет. Тоа е покултурната варијанта, а попаметно е да му кажеш. :jaj:
 
Само професорот по биологија во средно правеше така, ама среќа што не седев на прва клупа :pos:
 
Ризик јак богами. Се пали аларм црвено светло и се трудиш да не го размуабетиш, реплицираш строго со “да, да“ и бараш начин да киднеш до тоалет. Тоа е покултурната варијанта, а попаметно е да му кажеш. :jaj:
A овој (во потешки случаи) ти се приближува со исто темпо како што се одалечуваш и продолжува да тушира... :S
 
Многу непријатна ситуација, за среќа не сум доаѓала во контакт многу често со такви луѓе и не знам како би постапила. Веројатно би ми било непријатно да му кажам затоа што не го познавам и не знам како ќе ја прифати искреноста, но би одговарала лаконски и би барала можност да се тргнам од него или барем да бидам подалеку додека разговараме. :pos:
 
хахаха грозно:vozbud:си имат понекогаш такви луѓе дури и случајно им се дешава некогаш...професорот по историја во гимназијата...ретко се случува ама...:pos::pos:
 
Under my umbrella ella ella ee.. шала
Пред 2 години знам јас плукав (но не многу) носев протеза јбг.Не ми беше многу убаво кога некој ќе ми кажеше не пљуи бе , али не си го ставав многу на акл :pos: Сега не , не пљуам , а ако би дошол во ситуација (што мн. ретко се дешава/не се дешава) нема да му кажам нешто туку би се обидел да се одалечам малку , е сега ако некој стварно многу плука..би му рекол нешто. ^.^ А да и не верувам дека тој што плука се чувстува убаво додека го знае тоа.
 
Не, не мислам на чадорче за дожд, туку темава е посветена на сите оние од кои ни треба чадорче за да се заштитиме од сочните плуканици кои невино летаат кон нас во воздухот кога некои со навика на тој начин да се ослободат од вишокот течност ни зборуваат од метро-две...

Што мислите за тоа, не верувам дека некој не се нашол во таква ситуација, што да се стори, што ако "туширачот" е некој претпоставен и не може едноставно брзо да се изреагира и да се забришете макар и ако нешто завршило во окото или да му кажете да внимава?
Ова е навистина непријатна ситуација...и грозна:vozbud:
Најмногу од што може да ми се згади до повраќање е плукање:vozbud: сум се нашла нормално во вакви ситуации,,и стварно ми е непријатно ама не опоменувам,,срам ми е и глупо ми е..Но не мора да значи дека е од навика,, знам дека може да им се случи ако имаат дијастеми на забите
 
Во основно имав наставничка по историја што многу плукаше, а ко за баксуз седев на прва клупа и тоа само на историја, последен час, дома си одев истуширана.:pos2:
 
Хахаха ме потсетивте на еден момент. Зборим со една другарка и таа одеднаш ка ме р'кна у фаца и онака ја престанав да зборим и ја зјапав и фативме да се смееме :pos:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom