Се почесто се среќавам со особи кои осеќаат сатисфакција кога понижуваат/апла лажат/манипулираат/прават мајмуни од другите, обично пред "публика", односно осеќаат задоволство кога некој "такваат" у здрав мозок.
Што од недостатокот на самодоверба, што од желба за внимание, што од досада, си одбираат рандом "жртви" и решаваат да се изживуваат со нив преку ефтин сарказам, отворено ругање, маалски финти и сл. А, за возврат, очекуваат тапшање од околината, затоа што успеале да направат будала од некого.
Дури и кога ќе се освестиш дека те дриблаат, и ќе им го ставиш тоа суптилно до знаење, тие продолжуваат, и се убедени дека гадно те заебале(иако, они испаѓаат за жалење со прозирната им игра, али ај).
Дали сте биле жртва на вакви ситни садисти? Или пак можеби вие сте еден од нив?
Како се ослободувате од нив? Им возвраќате со иста мерка, се повлекувате, или ги игнорирате?Има ли лек против таквите?
And so on...:brm brm: